Дали православните христијани се пагани?

Член од
22 февруари 2007
Мислења
75
Поени од реакции
5
Види, тоа што се спомнуваат исти, поточно слични, случки во повеќето блискоисточни религии, може да се сфати и како потврда дека навистина се случиле, зар не?
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
700
Чорбаџи напиша:
Види, тоа што се спомнуваат исти, поточно слични, случки во повеќето блискоисточни религии, може да се сфати и како потврда дека навистина се случиле, зар не?
За потопот - да. Само затоа што има научни докази дека тоа тло е подложно на чести потопи од реките. За остатокот - не. Биле само инспирација и инкорпорирани во еврејски текстови затоа што имало доста Израелци што живееле измеѓу Сумерите, па тие митови си ги присвоиле. Не значи ни дека се десило, туку, како што кажав - еден мит се пренесува од еден до друг народ и личностите малку почнуваат да се разликуваат и имињата се мењаваат. Или пак, некои карактеристики од некоја/и митолошка/и личност/и им се доделува на вистински човек што е пожелно да се претстави како да е нешто повише него ли што вистински е.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
75
Поени од реакции
5
Види шорти, кога ќе навлезеш малце повеќе и во митологија, ќе сфатиш дека и митовите не настанувале така баш безвезе... Всушност, митовите настанувале најчесто од вистински историски случки, или природни (а во тоа време необјасниви) појави... Така да и те како постои можност, не само потопот, туку и другите случки кои ги споделуваат повеќе блискоисточни религии да имаат вистинска историска позадина... Прашањето, единствено останува, колку е веродостојна, и КОЈА е веродостојна...
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
700
E, со тоа се сложувам. Навлезена сум у митовите. Имам студирано книжевност и затоа ја гледам и Библијата како едно литературно дело што како основа има инспирација од други книги и текстови, плус надоврзано со верувањата на тој народ во тоа време.
 
Член од
19 јануари 2006
Мислења
127
Поени од реакции
1
Абе луге ,се гледа јасно дека Христијанството има попримено од Паганизмот, тука нема што да се расправаме.
 
T

trilobite

Гостин
short1 напиша:
E, со тоа се сложувам. Навлезена сум у митовите. Имам студирано книжевност и затоа ја гледам и Библијата како едно литературно дело што како основа има инспирација од други книги и текстови, плус надоврзано со верувањата на тој народ во тоа време.
Книжевноста е област која единствено така може да согледува дела од друга категорија.И не ме чуди што ја гледаш како мит.
Остатокот ти е копрцање што го имам чуено едно 400 пати и се користи како најчест изговор за понатамошно (не)студирање на Библијата.
 
Член од
13 март 2007
Мислења
11
Поени од реакции
0
Па фактот што има и други извори кои ги потврдуваат Библиските случки, баш мислам дека треба да се сфати како аргумент на подршка... а не обратно, зар не?
 
T

trilobite

Гостин
Апсолутно.Ама тоа не им иде у прилог и не се обраќа внимание,туку се бараат секогаш шкакљиви области ко што се Постанок,потоп,непосточеки и безброј пати демантирани недоследности во Библија и сл.
Па и тоа има своја позитивна страна,мислам на гласот на скептиците,тоа само ја зајакнува историчноста и вистинитоста на Библијата преку истажувања во разни области на науката.
 
Член од
13 март 2007
Мислења
11
Поени од реакции
0
Абе за историчноста може до утре да се пишува, ама џабе е кога луѓе повеќе слушаат што ќе им каже некој пропаганден документарец, или роман, отколку на здравиот разум и наука...
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
700
trilobite напиша:
Книжевноста е област која единствено така може да согледува дела од друга категорија.И не ме чуди што ја гледаш како мит.
Остатокот ти е копрцање што го имам чуено едно 400 пати и се користи како најчест изговор за понатамошно (не)студирање на Библијата.
Изговор? Не ми е изговор него ми е избор. Исто би дошло кога ти ми кажа што студираш ја да ти кажев дека тоа ти е изговор за понатамошно негирање на било што друго осим Библијата.
Опрај се.

Графилд напиша:
Па фактот што има и други извори кои ги потврдуваат Библиските случки, баш мислам дека треба да се сфати како аргумент на подршка... а не обратно, зар не?
Зависи за кого како. Исто како што луѓе што се фанатици по НЛО наоѓаат докази за НЛО у Библијата, исто така зависи од индивидуалниот поглед кон религиите како ќе се протумачат сличностите со постари митови и со приказните од Библијата. За тебе и Трилчо тоа е подршка за точноста на Библијата, за некој друг тоа значи дека тие што ја пишувале Библијата се користеле со нив како за инспирација или како морални приказни за да воспостават пример.

To each his/her own.
 
Член од
13 март 2007
Мислења
11
Поени од реакции
0
Пак вие со тоа, секој има своја вистина... Епа не можам во тоа да бидам убеден, па нека дојде и смак света... Значи, или тие историски настани се случиле, или не се случиле, така? Наше е да се обидеме да откриеме дали се случиле или не, така? Епа колку што можеме да знаеме, поткрепа од повеќе независни, дури и спротивставени извори, вообичаено се смета за голема потпора за веродостојноста на информацијата зар не?

Епа зошто овде се оглушувате, само затоа што не ви се бендисува религиската агенда? Ако е фактот вашата цел, ондак... верувај у фактот, не у себе...
 
Што сакам ја да кажам е ова - дека може некои ствари (пример, потопот сигурно се десил без двоумење) се десиле, али не мора да се објаснат на религиски начин, него како природна појава. А за различно гледање кон други позајмени митови - за тоа зборев дека може да биле (по мене) вметнати у Библијата како примери за однесување и понекогаш казна.
 
Necrophilia

Find Prettys Womans from your city for night
Член од
13 август 2006
Мислења
7.633
Поени од реакции
140
да, иако скоро сите религии потекнуваат од паганството али појкето луге шо праат некои обреди што стварно немаат логика се пагански.
пример чукни во дрво, пупупу бла..бла... гррр
 
Член од
13 март 2007
Мислења
11
Поени од реакции
0
Па факт е дека барем во Христијанството, а и во други религии, не е „религиско“ објаснувањето само за натприродните работи, така? Религиско е честопати и за природните работи. Значи, конкретно, Светото Писмо не спори дека потопот се случил преку тоа што денес би го нарекле природна појава... Ама сепак гледа и религиска цел во тоа... Е сеа, дали тоа ќе го прифатиш или не, е друга тема, ама самата историчност на Библијата како книга, не е воопшто под толкав сомнеж како што демек не уверувате...

short1 напиша:
Што сакам ја да кажам е ова - дека може некои ствари (пример, потопот сигурно се десил без двоумење) се десиле, али не мора да се објаснат на религиски начин, него како природна појава. А за различно гледање кон други позајмени митови - за тоа зборев дека може да биле (по мене) вметнати у Библијата како примери за однесување и понекогаш казна.
 
T

trilobite

Гостин
short1 напиша:
Изговор? Не ми е изговор него ми е избор. Исто би дошло кога ти ми кажа што студираш ја да ти кажев дека тоа ти е изговор за понатамошно негирање на било што друго осим Библијата.
Опрај се.
Мал неспоразум.Кога пишав погоре студирање мислев на проучување,изучување,подлабоко навлегување во содржината на оваа книга.Не површно или компаративно,при што логично следат детски заклучоци од типот "кое од каде е препишано".Не мислев да идеш и да упишеш студии,факултет.
Се опраив:helou:
И да не речеш дека сум себичен
повели...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom