Дали постои оправдан злостор?

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Дали може на било кој начин да се оправда злостор? Дали злосторот како таков може да послужи за повисоки цели?
Под злостор подразбирам нешто што наштетува на друг, а е и казниво со закон.
На пример, дали е опрвдано да се убие човек ако е тоа во самоодбрана?
Од друга страна, помислете колку човечки животи се губат во војна со цел да се освои територија, вреди ли тоа убивање?
Сакам објаснување со вашето мислење. Ако може да се оправда, во какви случаи може, а ако не може, зошто не може?!
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
На пример, дали е опрвдано да се убие човек ако е тоа во самоодбрана?
Ти што викаш ???
Јас викам оправдано е во цитираниот случај, а мислам дека и ти ќе се сложиш со истото.
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
330
Поени од реакции
159
opravdano e ako e vo samoodbrana no od zakonot a od psihata na covekot neznam koj kakva psiha ima toj si znae sto napravil takvo nesto
 

JFK

Член од
9 март 2007
Мислења
966
Поени од реакции
52
Мислам дека 100% постои оправдан злочин. Без разлика дали е во самоодбрана, поддржувам и одмазда..
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Ти што викаш ???
Јас викам оправдано е во цитираниот случај, а мислам дека и ти ќе се сложиш со истото.
Јас лично мислам дека да, ама ни треба правник да ни каже дали се одговара за убиство во самоодбрана, или уствари зависи од случајот.
 

Сапун

. . .
Член од
10 јули 2007
Мислења
1.642
Поени од реакции
4
Мислам дека во самоодбрана е оправдано.
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.046
Поени од реакции
1.175
Дали може на било кој начин да се оправда злостор? Дали злосторот како таков може да послужи за повисоки цели?
Под злостор подразбирам нешто што наштетува на друг, а е и казниво со закон.
На пример, дали е опрвдано да се убие човек ако е тоа во самоодбрана?
Од друга страна, помислете колку човечки животи се губат во војна со цел да се освои територија, вреди ли тоа убивање?
Сакам објаснување со вашето мислење. Ако може да се оправда, во какви случаи може, а ако не може, зошто не може?!
Ви самоодбрана е оправдано, секако доколку немаш друго решение.. А тоа со војните, со цел да се освои територија, или сега во случајов што прават американциве во борбата за нафта не го оправдувам.. Оправдано е доколку го убиеш оној кој тебе те напаѓа, односно доколку со тоа си ја браниш татковината.. но сепак тоа не би било ни злостор..
 
Член од
25 март 2007
Мислења
204
Поени од реакции
14
Ako pod zlostor podrazbirame neshto shto e losho, pogreshno i sl., (premisata e deka zlostorot e kazniv so zakon, neli, i bi trebalo da bide pogreshen), mislam deka zlostorot nikogash ne e opravdan. Moze da bide razbirliv, no ne i opravdan. Ubistvoto vo samoodbrana ne e zlostor. Znaci, na primer, ako ima nekoe 13 godishno devojce koe sekoj den bilo zlostavuvano od tatkoto i ona go ubila nego, spored zakonot toa e zlostor. Jas mozam da ja razberam zoshto go napravila toa i mozam da go razberam zlostorot, no ne i da go opravdam
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Оправдан злостор . .Такво Нешто нема , самоодбраната не е злостор! Тоа е .. Самоодбрана . Иако и тоа е злостор , сепак причината не е злонамерна , туку само за заштита на сопствениот имот или живот.. Затоа Самоодбраната ја оправудвам, а злостор од Х причини или пак злостор од алчност или сличност не !!:.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
611
Поени од реакции
9
Се разбира дека постои! И не е само самоодбраната оправдан злостор. Според мене и одмаздата (ти убиваш некој човек поради тоа што тој ти убил некој близок, но не убиваш негови роднини, како што е случај кај крвната одмазда кај муслиманите) е оправдано убиство.

Znaci, na primer, ako ima nekoe 13 godishno devojce koe sekoj den bilo zlostavuvano od tatkoto i ona go ubila nego, spored zakonot toa e zlostor. Jas mozam da ja razberam zoshto go napravila toa i mozam da go razberam zlostorot, no ne i da go opravdam
Лесно ти е тебе да зборуваш, зашто ти не си тој кој што е злоставуваниот! Прашај го девојчето што се и правел таткото, колку време, како... И после прашај ја дали тоа би го направила повторно ако има шанса, и ако била сериозно злоставувана, сигурен сум дека ќе ти одговори позитивно! И тоа убиство според мене е оправдано.
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Ako pod zlostor podrazbirame neshto shto e losho, pogreshno i sl., (premisata e deka zlostorot e kazniv so zakon, neli, i bi trebalo da bide pogreshen), mislam deka zlostorot nikogash ne e opravdan. Moze da bide razbirliv, no ne i opravdan. Ubistvoto vo samoodbrana ne e zlostor. Znaci, na primer, ako ima nekoe 13 godishno devojce koe sekoj den bilo zlostavuvano od tatkoto i ona go ubila nego, spored zakonot toa e zlostor. Jas mozam da ja razberam zoshto go napravila toa i mozam da go razberam zlostorot, no ne i da go opravdam
Да не изедначуваме `казниво со закон` и `неоправдано`, затоа што ете наведовме примери каде што тоа што е казниво со закон, значи злостор, можеме да го оправдаме во некои случаи. Убиството во самоодбрана Е злостор, се работи за убивање! Но, зависи од околностите дали истиот би го оправдале и разбрале или не.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Мислам дека во самоодбрана е оправдано.
САМООДБРАНА не е злостор!

А за оправдан немА! има еден пример,(за темава дискутиравме на социологија) кога на криминалецот кој украл пари му ги крадеш парите и ги враќаш на сопственикот:)
 

iis

Mraf4i
Член од
12 септември 2007
Мислења
432
Поени од реакции
16
Sve zavisi od mozokot na chovekot, kolku e toj psihichki razvien!
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
Sve zavisi od mozokot na chovekot, kolku e toj psihichki razvien!
И тоа што викаш. Значи јас треба да му судам на мојот 7 годишен брат што во јавност ми истури сок од боровинка на незгодно место намерно. Злостор е нели? Мислам јас го сметам за злостор :) Не сум развиена во мозокот!:nesvest:

Меѓу луѓето народски кажано,постои моралот и т.н оправдан злостор. Во судница нема морал,има само калкулативни луѓе,хартии кои ти мавтаат пред нос и одлучуваат дали за една украдена векна леб ќе окапеш 2 месеци в затвор,и недајбоже фрустриран обвинител затоа што немал секс минатата вечер.
Казниво е се,дури и примерите што ги наведовте погоре се казниви. Никој не го интересира дали некој е гладен,жеден или злоупотребуван. Се гледа само последицата од тоа.
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Дали може на било кој начин да се оправда злостор? Дали злосторот како таков може да послужи за повисоки цели?
Под злостор подразбирам нешто што наштетува на друг, а е и казниво со закон.
На пример, дали е опрвдано да се убие човек ако е тоа во самоодбрана?
Од друга страна, помислете колку човечки животи се губат во војна со цел да се освои територија, вреди ли тоа убивање?
Сакам објаснување со вашето мислење. Ако може да се оправда, во какви случаи може, а ако не може, зошто не може?!
Ќе беше оправдано ако некој го убиеше Хитлер за време на Втората Светска Војна?
Хммм ... не баш!

Секогаш може да се пронајде друг начин, да убиеш друга личност, човек со живот и емоции, тоа ништо на светов не може да го оправда, апсолутно ништо!
Да ја поставам егоистичката страна на проблемот, премногу си ја сакам душата за да ја извалкам со крв!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom