Има некои работи кои се знаат и покрај тоа што тие што не се упатени си имаат поинакво мислење но ги немаат побиено аргументите за кои тие не знаат. Имено се знае дека детерминизам владее со се па и со луѓето и од таму под слободна волја не се мисли којзнае што освен дека понекад можеш да избираш и тоа кога појакиот мотив ќе ги детерминира твоите постапки, можеш да правиш понекад што сакаш но не можеш што не сакаш. После, се знае дека сите феномени се само појави во свеста значи функција на мозокот, дека спознанието подпаѓа под принципот на индивидуалноста дека е парцијално или како кај Беркли објектот претпоставува субјект. После се знае дека неправдата и злурадоста е главна особина на човечката природа дека пријателството трае колку интересот, дека секој умира сам и дека луѓето не можат да се разберат во суштина. Се знае дека она од што зависиме може да се нарече Бог но никако после да го дефинираме него и нашиот однос кон него бидејќи тој е неспознатлив и буквално најапстрактен поим. Се знае дека основата на светот е слепа волја (енергија) то ест се знае кај оние кои знаат.
Исто така се знае дека доминантни вредности на едно време се увек вредностите на владеачката класа дека тие преку индоктринација буквално формираат луѓе со одредени сваќања и дека тие како владеачки прават да глупоста секогаш има главен збор. Се знае дека повеќето луѓе се лоши, шкарт стока што се вика, се знае дека повеќето се идолопоклоници дека главно правило е едно да зборат а друго да прават то ест да го зборат она што не го прават. Се знае дека нема суштински критериум по кој би се обединила човечката раса, се знаат некои работи се разбира за тие што ги знаат, а за оние кои не се знаат тие се разбира не се знаат и за нив не може ништо да се каже.
Значи не е вистината под ова или она име, туку и таму и таму и секаде само треба да се видат увидат заедничките вистини кои се исти под разни имиња на филозофски правци. Се знае дека науката го инструментализира умот за потребите на волјата со исклучок на филозофијата каде целта е самото спознание а не инструментализација на умот.