Едно научно истражување покажува дека луѓето слушаат музика поради следниве причини:
1) За да ја подобрат нивата функција при извршувањето на работните задачи (музиката ни помага да се избориме со здодевноста и да достигнеме оптимално ниво на концентрација при возење, учење или работа);
2) Да ја поттикнат својата љубопитност (со тоа што се концентрираат и ја анализираат музиката што ја слушаат) и
3) За да повлијаат врз сопствената емоционална состојба со цел да го достигнат посакуваното расположение, да почувствуваат среќа, возбуда или пак тага.
Видовите на музика постојат само за да ја опишат музиката, а не и самите луѓе. Затоа, три важни нешта треба да се земат во предвид:
1) Повеќето луѓе слушаат различни видови на музички жанрови, особено сега кога музиката е уште подостапна (преку евтино симнување од интернет, споделување со пријателите, преку страници за гледање на музички спотови итн.).
2) Изборот на одреден вид на музика е најчесто поттикнат од нашиот социјален идентитет (на пример, ако се сметаме себеси за интелектуалци, ќе слушаме џез или класична музика, ако се сметаме за бунтовници, ќе слушаме рок или хеви метал, иако, во последно време, оваа музика почесто ја слушаат средновечни компјутерски порграмери отколку револтирани млади луѓе, а пак, идните интелектуалци ќе слушаат Фифти сент или Џеј Зи). Според тоа, кога станува збор за музичките вкусови, може да се каже дека возраста, полот и социоекономскиот статус се порелевантни отколку карактерот.
3) Главната функција на музиката е емоционална, меѓутоа, на психолозите останува да ја разрешат врската помеѓу различни песни и различни емоции. Оваа задача е многу значајна, особено поради огромното количество на музика што постои денес.