Дали навистина времето ги лечи или ги продлабочува раните?

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
После секое раскинување, обично ги слушаме тие зборови од најблиските: Ајде ќе помине, времето ги лечи сите рани, времето е лек, времето ќе ти помогне да заборавиш.

Но, дали е тоа така? Дали навистина кога поминува одреден период, почнуваме да забораваме и да преболуваме или само ги поттиснуваме чувствата во себе?

Дали преболувањето е резултат на тоа што проаѓа време? Дали времето помага да избледат чувствата?

Дали е можно во моментот да кажеме: Многу време помина, сосема заборавив на него, а кога ќе го видиме бившиот партнер, пак да ни се јави некој немир? Што значи тоа? Дека времето ни помогнало само да ги поттиснеме чувствата?

Со вашето досегашно искуство како било?

И навистина, дали времето ни помага или одмага?
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
У мој случај, обично неколку дена после раскинување се правам силна пред себеси или сеуште не можам да поверувам дека е готово. Знаеш како е, секое силно чувство не може во истиот момент целосно да се почувствува и сфати. Но, после некое време, можеби недели, можеби месеци, кога сум сама се прашувам дали крајот бил правото решение, а дури и да имам некој друг, пак го имам чувството дека оној беше подобар од овој. Ама што знам, тоа е зошто човекот никогаш не е задоволен од она што го има, па и не е во ред човек да се сеќава само на добрите моменти. Меѓутоа, како што минува времето, љубовта избледнува, битен фактор тука е и да не го гледаш типот, да не биде во твоја близина. И нормално е да се јави тој немир кога повторно ќе го видиш, да посакаш да му се фрлиш во прегратка итн итн, но прво треба да си речеш дека сигурно имало причина за крај, и не така лесно се лепи скршена вазна, освен тоа луѓето се менуваат со текот на времето, ниту тој ниту ти не сте истите...
Значи, сакав да кажам, времето помага и не се работи за потиснување, туку за избледнување на чувствата.
 
Член од
19 февруари 2006
Мислења
1.768
Поени од реакции
31
Интересна тема...Ралични случаеви има...некогаш лечи некогаш не...Ако стварно си сакал нема времето многу брзо раните да ги излечи...може да ги камуфлира за одреден период но кога повтротно ке дојдеш во контакт со особата со која си делел многу нежности блискост интима се ке се врати и сваќаме колку само не сме го преболеле...Но има случаеви кога се убедуваш дека да да да ти значи па паѓаш во депресии па незнам сечеш вени хипотетички кажано но, со наредниот симпатичен дечко што ке пробаш сваќаш дека се се изгубило и тераш даље..се зависи од тоа колку си сакал...И немора да значи дека особата со која си бил и те повредила за брзо од очај и гневност ке ја заборавиш...Напротив ке се опседнеш уште повеќе...
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Ништо не е така. Ништо не помага времето. И јас се тешев со тие зборови ама ништо не испадна. Времето си помина ама чувствата се сеуште тука така што веќе се помирив со судбината.
Или пак можеби не успеваме во тоа затоа што сакаме да преболиме? Не знам. Единствено знам дека чувствата се повеќе и повеќе се поттиснуваат за да во оној момент кога само еднаш ќе не погледне, кога само еднаш ќе ни прозбори одново се да излезе на површина и повторно да се најдеме во истиот круг во којшто многупати до сега сме биле и повторно да чекаме времето да покаже.

Ете такво е моето досегашно искуство. Колку повеќе сакам да го заборавам-толку повеќе и подлабоко се заљубувам во него. Дури на моменти се фаќам себеси како стојам престрашена пред идејата дека веќе никогаш никого нема да сакам како што сум го сакала него. Се си мислам дека секој нареден би бил само бледа копија или некој вид на утеха. Што ќе се случи понатаму- незнам.

п.с. знам дека сум негативна на оваа тема и можеби не размислувам реално ама искуството си го прави своето :toe:
 

Lavanda

Модератор
Член од
18 април 2008
Мислења
676
Поени од реакции
66
Според мене секоја врска зборувам ако била сериозна не од оние за луфтирање, си остава белег а тој е траен и тешко дека ќе отиде во заборав, неможеш да заборавиш или излечиш нешто што оставило трага/флека од самото постоење, па уште ако била силна врска љубов голема тогаш мислам дека ептен треба којзнае што да се случи за да времето ти ги излечи сеќавањата и се друго што си имал во врската.
Некогаш се заборава после некој изминат временски период, но претежно кога не ја гледаш личноста, не ја среќаваш често, и самото посебе избледува, а и постои таков пример ко ќе го/ја сретнеш па да се сецнеш со што ќе осетиш дека не исчезнало се така лесно како што си мислел.... арно ама во лечењето/заборавот помагаат и други фактори кои се споредни со времето, како нов партнер/ка, прекрасен круг на луѓе кој те одзема со фантастичната енергија која ја шират и тоа е еден голем мелем на рана, кажувам за ситуации кога раскинот навистина боли, и тој/таа што си го/ја изгубил ти била блиска до срцето да кажам ти ја греела душичката, така да треба бааѓи фактори за да се излечат спомените, чувствата и се последователно што се случувало во таа врска, а времето исто така е еден од нив.
За мене лично сум заборавила арно ама се случиле такви околности што не сум ги сретнувала мн често за да видам дали нешто ќе промрда во повторниот поглед, а и раскините ми биле убави на убав начин, гледав да не лепам толку се при срце(сум плачела само еднаш), а можеби само сум ги потиснувала силно чувствата, се бива, арно ама излечено или недолечено јас никогаш нема да извадам скриени чувства надвор пред некој со кој веќе сум ставила крај.
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Времето не помага, помага одлучноста.

Во моментот кога ќе сфатиш дека на нешто му е дојдено крај, почнуваш да бараш нешто подобро, што повеќе ќе те исполни како личност. И кога ќе го најдеш-старото го преболуваш.

Барем јас функционирам на овој принцип.
 

TinyGiant

што сакам
Член од
9 април 2008
Мислења
236
Поени од реакции
3
bravo za temava:salut: sakav i jas da ja otvoram istata...

inace moe mislenje e deka ne leci vremeto sve, moze samo da podizbledi ama skroz da ispari...tesko
 

Gabu

Les Paul
Член од
26 април 2008
Мислења
75
Поени од реакции
7
Времето не ги лечи раните само може малку да се подзаборават. А скроз да се излечат не :nenene: За жал :cry:
 

SrRulz

Siempre Real Madrid
Член од
8 декември 2007
Мислења
4.845
Поени од реакции
221
Времето лечи се :smir:
 

Yugo

Law rules
Член од
12 декември 2005
Мислења
8.251
Поени од реакции
28
Кај секој човек ова делува различно никој неможе да каже и за другите може да каже само за себе.. затоа што кај некој времето им ги лечи раните.. кај некој само ги потиснува длабоко во себе за да на крај коа ќе дојде со личноста пак во контакт да испливаат тие чуства на површина. И како што кажа BabyGirl^^^ ја подржувам во тоа што кажа во целост :)
 
F

Foxy`BuTTerFLY

Гостин
Дефинитивно лечи рани.Се изгледа поинаку од далечина, животот продолжува.Сепак рана останува секогаш рана и има моменти во кои ќе се присетувате на таа болка, но тие не се во споредба со оние на почетокот.Еден е животот и треба да се цени и изживее колку што се може повеќе.
 
E

`EsCaPe`

Гостин
Ако некогаш некого сме сакале искрено , секогаш ќе има некоја останата емоција во нас за таа дотична личност , без разлика колкав временски период е поминат.

Можно е да е поминато многу време и бившиот партнер да не сме го виделе исто толку долго , но кога пак ќе го сретнете ( прашање е ако се сретнете нели ) ќе се вратат некои чувства..

Исто е и ако животот ве однел на различни страни и никогаш повеќе да не го видите..сепак тука се некои залутани чувства , емоции , спомени , рани...

Значи ..времето само ги прикрива раните , не ги брише.
 
Член од
16 мај 2008
Мислења
55
Поени од реакции
0
jkd напиша:
знаеш се до пред некое време кај мене беше као се низ курца онака демек ај ќе улета некоја нова но пред извесен малку подолг период не е така се повеќе фали во сите девијки го барам она што го имаше дотичната го барам осмехот ставот одењето барам да препознаам барем нешто малку исто од неа,сега не викам дека не спијам или не јадам и такви пропратни ефекти но остави една трага која не е незабележителна а ова како што напоменав трае извесен период од 1.5 год така да ?????????????
Време ништо не лечи, само се тренираш да игнорираш и да се правиш наудрен првин пред себе па и пред другите па за да не испаднеш “папучар“ првин себе се лажеш пошто мора и себе си да си докажеш а после и на другите. Времето ништо не лечи, барем јас така мислам.
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Ги продлабочува раните и не ги заздравува ако самиот дозволиш да е така. Се` зависи од тоа колку ни е поттикната надежта и колку посакуваме да пролонгираме.
Ги лечи ако навистина одлучно и крајно раскрстиш со се` што те поврзувало со одредена личност. Ако и понатаму правиш да трае, тогаш само ги продлабочуваш. Можеби веднаш нема да се покаже, но потиснатото секако некогаш ќе излезе.
 
С

Сатори

Гостин
После секое раскинување,обично ги слушаме тие зборови од најблиските:Ајде ќе помине,времето ги лечи сите рани,времето е лек,времето ќе ти помогне да заборавиш.

Но, дали е тоа така?Дали навистина кога поминува одреден период,почнуваме да забораваме и да преболуваме или само ги потиснуваме чувствата во себе?
Премногу е индивидуално тоа за да може да се даде генерализиран одговор, кај мене секогаш зависи од интензитетот на врската која што сум ја прекинала.
Во принцип, ретко ме боли после раскинување зошто сум тип, „клин со клин се избива“ и првите неколку денови во еуфорично-алкохолизирана состојба и кога се се враќа во нормала веќе сум нашла некој друг со кој ќе се замарам, затоа и никогаш не доаѓам до точка да жалам за бившите дечковци, освен за една од моите врски, кога сите правила на игра веќе не важеа, што може наркоман да ти направи.

Дали преболувањето е резултат на тоа што проаѓа време?Дали времето помага да избледат чувствата?
Дали е можно во моментот да кажеме:Многу време помина,сосема заборавив на него,а кога ќе го видиме бившиот партнер,пак да ни се јави некој немир?Што значи тоа?Дека времето ни помогнало само да ги поттиснеме чувствата?
Секогаш зависи колку емоции биле вложени во човекот, секогаш, ако бил нешто пролазно, нема ни да го познаам во толпа луѓе.

Со вашето досегашно искуство како било?
Како што погоре опишав.

И навистина,дали времето ни помага или одмага?
Помага дефинитивно според мене, ни дава можност за да живееме послободно од предходно, да го вдишеме животот низ сите пори, но пак ќе кажам, сите ние различно гледаме на крајот, за мене е само уште поубав почеток.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom