Дали навистина времето ги лечи или ги продлабочува раните?

Член од
11 февруари 2008
Мислења
173
Поени од реакции
17
Апсолутно не. Тоа дека времето лечи се е само фраза со која луѓето се подлажуваат иако знаат дека не е така. Прво зависи се од тоа колку сме затрескани во таа личност, може извесно време да не ја гледаме таа личност и да си речеме абе ја сосема заборавив на неа/него, но во моментот кога повторно ќе ја видиме да ни се врата сите чуства и што потоа ништо само ни е потешко сме се лажеле дека сме ја заборавиле а уствари само сме си ги потиснувале чуствата и тогај ни е уште потешко бетер е. Ако некого навистина сакаме да заборавиме потребна е одлучност, цврстина, став ако не ништо. (а понекад некого во потсвеста не сакаме да заборавиме затоа што убаво ни било со него, а уствари си мислиме дека се трудиме да го заборавиме. јбг.) Барем јас така мислам.
 
MaRyJaNe-poison

Beauty in Black
Член од
11 септември 2007
Мислења
2.722
Поени од реакции
167
Не ги лечи, само ги ублажува!
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Ако самиот не одлучиш на што си и како понатаму никој не може за тебе. Ниту времето ќе ти помогне само од себе ниту ништо друго освен самиот.

Нормално дека ќе треба да помине извсен временски период, но се зависи од твојата одлука да продолжиш понатаму.
Ако си даваш себеси надеж, а не постои нигде причина за надеж, тогаш времето само ќе ти ги продлабочи раните.
Ако ги согледаш реално работите, во поскоро време ќе ти биде полесно.
 
Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Во извесна смисла, ме лечи, затоа што поминува, него го нема, се помирувам и тоа е.Но секогаш сеќавањата ме заболуваат, нормално.А, и сама одлучувам дали сакам да ме боли или само да имам убав спомен, сепак...
 
ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
Времето ги лечи старите рани, ама на нивното место остануваат белези. Кога новите рани ќе го превземат приматот со непосредна болка, старата рана станува само сеќавање, кое понекогаш пецка, повеќе непријатно отколку болно.
 
Ece

*Sunshine*
Член од
7 јули 2006
Мислења
2.567
Поени од реакции
47
Ги лечи, ништо не е вечно. :toe:
Колку и да сме сакале некого, не можеме да имаме чувства цел живот за истиот.
Според мене, таа поговорка не е само утеха, туку и вистина.
Како поминува времето, нештата се забораваат и чувствата избледуваат, дури и да не го сакаме тоа.
 
R

reactive89

Гостин

хммм... не сум баш многу сигурен за ова... ако некоја личност ја засакаш премногу, тешко оти ќе ја заборавиш туку така... го имам искусено тоа, и ако толку треба да го кажам... уште има некое жарче длабоко во срцево за неа... а поминало доволно долго време во кое што ете не сум ја заборавил...:pipi:
 
Ece

*Sunshine*
Член од
7 јули 2006
Мислења
2.567
Поени од реакции
47
хммм... не сум баш многу сигурен за ова... ако некоја личност ја засакаш премногу, тешко оти ќе ја заборавиш туку така... го имам искусено тоа, и ако толку треба да го кажам... уште има некое жарче длабоко во срцево за неа... а поминало доволно долго време во кое што ете не сум ја заборавил...:pipi:
Знам дека ако некого засакаш премногу, не може лесно да избледат чувствата, ама некогаш мора и тоа да се случи. Не брзо, ама со тек на време. :toe:
Секогаш останува личноста во мислите, ама само како еден убав спомен.
 
Викаш не брзо.. а колку време ќе да е потребно... ако ти речам кај мене е веќе со години... како ќе постапиш, што ќе кажеш на тоа???

Сепак останува до тоа колку се сакале двајцата и колку беше возљубен партнерот од наша страна...:smir:
 
Ece

*Sunshine*
Член од
7 јули 2006
Мислења
2.567
Поени од реакции
47
Викаш не брзо.. а колку време ќе да е потребно... ако ти речам кај мене е веќе со години... како ќе постапиш, што ќе кажеш на тоа???

Сепак останува до тоа колку се сакале двајцата и колку беше возљубен партнерот од наша страна...:smir:
Нормално дека кај сите е различно и се разбира дека се во игра многу фактори. Ама јас ти кажувам грубо, а не точно, во години. :wink:
Нема врска што е кај тебе со години, не знам на кој начин, дали уште си заљубен во неа или ти стои само како спомен, ама ако се чувства - ќе избледат, секогаш е така со чувствата, на крај само спомените остануваат.
 
чувства се, и ете до ден денес не се избледени :smir:
 
klipceto

Fire Walk with Me
Член од
27 мај 2008
Мислења
44
Поени од реакции
1
Ece potpolno se soglasuvam so tebe...od pocetok samo na toa ke mislis ama so tek na vreme ke ostanat samo spomenite...i sto pobrzo stretnis nekoja osoba pobzo ke prebolis...a reactive89 cekaj ima vreme ke zaboravis ke vidis 100%...
 
Член од
16 мај 2008
Мислења
17
Поени од реакции
0
Дефинитивно не,времето нема да ти помогне да заборавиш,ако 4 -5 години не помогнале ни 10 нема да помогнат и не е до трудот,упорноста или одлучноста проблемот.Држи муабетот на лејди сатори :клин со клин се вади ама тоа само ги ублажува раните,а дај боже сите да заборававме па сите ќе бевме happy all the time,ќе немаше непреболени лјубови,скршени срца и све осталом по списку.
И најжално е не само што се трудиме да ги убедиме сите околу нас дека времето си го направило своето ,се лажеме и убедуваме и самите себе дека сме " излечени "...........
 
Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Абе ајде, 4, 5, 10 години?:) Што љубов било тоа? Зошто сето тоа ми изгледа како да некој не сака да преболи? Како и се останато - и тука е потребно труд и работа. Ако стварно решам да заборавам некого - тоа го правам без многу трубачи и најави, едноставно се работи за договор со себе. И може да го направам тоа по два дена, може и по два месеци, се зависи од тоа кога ќе ми дојде одлучноста. Иако, да... Времето лечи. После неколку месеци полека почнува да избледува се, и случките, и кажаните ствари, и ветувањата... И тоа не само добрите, туку и лошите. Едноставно се подзаборава. И тогаш од таа врска остануваат само бледи спомени:)
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
240
Поени од реакции
3
djule напиша:
Јесте да ќе останат само спомени ама исто може и чуствата да останат (зборувам ако стварно некого сакаме) може малку на пр. да ги снема едно извесно време (додека не ја гледама) ама кога ќе ја видиме личноста може да се врат со ист интензитет.
Да ова е точно!!!
По некое време ќе заборавиш, но со сигурност ќе ти се вратат чувствата и спомените кога повторно ќе се видите, нормално ако вистински си сакал(а).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom