Дали постои апсолутна вистина?

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Една е апсолутната вистина а таа е составена од збир на сите неразјаснети прашања кои си ги поставуваме, така да тоа што за тебе е апсолутна вистина е само подмножество на крајната дефиниција. Моето мислење е исто така подмножество и кога ќе се соберат сите теории на куп ќе се добие конечното прашање од човечки аспект за тоа што апсолутна вистина? Како што кажа Каран, вистината егзистира и без интелигентниот свет т.е човекот или вонземјаните. Додека пак дефиницијата за апсолутната вистина би го дала одговорот на тоа конечно прашање. Тоа е само моја хипотеза но мислам дека има смисла :)
Сите знаеме дека не постои ни дефиниција која е точна во секој услов, аналогно на тоа, и таа теорија ти одпаѓа.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Може има апсолутна дефиниција, ама таа варира од човек до човек. Што значи дека за мене тоа што сега куцам на компјутер е апсолутна вистина, но не и за тебе. Секој човек има своја различна апсолутна вистина. Тоа што за тебе е апсолутно, не е и за мене. Што автоматски ја прави вистината неапсолутна, односно различна во зависност од аголот од кој ги гледаме работите. А можеби и ја има, не велам не, но додека не излезе на површина (ако ја има), не можам да тврдам дека ја има. :)
Неможе нешто да биде апсолутно за мене, а не и за тебе....тоа едноставно е контрадикција. На пример брзината на светлината е апсолутна, затоа што во сите ситуации и околности е константна - неменлива. Ако нешто варира во однос на нешто друго, тогаш тоа е релативно а не апсолутно.
Апсолутната вистина според ова, мора да биде иста, неменлива и независна во однос на се што постои - без исклучок. Што значи за да се достигне до неа, треба и самиот субјект да ја достигне апсолутната перцепција - да стане едно со таа апсолутна вистина.
За тоа не е доволна само информацијата, туку и искуството со кое ги перцепираме и контемплираме нештата. Човек што се родил слеп, никогаш неможе да ја дознае вистината што е тоа виножито, од проста причина што му е ускратено искуството да гледа, а тоа неможе да се надокнади со информација.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
За тоа не е доволна само информацијата, туку и искуството со кое ги перцепираме и контемплираме нештата. Човек што се родил слеп, никогаш неможе да ја дознае вистината што е тоа виножито, од проста причина што му е ускратено искуството да гледа, а тоа неможе да се надокнади со информација.
Значи невозможно е да се осознае апсолутната вистина, што значи дека не можеме и да ја дефинираме.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Значи невозможно е да се осознае апсолутната вистина, што значи дека не можеме и да ја дефинираме.
Да, според мене на човечко ниво на разбирање и осознавање не е можно.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
For greater good-that's the reason.
Стварно? :)
Таа е рационализацијата?
Гледам индијанцине на пример како се среќни и радосни државата што допре до нив. Уживаат во животот како никогаш до сега. Мирно си спијат меѓу другото, има војска и полиција да ги чува.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Постои апсолутна вистина но ние луѓето не ја знаеме. Доколку не би постоела тогаш ни животот не би постоел - лагата е човечки производ а вистината (реалноста) е севременска но апсолутната вистина (смислата на животот) можеби никогаш нема да ја дознаеме.
Зар си толку усмерен да мислиш дека апсолутната вистина не е ич релативна? Зар може сите да делиме иста цел?
 
B

Black Guard

Гостин
Стварно? :)
Таа е рационализацијата?
Да.

Гледам индијанцине на пример како се среќни и радосни државата што допре до нив. Уживаат во животот како никогаш до сега. Мирно си спијат меѓу другото, има војска и полиција да ги чува.
Како и многу нешта така и државата еволуира,гледај на индијанците(и многу други) како на сајд ефект,како една негатива на постоењето на државата и имај предвид САД пред 150 години и денешниов не се исти впрочем ова важи за сите држави.
 

Mama.

уметник
Член од
23 јули 2011
Мислења
524
Поени од реакции
326
dali vistinata kako poim e navistina vistina?
shto e vistina? koj odreduva shto e vistina a shto ne? dali za edno konkretno neshto moze da postojat poveke vistini ili sepak e samo edna, koja e skriena nekade pozadi nashite gledishta...
dali nie lugeto sme ja izmislile vistinata so cel da mu dademe pogolemo znacenje na nasheto postoenje... sme izmislile granka na koja mozeme da se drzime, nadevajki se deka e vistinskata i deka e pocvrsta od ostantite... taka bi se izdvoile od site drugi koi "greshat"... taka bi se iskacile na vrvot...
no sho moze da znae eden poteg na cetkata za izgledot na golemata slika, shto moze da znae eden zbor za znacenjeto na celiot tekst
shto moze da znae edn konec, za ubavinata na tkeninata vo koja e vpleten...
shto mozeme da znaeme nie za apsolutnata vistina, za golemata slika od koja sme del i koja sami ja socinuvame... nevozmozno od covecka perspektiva
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Има некои работи кои се знаат и покрај тоа што тие што не се упатени си имаат поинакво мислење но ги немаат побиено аргументите за кои тие не знаат. Имено се знае дека детерминизам владее со се па и со луѓето и од таму под слободна волја не се мисли којзнае што освен дека понекад можеш да избираш и тоа кога појакиот мотив ќе ги детерминира твоите постапки, можеш да правиш понекад што сакаш но не можеш што не сакаш. После, се знае дека сите феномени се само појави во свеста значи функција на мозокот, дека спознанието подпаѓа под принципот на индивидуалноста дека е парцијално или како кај Беркли објектот претпоставува субјект. После се знае дека неправдата и злурадоста е главна особина на човечката природа дека пријателството трае колку интересот, дека секој умира сам и дека луѓето не можат да се разберат во суштина. Се знае дека она од што зависиме може да се нарече Бог но никако после да го дефинираме него и нашиот однос кон него бидејќи тој е неспознатлив и буквално најапстрактен поим. Се знае дека основата на светот е слепа волја (енергија) то ест се знае кај оние кои знаат.
Исто така се знае дека доминантни вредности на едно време се увек вредностите на владеачката класа дека тие преку индоктринација буквално формираат луѓе со одредени сваќања и дека тие како владеачки прават да глупоста секогаш има главен збор. Се знае дека повеќето луѓе се лоши, шкарт стока што се вика, се знае дека повеќето се идолопоклоници дека главно правило е едно да зборат а друго да прават то ест да го зборат она што не го прават. Се знае дека нема суштински критериум по кој би се обединила човечката раса, се знаат некои работи се разбира за тие што ги знаат, а за оние кои не се знаат тие се разбира не се знаат и за нив не може ништо да се каже.
Значи не е вистината под ова или она име, туку и таму и таму и секаде само треба да се видат увидат заедничките вистини кои се исти под разни имиња на филозофски правци. Се знае дека науката го инструментализира умот за потребите на волјата со исклучок на филозофијата каде целта е самото спознание а не инструментализација на умот.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Да.
Како и многу нешта така и државата еволуира,гледај на индијанците(и многу други) како на сајд ефект,како една негатива на постоењето на државата и имај предвид САД пред 150 години и денешниов не се исти впрочем ова важи за сите држави.
Да те прашам нешто, ама искрено одговори ми.
Хипотетички земаме една ситуација.
Еве ќе земеме дека постои реинкарнација.
Ти се некој фармер за време на колективизацијата да речеме 48. Ти доаѓа државата и ти и твоите деца станувате сајд ефект, умирате за храна, државата ти ја собира целата храна. Се раѓаш пак, татко ти е искодошен дека е шпиун.....мал си умирате за леб со мајка ти. Се раѓаш пак, лут ама не баш многу, не си изгубил многу само 5 деца да речеме во предпредходниот живот и си бил мал, не си разбирал многу во предходниот. Се раѓаш негде у шутка. Татко ти нема пари и мораш да крадеш за да преживеете, те фаќат џандари и ти одлепуваат бубрези. Умираш и пак се раѓаш.
Не си пак многу лут, мора сајд ефектите да се истрпат нели?
За доброто за сите, нели?

Ахххх што прави дарвинизмот со луѓето....кај ти е таа љубов спрема живиот свет што се посра со нејзе?
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.399
Поени од реакции
4.769
Само таа длабоко во нас...таа што не плаши до смрт...;)
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Секој што тврди дека не постои апсолутна вистина ја негира науката, физиката и математиката. А секој дневно ги употребува и користи. Побивањето на теориите на Ајншајт, Њутн, Тесла,Галилео Галилеј......и др., е апсурдно.
Апсолутна вистина е дека постои гравитација.
Апсолутна вистина е теоријата за релативност.
Апсолутна вистина е теоријата за масно-енергетска еквиваленција.
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.399
Поени од реакции
4.769
Не она што сме научиле,нити она што сакаме да бидеме...само оно што сме,

....кога ќе си легнеш....пред спиење:)
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Не она што сме научиле,нити она што сакаме да бидеме...само оно што сме,

....кога ќе си легнеш....пред спиење:)
Како може да те плажи нешто што ни сам не го знаеш? :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ___

Kajgana Shop

На врв Bottom