Дали премолчувањето е лажење?

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Пред некој ден на форумов прочитав едно мислење што идеше отприлика вака:
Јас не лажам, едноставно ако ме прашаат ќе премолчам, ама нема да излажам.
Според вас, дали премолчувањето или некажување нешто припаѓа во лажење и неискреност или премолчувањето сепак не може да биде лажење, затоа што сепак не кажуваш ништо погрешно?

Вие? Премолчувате ли кога нешто не ви одговара, искрени сте или сепак смислувате некоја лага?

И кога некој ќе ви премолчи нешто, а дознаете, лути сте како да ви кажал некоја лага или не го сметате тоа за ништо страшно?
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Според вас дали премолчувањето или не кажување нешто припаѓа во лажење и неискреност или премолчувањето сепак не може да биде лажење, затоа што сепак не кажуваш ништо погрешно?

Вие? Премолчувате ли кога нешто не ви одговара, искрени сте или сепак смислувате некоја лага?

И кога некој ќе ви премолчи нешто, а дознаете, лути сте како да ви кажал некоја лага или не го сметате тоа за ништо страшно?
Премолчувањето не е лажење. За да излажеш треба да кажеш нешто. Скоро никогаш не премолчувам затоа што сакам работите да си бидат на чисто. А додека пак, ако мене некој ми премолчи нешто, многу се нервирам поради недовербата која ја гледа во мене таа личност...
Како и да е НЕКОИ РАБОТИ Е ПОУБАВО ДА ОСТАНАТ НЕКАЖАНИ
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Според вас дали премолчувањето или не кажување нешто припаѓа во лажење и неискреност или премолчувањето сепак не може да биде лажење, затоа што сепак не кажуваш ништо погрешно?

Вие? Премолчувате ли кога нешто не ви одговара, искрени сте или сепак смислувате некоја лага?

И кога некој ќе ви премолчи нешто, а дознаете, лути сте како да ви кажал некоја лага или не го сметате тоа за ништо страшно?
Па ако ти го прашаш љубениот дали се кљафтал (копирајт Анастазија) со некоја а тој ќути и го сврти погледот надолу тогаш ти ќе знаеш дека тој се кљафтал иако не ти рекол ни да ни не...

Сеа ти ова мојш како сакаш да го класифицираш :toe:
 
Член од
27 јануари 2007
Мислења
2.504
Поени од реакции
72
Не го сметам премолчувањето за лажење затоа што и всушност не си кажал нешто што е поинакво од вистината, од тоа што се случило.

За мене, јас гледам да сум начисто со сите, и откога премолчив нешто на драга личност од страв да не ја повреди таа информација, поради што и ја загубив, зборувам искрено и отворено за тоа што се случува. А инаку, подеднакво ме лутат и болат и лага и преќутена работа која ми била важна.
 

Sally

Paranoid android
Член од
22 август 2008
Мислења
1.279
Поени од реакции
170
о
Според вас дали премолчувањето или не кажување нешто припаѓа во лажење и неискреност или премолчувањето сепак не може да биде лажење, затоа што сепак не кажуваш ништо погрешно?

Вие? Премолчувате ли кога нешто не ви одговара, искрени сте или сепак смислувате некоја лага?

И кога некој ќе ви премолчи нешто, а дознаете, лути сте како да ви кажал некоја лага или не го сметате тоа за ништо страшно?

Некогаш, можеби е подобро да се премолчат некои работи, да не се дознаат. Ама сепак мислам, вистината е секогаш најдобра, без оглед на се, бидејќи, кога-тогаш, се излегува на виделина.
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Лажење е не кажување на вистината. Значи наместо да ти кажам искрено дека сум била излезена, сум запознала некој си дечко и сум си поминала топ.. јас ќе те излажам дека сум била дома и сум гледала филм.

Премолчувањето не е лажење. Не можам дури ни да го класифицирам како некој под вид на таканаречената бела лага, зошто премолчувањето е само тоа, премолчување.
 
С

Сатори

Гостин
Според вас дали премолчувањето или не кажување нешто припаѓа во лажење и неискреност или премолчувањето сепак не може да биде лажење, затоа што сепак не кажуваш ништо погрешно?
Вие? Премолчувате ли кога нешто не ви одговара, искрени сте или сепак смислувате некоја лага?
И кога некој ќе ви премолчи нешто, а дознаете, лути сте како да ви кажал некоја лага или не го сметате тоа за ништо страшно?
Сметам дека секој има свое лично право да одлучи кои работи ќе ги каже, а кои не, но, ако ги погледнеме работите објективно, тогаш и дечкото што ја изневерува својата девојка не ја лаже, туку само и премолчува дека има секс со некоја друга.
Што значи, не се земаат така лесно тие термини, зависи од тежината на она што ќе се премолчи и дали тоа е поврзано со персоната на која сме одлучиле да не и го кажеме или е само наша, лична битна перцепција, настан, информација.

Подржувам премолчување на своите навистина лични работи, затоа што никој нема право да ги знае освен ако секако ние не одлучиме дека треба да бидат поделени и не, за мене тоа не е лажење, затоа што така живеам 90% од времето, но кога нешто е поврзано со некој и јас знам дека треба да го пренесам, тогаш го класифицирам сепак како еден вид на измама.
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Секогаш премолчувам..
несакам никого да скарам меѓу себе зошто на крај пак ќе испаднам крива. Пред мене многу работи беа кажани и ги премолчувам .
То е во однос на другите личности шо нивна работа си е ако имаат проблем да си го кажат не сум јас некојси фактор да прекажувам едни на други
а и за мене некогаш премолчувам ама пак кон најблиските пак мора то да го кажам кај некој порано, кај некој подоцна мора да кажам важно
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.859
Поени од реакции
50.262
Не е лажење ама го јадеш исто ко за лажење :) :P
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
преомолчувањето не е сепак лажење пошто ти сепак го премолчуваш тоа... нема да го кажеш......
и јас некогаш премолчувам одколку да кажам некоја болна вистина или некоја лага...
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Па ако ти го прашаш љубениот дали се кљафтал (копирајт Анастазија) со некоја а тој ќути и го сврти погледот надолу тогаш ти ќе знаеш дека тој се кљафтал иако не ти рекол ни да ни не...

Сеа ти ова мојш како сакаш да го класифицираш :toe:

А ако не го прашаш а он не ти каже? Тогаш љубениот по дефиниција не лаже (нели ништо не рекол) ама не е искрен (се скљафтал со некоја си).
По моите сфаќања не е лажење ама е исто толку расипано...
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Smetam deka nema potreba od golemo objasnuvanje.

Imo, premolcuvanjeto ne e lazenje...iako znae da bide i dobro i losho.
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Да бидеме реални речиси исто е како лажење премолчувањето. Само што тоа директно не сме го кажале него едноставно го премолчуваме мислејќи дека вистината повеќе ќе боли, со лагата ќе чуствуваме совест, а ако премолчиме нема да се дознае и сите среќни и весели.
Ама знаеме дека не е секогаш така. За некои работи може да се премолчи и да не се каже засекогаш али постојат и работи за кои еднаш/два пати ќе премолчиш и после ќе излажеш или ќе ја кажеш вистината.

Пример ако некој извршил неверство и исто е лажењето и премолчувањето за неверството. Нема никаква разлика.

Сакаш излажи, сакаш премолчи исто е ... вистината не излегува на виделина.
 

Esobar

Македонија над СЕ !
Член од
12 февруари 2008
Мислења
4.895
Поени од реакции
453
па не е лажење некогаш е подобро да си премолчиш:smir:
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
За мене премолчувањето не е лажење. По природа сум искрена и тешко ми е да премолчам , но сметам дека некогаш премолчувањето е поарно отколку кажување на болна вистина.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom