Дали несреќните луѓе се злобни?

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Често пати се случува да кажеме или слушнеме дека несреќните луѓе се злобни луѓе, па ајде да се потрудиме преку дискусија, со свои или туѓи искуства, да утврдиме дали тоа навистина е така.

За полесна анализа, пробајте прво да дефинирате несреќен, потоа злобен човек, па да заклучите дали има некаква логична поврзаност помеѓу тие две состојби. Јасно ми е дека не секоја ситуација за секого е несреќна или злобна, па затоа ме интересира кој како размислува во врска со тоа. Колку повеќе дефиниции - толку поинтересно.:vozbud:
Покрај тоа, размислете какви сте вие кога сте несреќни. Дали со луѓето се однесувате исто или полошо од претходно и зошто мислите дека е тоа така или така. Ако сте злобни, дали тоа ви помага полесно да се носите со својата несреќа или се чувствувате уште полошо? Тоа го прашувам затоа што е првата логична работа која јас можам да ја поврзам и која се надевам нема да е единствена.
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Познавам многу кои се останати буквално без корка леб, познавам некој кој едноставно ништо не му оди од рака во својот живот и искрено нема подобри од нив. Тие се толку несреќни тажни, ништо не му оди од рака како што треба но се даваат за да му помогнат на пријателот.
Не би рекол дека се злобни, мислам не сите.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Не би рекол дека е правило да несреќните луѓе се и злобни.
Еве на пример јас сум среќен но сепак сум злобен.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Да почнам со дефинициите...

Несреќен човек - човек кого среќата не го напуштила туку малку се потскрила подлабоко во него. Човек кој разочаран од тоа заборава дека среќата и убавината на животот се само во него и никаде на друго место.

Злобен човек - човек кој е западнат во заблуда дека за него животот е само погазување на другите обидувајќи се да ја најде среќата за да се задоволи себеси. Поточно, злобен човек е несреќен човек кој заборавил како е да се биде човечен од страв дека може да пропадне.

Кога јас сум несреќен често знам да се депресирам, но секогаш сум свесен дека ако не денес, тогаш утре среќата повоторно ќе ми се насмее затоа што знам дека јас ја правам неа, а не таа мене.

Е сега, дали несреќните се злобни ќе одговорам со мојата лична дефиниција за злобни луѓе која ја кажав и погоре.
Злобни се само оние “несреќници“ кои задоволството не го гледаат во тоа да ја пронајдат внатрешната (сопствена) среќа, туку во уништувањето на туѓата. На некој начин тие се здобиваат со една привидна слика на среќа која е комбинација од туѓите несреќи. Сепак, на крај остануваат потполно не задоволни и запаѓаат сè повеќе во дупката на злобата која на крај потполно ќе ги уништи.
 
Член од
27 јануари 2009
Мислења
1.044
Поени од реакции
40
Мислам дека несреќата и злобата не се поврзани. Злобниот човек е среќен кога кога прави злобни дела :baeh: . Сепак се е индивидуално некого несреќата го тера на злоба зошто мисли дека другите се виновни за неговата несреќа, некого несреќата го тера да ги прави луѓето околу него среќни зошто знае како е да си несреќен ...
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Несреќата ретко доаѓа сама. Ја следат цел куп лоши особини и понекогаш една од нив е злобата. Ако мислиме дека некој ни е крив за срањата во кои сме нагазиле, ете причина да се озлобиме:devil2:. На некои им е крив Господ, на некои мама и тато, а на други цел свет.
Ама се некако ми се чини дека злобните несреќници си биле (по малку) злобни и пред тоа, дека новонастанатата состојба (несреќата) само ја потенцира оваа карактерна црта.
Сепак зависи од личноста.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Несреќниот е лош према себеси пред се. Често му посакуваат крај на светот и човештвото а од друга страна најмногу знаат да се борат за нив. То ест за себе.
ОК, лично. :)
 

golem brat

dojdov vidov pobediv
Член од
23 февруари 2009
Мислења
417
Поени од реакции
20
postojat luge koi se srekni na tuga nesreka, dokolku ne im odi po zelba i volja togas tie taguvaat. dodeka pa nekoi se raduvaat vo zivotot i vo ubavinite na boga, drugi go obvinuvaat zivotot i se pred sebe deka tie im se pricina za nivnata nesreka
 
Член од
6 октомври 2009
Мислења
11
Поени од реакции
0
sepak msilam deka nesrekjata i zlobata ne se povrzani ... kako pojmovi ne se razlichni mnogu eden od drug ...
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.703
Поени од реакции
34.244
sepak msilam deka nesrekjata i zlobata ne se povrzani ... kako pojmovi ne se razlichni mnogu eden od drug ...
Се поврзани. Злобата (во поголем процент) се раѓа кога си несреќен, мизерен, завидлив, еtc.
 
M

M del Mar

Гостин
Кога си несреќен во пакет доаѓа и завидливоста (се поставува прашањето:зашто другите можат да се среќни, а јас не) и од неа произлегува злобота,но не кај секој човек,секако!
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Zoo

login.php

404 Error on index.php
Член од
5 јуни 2009
Мислења
696
Поени од реакции
28
Немора да значе дека сите несреќни луѓе ке чуствуваат завидливост и ке бидат злобни може да бидат малце злобни само за време на несреќата а потоа се ке си дојде во нормален вид . Тие кои заради несерќата имале злоба и нормално е секој кога му се случе нешто лошо да чуствува злоба ама не против некој друг туку само ке бидат нервозни, а сите ке мислат злобни се.
Со ова сакам да кажам ако на некој му се случе несреќа треба да му се помогне а не како што е кај нас во македонија сите да се исмејуваат.
Доколку му се помогне сигурно ке ја надмине нервозата...
А иначе злобните луѓе кои со својата злоба се способни на поголеми работи пример да извршат убиство на некој или сл..од злоба веќе тие се друг вид на луѓе кај кои не е ни битно дали му се случило некоја несреќа или не
и има многу голема разлика меѓу злоба и нервоза а поќетоги мешаат тие работи.
јас вака мислам
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.890
Поени од реакции
12.425
Често пати се случува да кажеме или слушнеме дека несреќните луѓе се злобни луѓе, па ајде да се потрудиме преку дискусија, со свои или туѓи искуства, да утврдиме дали тоа навистина е така.
Искрено, без навреда, првпат слушам за оваа реченица пошто несреќен си е несреќен, а злобен е злобен, логички.
Несреќен може да е секој во одреден момент или постојано, зависно од причината поради која е несреќен. Доколку добие слаба оценка (општи примери), доколку девојката/момчето го напуштило, изгубил доста пари на...и слични примери се за привремено несреќни лица.
За загуба на некој мил, за живот во мизерија, за живот на самотник без љубов и пријатели...тоа се веќе лица чија несреќа е веќе подолготрајна...барем јас така ги гледам овие работи. Несреќно лице, колку малку му треба за да е среќно, еден збор муабет, еден добар пријател, љубов...макар мало надополнување на онаа работа која ја изгубил пред да стане несреќен човек.

А злобата зависи од човекот, или е злобен или не е. Но и оној што не е понекогаш сака некому да нанесе злоба, но за овие лица не би рекол пак дека се злобни, но осветољубиви. Во смисол -злобна личност, тоа е многу повеќе од злобна освета.
Затоа заклучувам дека несреќата на одредени особи не е во некоја релација со нивната можна злоба, а од друга страна и многу среќно лице може да е многу злобно, така да...
 

delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
Неточно.
Несреќен човек си е несреќен.
Злобниот си остаува злобен.

Дури и несреќниот човек може многу повеќе да ти помогне,за разлика од другите,зошто искусил на своја кожа.

А злобниците...ништо не ги менува,ниту среќа,ниту несреќа.
Во душата секогаш ке им стои злобата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom