Различни типови на девојки сакаат различни типови на поклони. Најчесто девојките себе си не се познаваат или барем не признаваат дека припаѓаат на една од групите. Редовно, сите ќе кажат дека “можат и без поклони“. Вистината е дека постојат оние кои слепо (или не слепо сеедно) се заљубуваат во момче па тогаш не ги интересира ни поклон ни бутур, само неговото присуство, постојат оние кои сакаат поклони кои се интересни и грижливо одбрани, но никако не влијаат на одлуката за остварување врска или љубов, и на крајот постои групата во која “ниту една не припаѓа“, онаа која се заснова на материјални добра.
Оваа група е најлесно впечатлива, прво по стилот на облекување и омиленото место за излегување и не ме интересира дали е тоа глупава генерализација, не-материјалистка никогаш нема да ја видиш во Картел со имагинарен price tag на нејзината мини сукњичка. Картел на страна, но 90% од женската популација припаѓа на оваа група, или се обидува да влезе во оваа група што веројатно е нормално, бидејќи тоа е процентот на просечност на луѓето во едно општество. Статистиката. Нормално и во оваа група имате етикета курвичка, курва и курвиште. Последните најчесто си признаваат дека ги интересираат пари и поклони па дури и фер се, а најчеста е категоријата курвичка, то ест девојките кои се “светици“ ама ако што поскап е поклонот тоа повреден си за неа.
Не е тоа страшно, така стојат работите, битно е да знаеш што сакаш и што да очекуваш од нив и покрај тоа што и тие самите не се свесни за тоа. Сите мажи се благи сељаци кои тежнеат кон пуштање стомак и ждригање пред телевизор, како што сите девојки се курви кои тежнеат кон паразитско цицање на финансиите на нивниот сопруг/маж/партнер.