Палиме ритуални огнови.
Се маскираме во овчи кожи. Рогови. Клопотарци...
Носиме храна на гробовите на починатите и наместо да го раздадеме на живите, да каснат за душа на мртвите, ние го оставаме по гробните плочи, да го јадат кучињата.
Иако не се чувствувам како православен, впрочем ниту како христијанин воопшто или муслиман или..., сепак знам оти Исус Пророкот му рекол на оној богатиот на кој ја станал ќерка му од кома дека господ не ги сака даровите и жртвите од крв, дека Тој не бара да се коле јагне, јаре, теле... Ако сакаш да му заблагодариш на Бог, повлечи се во најскришното катче од домот (не вели црква) и моли му се!
За разлика од оваа поука, ние за Ѓурѓовден, св. Симеон, св.... правиме касапење на стоката, се пијанчиме по т.н. народни собори и веруваме во ‘‘светоста‘‘ на ‘‘крстената‘‘ вода, да не речам, веруваме во натприродна моќ на водата!?
А св. Јован немал таква замисла со крштевањата кои ги правел. За него тоа било само официјален ритуал на прифаќање на учењето, а не капење со духот божји. Барем не со таков дух кој православието ни го претставува.