Дали несреќните луѓе се злобни?

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
Искрено, без навреда, првпат слушам за оваа реченица пошто несреќен си е несреќен, а злобен е злобен, логички.
Несреќен може да е секој во одреден момент или постојано, зависно од причината поради која е несреќен. Доколку добие слаба оценка (општи примери), доколку девојката/момчето го напуштило, изгубил доста пари на...и слични примери се за привремено несреќни лица.
За загуба на некој мил, за живот во мизерија, за живот на самотник без љубов и пријатели...тоа се веќе лица чија несреќа е веќе подолготрајна...барем јас така ги гледам овие работи. Несреќно лице, колку малку му треба за да е среќно, еден збор муабет, еден добар пријател, љубов...макар мало надополнување на онаа работа која ја изгубил пред да стане несреќен човек.

А злобата зависи од човекот, или е злобен или не е. Но и оној што не е понекогаш сака некому да нанесе злоба, но за овие лица не би рекол пак дека се злобни, но осветољубиви. Во смисол -злобна личност, тоа е многу повеќе од злобна освета.
Затоа заклучувам дека несреќата на одредени особи не е во некоја релација со нивната можна злоба, а од друга страна и многу среќно лице може да е многу злобно, така да...

Убаво разграничено, само додека ти го читав постот се прашав дали може подолготрајното чувство на несреќа да доведе до појава на злоба? Се` она што се таложи со години, фрустрации од туѓата среќа (релативна работа за секого) и сл. чувства мора некако да испловат како не би довеле до лудило.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.890
Поени од реакции
12.425
само додека ти го читав постот
Хаха, јас едвај си го разбрав постот... некогаш пишувам многу расеано и во круг :tapp: :wink:

дали може подолготрајното чувство на несреќа да доведе до појава на злоба? Се` она што се таложи со години, фрустрации од туѓата среќа (релативна работа за секого) и сл. чувства мора некако да испловат како не би довеле до лудило.
Можеби, но пак би зависело од личноста, снагата на духот.
Ако прашањето е дали со тек на време сите му се виновни за несреќата...мислам дека злобно лице и да не е несреќно ќе најде повод за обвинување и пројава на својата пакост кон другите.
Пак велам, зависи од што би биле несреќни тие лица-причината за несреќниот живот, дали е моментална состојба или трае подолго-дали е несреќен живот или момент. И секако, дали несреќата е само во нивните глави (на психичка основа-во смисол секогаш ми е најтешко, секогаш најмногу проблеми имам...такви особи) или навистина се несреќни. Многу фактори има, но во глобала немам забележано злоба кај тие лица, иако животот не ги галел, иако изгубиле нешто многу мило...добри души се тие.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.035
Не може да се генерализира но постои како појава...
Многу е човечки и нормално, колку да звучи парадоксално... Човек со хендикеп потсветно си вели: „Зошто јас? Зошто е подобар од мене“ ...
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.703
Поени од реакции
34.244
- а како ке ги објасниш срекните злобници ?
Импрегрирана карактеристика од раѓање? Да си среќен и злобен, сигурно некаков друг фактор влијаело на тоа, така си воспитуван, генетски наследно, шотијасзнам. Не сум компетентен да дефинирам. Зборевме кога се појавува злобата кај некој (ако не е злобен in a first place) и нормално да не е глупа генерализација напишав: во поголем процент.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
- несреќата е само времена состојба која ги нагласува или потиснува генетските предиспозиции . но не може да се каже дека е основен фактор за нивното појавување.
- постои стереотипно верување од видот : се пропил поради некоја несреќа , глупост невидена , без генетска предиспозиција не се станува алкохоличар.
- но во едно сте прави , несреќата е понекогаш иницијатор на одредени појави и би можело да се каже дека , ако не би била таа , генетски вродената злоба или алкохолизам не би се појавиле никогаш.
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.966
Поени од реакции
23.142
Не никако..Несреќниот човек не е злобен..И незнам од каде таа идеја дека е злобен..:toe:
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Ете површна релација шо случајно е точна. Несреќен човек (склоп од негативности, фрустрации, недостиг на волја и мотивација) е позлобен одошто во неговата `среќна` варијанта. Ова, во таа смисла дека од негативни чувства во себе или кон себе како може да се роди љубов или позитивна мисла спрема `ближниот`. Тоа е исто како онаа релација која папагалски си ја повторуваме `ако не се сакаш себеси, како ќе можат другите да те сакаат, следсвено како можеш ти нив да ги сакаш`. По која основа сакаш?
Ете, несреќниот според мене има поголема шанса/потенцијал за злоба од среќниот/задоволниот како таков ако ги изземам оние кои несебично помагаат и се грижат безусловно за другите и покрај својата несреќа ама такви ги има ли денес?
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
А пали ли обратно? Дали злобните луѓе се несреќни?

И пак истиот муабет само во обратна насока.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.890
Поени од реакции
12.425
Мислиш на материјална беда? Доколку е духовна беда, зарем злобата не е знак на духовен пад и на човек без душа.
 

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.387
Среќниот може да изреагира многу по злобно од бедниот колку да си ја задржи среќата. Мада си нема врска тоа дали бедниот е лошко или оној другиот.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Јас повеќе би рекла дека злобните луѓе се несреќни, а не обратно. Може да се случи да има несреќен човек, но тој сето тоа да го таложи во себе и со своите постапки да не повредува никој намерно и да не им пакости на другите, за разлика од злобните луѓе, кои според мене, всушност и не се толку злобни колку што се несреќни и мизерни затоа што мораат да им наштетуваат на другите од страв да погледнат во себе и во својот живот. И за да се отргнат од својата мизерија прават злобни работи. И имам јас и друга теорија за злобните луѓе, ама со тоа ќе забегам во друга тема, така да само ќе се задржам на ова прашање.
Значи едноставно мојата теза е дека не се несреќните луѓе злобни, туку злобните луѓе се несреќни. :wink:
 
Член од
16 октомври 2009
Мислења
593
Поени од реакции
28
Па некој дел од луѓето може да преминат во таа фаза на злоба.Тоа би се десило кога би немале апсолутна среќа со ништо и тоа што со тек на време се таложи и се збира еден ден ќе пукне и им се здосадува бидејќи се повредени и почнуваат да се стремат на злобата и да уништуваат туѓа среќа.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Среќниот може да изреагира многу по злобно од бедниот колку да си ја задржи среќата. Мада си нема врска тоа дали бедниот е лошко или оној другиот.
Се сложувам, само би рекол дека тој што е вистински среќен никако не е лош бидејќи среќата е состојба на умот а не задоволство од други причини во кои спаѓаат овие кои што ги нарекуваш среќни, но поентата ти е на место.
И со тебе Крејзи Лав :) и Терминатор, на таква мака се гледа човекот каков е.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom