Дали постои патување низ времето?

Член од
21 ноември 2008
Мислења
617
Поени од реакции
63
Времето е ништо повеќе од пра-историски продукт на човековата ментална еволуција и способност да ги обележува и сортира промените што го опкружуваат, со цел полесно да ги сфати и разликува истите.
Нормално, до ден денес останало како дел од човековата фантазија и потреба да ја објасни таа појава, да створи реална слика за неа - базирана на човековото умствено дефинирање за тоа - што е реалност, а што не.
И како се друго од таа категорија, и времето гордо е носи етикетата на бесконечност.
Колкав е временскиот простор од една до две секунди?

Сакате да патувате низ "времето" ?

Тргнете со брод од Њујорк према некоја афричко пристаниште кај што живеат уште во племенска заедница, и ето.. патувате во минатото.. Купете повратна, за да осетите обратно.
Конечно да се сложувам со некој бр :vozbud:
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Да се навратам на дискусијата од претходната страна.Smart твоето тврдење дека при поглема прзина телото има поголема маса го прочитав и во „Кратка историја на времето“ од Стивен Хокинг.Кога електроните се движат околу јадрото на атомот или кога се движат низ проводник тие се движат со брзина блиска со таа на светлината.Е сега кога тие се движат со таа брзина зарем не добиваат поголема маса?Електроните имаат маса 1/1876 од таа на протонот.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.489
Поени од реакции
5.194

Точно. Добиваат поголема маса.
Но, на едно тело двојно му се зголемува масата (ако тежи 3 кг, за да тежи 6 кг) само кога ќе достигни брзина поголема од 285 000 км/с. Тоа е многу блиску од брзината на светлината. Потоа со зголемувањето на брзината нагло се зголемува масата.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Во ред.Но да го земеме за пример воздухот.Потоплиот е полесен од поладниот.При помала температура атомите имаат помала внатрешна енергија што значи дека електроните би требало да се движат побавно со што имаат помала маса и поланиот воздух би бил полесен.Зарем не?И што е со честичките неутрино?Тие се движат околу 60 пати побрзо од светлината.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.489
Поени од реакции
5.194
Хокинг: Може да се патува низ времето

Познатиот астрофизичар Стивен Хокинг бил убеден дека човекот може да патува низ времето.
Тој зборувајќи во документарниот филм “Вселената на Стивен Хокинг“ што ќе се емитува следната седмица на каналот “Дискавери“, рекол дека верува дека луѓето можат да патуваат со милиони години во иднината. Потоа повторно можат да се населат на планетата ако откријат дека не е уништена.
Откако човекот ќе изгради вселенски бродови, кои ќе патуваат побрзо од светлината, еден ден на бродот ќе биде еднаков како една година на Земјата. Хокинг го објаснил тоа според теоријата на Ајнштајн, бидејќи времето околу објектот се забавува со неговото се позабрзано движење низ космосот.
Теоријата на славниот астрофизичар може да се однесува само на иднината, патувањето низ минатото не било можно бидејќи го кршело правилото дека причината доаѓа пред последицата. Доколку патувањето назад биде возможно тогаш човекот може да го убие “помладиот во себе“.

Хокинг признал дека бил опседнат со идејата за патување низ времето. Доколку можел да се врати во минатото би ја посетил актерката Мерлин Монро или пак Галилео Галилеј, пренесува “Индекс хр.“.

Нетпрес
 
Член од
31 мај 2010
Мислења
10
Поени од реакции
0
Потребно е големо количество енергија. За да се патува назад треба да надминеш брзината на светлината
 
Х

Ханзо

Гостин
Во ред.Но да го земеме за пример воздухот.Потоплиот е полесен од поладниот.При помала температура атомите имаат помала внатрешна енергија што значи дека електроните би требало да се движат побавно со што имаат помала маса и поланиот воздух би бил полесен.Зарем не?И што е со честичките неутрино?Тие се движат околу 60 пати побрзо од светлината.
Се работи за разликата во број на честици (молекули, не електрони) во даден волумен (кога се движат побрзо има поголем празен простор меѓу нив), какви релативистички брзини, каде забега.
 
krstenik

first things first
Член од
24 август 2009
Мислења
525
Поени од реакции
21
Јас верувам дека е точна теоријата на Ајнштајн, но има некои работи кои ме бунат.

Нa пример: Јас сум на вселенски брод и патувам со брзина приближна на брзина еве да речеме 290 000 км/сек. Исто така си го следам (мерам) моето движење.
Некој друг човек од земјата кој го следи моето движење забележува дека јас се движам со брзина 290 000.
Јас се враќам на земјата по 12 часа (за гледачот од земјата). За тие 12 часа на земјата кај мене поминало 1 час (отприлика зборам, да не пресметувам сеа).
Е сеа, збунката:
Јас за 1 час патувајќи со брзина од 290 000 км/сек, сум поминал 3600*290 000 километри, како што ми пишува на мојот мерач.
Јас за 1 час патувајќи со брзина од 290 000 км/сек, сум поминал 12*3600*290 000 километри, како што му пишува на мерачот на тој на замјата.
Гледано од земјата јас сум поминал 12 пати поголемо растојание, отколку гледано од кај мене од вселенскиот брод. Како, но тоа растојание е исто!
 
Член од
31 мај 2010
Мислења
10
Поени од реакции
0
Само брзината на светлината е еднаква за сите набљудувачи.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
777
еден од 5те дела .. интересно :)
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.489
Поени од реакции
5.194
Јас верувам дека е точна теоријата на Ајнштајн, но има некои работи кои ме бунат.

Нa пример: Јас сум на вселенски брод и патувам со брзина приближна на брзина еве да речеме 290 000 км/сек. Исто така си го следам (мерам) моето движење.
Некој друг човек од земјата кој го следи моето движење забележува дека јас се движам со брзина 290 000.
Јас се враќам на земјата по 12 часа (за гледачот од земјата). За тие 12 часа на земјата кај мене поминало 1 час (отприлика зборам, да не пресметувам сеа).
Е сеа, збунката:
Јас за 1 час патувајќи со брзина од 290 000 км/сек, сум поминал 3600*290 000 километри, како што ми пишува на мојот мерач.
Јас за 1 час патувајќи со брзина од 290 000 км/сек, сум поминал 12*3600*290 000 километри, како што му пишува на мерачот на тој на замјата.
Гледано од земјата јас сум поминал 12 пати поголемо растојание, отколку гледано од кај мене од вселенскиот брод. Како, но тоа растојание е исто!
Добро размислување. :)

Ај да го земиме примерот малку поинаку.

Ти (на пример) треба да поминеш 100 милијарди километри (само како пример) со брзина од 290 000 км/сек.
Постојат мерачи на земјата и во твојот брод.
Тие на Земјата покажуваат дека тоа растојание си го поминал за 12 саати.
Твоите мерачи кажуваат дека тоа растојание си го поминал за 1 саат.

Значи според едните (земјините) мерачи ти си поминал 100 милијарди километри за 12 саати.
Според твоите мерачи ти си поминал 100 милијарди километри за 1 саат.

Изгледа дека тука постои проблем со брзината...

--- надополнето ---

Јасно е, твојот мерач на време работи побавно отколку тие на Земјата, па го мери времето побавно. :)
 
krstenik

first things first
Член од
24 август 2009
Мислења
525
Поени од реакции
21
Добро размислување. :)

Ај да го земиме примерот малку поинаку.

Ти (на пример) треба да поминеш 100 милијарди километри (само како пример) со брзина од 290 000 км/сек.
Постојат мерачи на земјата и во твојот брод.
Тие на Земјата покажуваат дека тоа растојание си го поминал за 12 саати.
Твоите мерачи кажуваат дека тоа растојание си го поминал за 1 саат.

Значи според едните (земјините) мерачи ти си поминал 100 милијарди километри за 12 саати.
Според твоите мерачи ти си поминал 100 милијарди километри за 1 саат.

Изгледа дека тука постои проблем со брзината...

--- надополнето ---

Јасно е, твојот мерач на време работи побавно отколку тие на Земјата, па го мери времето побавно. :)

Болдот: јас поминувам толку киломтри со таа брзина
Но јас поминувам толку километри со 12* таа брзина гледано од кај мене, а тоа е брзина поголема од брзината на светлината, и тоа е збунката. Me сфаќаш?
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.489
Поени од реакции
5.194
Болдот: јас поминувам толку киломтри со таа брзина
Но јас поминувам толку километри со 12* таа брзина гледано од кај мене, а тоа е брзина поголема од брзината на светлината, и тоа е збунката. Me сфаќаш?
ОК, те сфатив уште во првиот пост што сакаш да кажеш.

Проблемот е во мерачот на време кај тебе (во бродот). Тој заради големата брзина покажува различно време од тоа на Земјата. Времето во бродот е забавено, затоа и покажува 1 саат, а на Земјата 12.
Растојанието е исто, брзината е иста, само времето е различно.
Тој што е мерачот на бродот треба да се модифукува...
Инаку испаѓа грешка.
 
krstenik

first things first
Член од
24 август 2009
Мислења
525
Поени од реакции
21
ОК, те сфатив уште во првиот пост што сакаш да кажеш.

Проблемот е во мерачот на време кај тебе (во бродот). Тој заради големата брзина покажува различно време од тоа на Земјата. Времето во бродот е забавено, затоа и покажува 1 саат, а на Земјата 12.
Растојанието е исто, брзината е иста, само времето е различно.
Тој што е мерачот на бродот треба да се модифукува...
Инаку испаѓа грешка.
Ахам.

Значи со оваа финта, јас можам да стигнам каде било во вселената за помалце од еден живот, нели доколку се движам со брзина мн мн блиска на онаа на вселената. (без разлика колку светлосни години е оддалечен тој објект од мене. Така нели?)

ОК, problem solved. :)
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.489
Поени од реакции
5.194
Ахам.

Значи со оваа финта, јас можам да стигнам каде било во вселената за помалце од еден живот, нели доколку се движам со брзина мн мн блиска на онаа на вселената. (без разлика колку светлосни години е оддалечен тој објект од мене. Така нели?)

ОК, problem solved. :)
Чекај малку, ништо не решивме.
Ако времето за мерачот (часовник или сл.) во бродот тече побавно, а ние го коригираме и направиме да течи побрзо (часовникот) тогаш брзината на бродот треба да се смени.

Ова сето со бродот можеби треба да се земе како изолиран систем.... што наверојатно е решение.

Види нов проблем:
Ти доколку патуваш со брзина блиска на светлината ќе поминеш на пример 4 светлосни години за твои 4 години или за 4 години на Земјата?

Јас се бунам овде или ...... ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom