Ајде во претходниот пост пробав да се изразам покултурно ама во овој ќе ги поедноставам работите, жените даваат или не даваат зашто им се може, една од многуте манипулативни техники на жената е токму тоа ускратување на сексот, а тука е и природата крива, жените се создадени со помал секс драјв од мажите така што можат да си приуштат и да прибираат од кандидатите, let the best man win
Жал ми е кога ќе прочитам вакво нешто од девојка. Ускратување на секс манипулативна техника??? Ако сексот го практикуваме со некој што го сакаме, како тоа него го манипулираме со ускратување? Значи ли тоа дека не го сакаме чинот подеднакво? Ако е така, да, таквите девојки даваат. Ако не е така, нели и сами си ускратуваме нешто убаво? Манипулирање бре ... како некогаш не ми се згрешило да го направам тоа и да видам дали воопшто има некој посебен ефект или чувство. Значи страшно ме изиритира постов, ништо лично.
Ако не им бараш ќе те напраат педер, смотан, папучар или не знам каков а ако им побараш веднаш ќе ти кажат дека си манијак, пичкопат а не дека не сакаат да ти дадат туку целата поента е во она: Не сум јас лесна девојка!:smir:
Нема жена што не дава туку има мажи кои не знаат да си побараат...
Што да бараш или не бараш? Ситно, јадење или кафе? Сексот колку што знам јас е нешто што се случува без муабет, во даден момент во кој две лица истото го посакуваат. Што трагедии правите вие од тоа, да се крсти човек. Туку да, ако е за барање работава, секако си во право дека ќе испаднеш таков или ваков, во првиот или вториот случај.
Да ви кажам едно нешто и да го запомтите:НЕМА ЖЕНСКО ШТО НЕ ДАВА, ИМА МАШКО ШТО НЕЗНАЕ ДА СИ ПОБАРА!!!
Муабетов ве бодри или? Често се повторува на темава, па чудно ми паѓа. Иначе повеќе би одговарало да е вака ... жените и мажите што го користат тој збор, срамејќи се да изговорат нешто посоодветно, ниту бараат, ниту даваат, ниту имаат некогаш секс, затоа што нели, појма немаат како треба да изгледа тој.
Од кога сексот стана постигнивање од страна на мажот, а добродушност и „ај ќе се смилувам вечер“ од страна на женското?!
Кога престана да биде обострано уживање?
Јас би рекла кога ќе престане да е така и да почне да биде обострано уживање.
Еленот и човекот имаат подруг пристап на давањето и земањето, ние луѓето прво даваме а потоа вие ни давате...
Сликата кажува како се дава од наша страна а како вие давате нема да ставам слика бидејќи тоа веќе е порнографија :helou:
Не би да звучам дрско, ама кога маж спомнува пари, како одговор на било кое прашање за секс, мислам дека е напатен човек, кој од премногу порази во животов почнал да верува дека парите се криви што не е*е. Ништо лично, бидејќи се однесува на сите кои некогаш ова го спомнале, а го мислеле сериозно. Кој ќе се пронајде во муабетов, па и нека се навреди, тоа е.
А на темава поконкретно да си кажам, тоа што мислам го имам напишано неколку пати на форумов. Ако некогаш може да се помисли на зборот
давање, јас го сфаќам сосем обратно. Мажот е тој кој дава нешто, во толку преценетиот женски орган. Затоа и ако барате, помислете дали можеби не го грешите терминот. И вие жени кои давате, помислете што тоа давате. Дупка баш и не се дава, да бидам ете крајно непристојна:pos2: Мене поради тоа ми е смешен и пренелогичен, спорниот термин околу кој се дозборевте.