Дали мислите дека еврото ќе пропадне?

Дали мислите дека еврото ќе пропадне?

  • ДА

    Гласови: 28 30,4%
  • НЕ

    Гласови: 50 54,3%
  • НЕ ЗНАМ

    Гласови: 14 15,2%

  • Вкупно гласачи
    92

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Оваа тема е многу актуелна деновиве, па ајде да споделиме гласови и размислувања.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Валута пропаѓа кога ја губи тотално својата вредност, тоа не се случува со еврото.
Еврото е премногу силно и влијателно за да пропадне, барем според мене.
 
ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Јас мислам дека можно е да депрецира, да изгуби од вредноста во однос на доларот и некои други конвертибилни валути, но сметам дека нема да пропадне ни еврото, а со тоа и еврозоната во ЕУ.
 
ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Латас и сител мислат поинаку од нас =)

Германија печати марки, за секој случај

05.12.2011 - 12:24 |
Земјите од еврозоната изработуваат планови за враќање на нивните поранешни национални валути, доколку заедничката европска валута, еврото што сега го користат доживее колапс, пишуваат лондонските медиуми.
- Германија веќе ги печати старите марки, во случај целата сегашна криза околу еврото и еврозоната да се претворат во хаос, тврди американскиот аналитичар Пипа Малмгрен.
Во изјава за лондонскиот неделник „Пипл“, оваа поранешна советничка за економија на американскиот претседател Џорџ Буш, вели дека Германците се подготвуваат за најлошото, па машините за печатење на старата германска марка се вклучени одново во погон.
Откритието на Малмгрен доаѓа пред денешната средба меѓу германскиот канцелар Ангела Меркел и францускиот претседател Никола Саркози во Париз, околу финализирањето на договорот за ревизија на спогодбата од Мастрихт и за создавање на фискална унија, во рамки на еврозоната.
Меркел која и во Германија е критикувана од тамошната опозиција за „премногу тврдата позиција“ околу кризата во еврозоната, бара од земјите членки да прифатат заедничка позиција за даноците и трошењето, за да се средат нивните економии.
Германската позиција, што ја поддржува и официјален Париз, тргнува од тоа дека на еврозоната и е потребна буџетска дисциплина и ефикасен механизам на управување. Таквиот став на Берлин и Париз, што ќе им биде понуден на членките на ЕУ, на самитот во петок, предизвикува загриженост во Лондон, каде се стравува од натамошното европско интегрирање, како и од можната изолација на Велика Британија во ЕУ, доколку се спротивстави на ваквите планови.
Британските медиуми тврдат дека оваа недела е клучна за судбината на еврото, неодобрувајќи го германското инсистирање за ново реформирање во Унијата.
Според „Дејли телеграф“, Меркел и Саркози се блиску до договор за планот што „не носи ништо добро“.
Весниците ја означуваат преголематата блискост на овие двајца политичари како „брак од интерес“, забележувајќи дека чудниот пар „Меркози“ ја игра главната улога во пантомимата што се приближува до својот крај.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Да повлекувам заштеда од банка или не :) Не би требало да падне тогаш целата унија ќе доживее распад барем они така изјавуваат.Ако пропаѓа еврото зашто финансиските пакети за помош на Грција и Италија се даваат во евра тоа ви сакал некој да објасни кој добро разбира и дали печатењето на марката и нејзино можно пуштање во оптег и оди или не во прилог на Германија ???
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073

Стави си ја заштедата во швајцарци или фунти, првата е стабилна а втората е на толку ниско ниво што може само нагоре да оди.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Стави си ја заштедата во швајцарци или фунти, првата е стабилна а втората е на толку ниско ниво што може само нагоре да оди.
И јас се мислев за франкот ама после некој разговори со пријатели и нешто што најдов на нет ме премисли ,не сум одлучил сеуште а гледам дека кај луѓево некоја паника владее во однос на прашањево што е добро во моментов :)
http://www.dw-world.de/dw/article/0,,15322484,00.html
 
Член од
21 септември 2009
Мислења
47
Поени од реакции
3
Франкот го врзаа за ЕВРОТО, така да ако паѓа ЕВРОТО, ќе паѓа и ФРАНКОТ.
Најдобро ти е во денари. Ако падне денарот ќе падне и владата, што е тешко веројатно :D :eek: :pos:
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.209
Франкот го врзаа за ЕВРОТО, така да ако паѓа ЕВРОТО, ќе паѓа и ФРАНКОТ.
Најдобро ти е во денари. Ако падне денарот ќе падне и владата, што е тешко веројатно :D :eek: :pos:
И денарот е врзан за евро така да и тој паѓа во однос на другите валути пред се УСДоларот. Во моментов УСДолар е најбезбена валута. Посебно ако фати рецесија уште повеќе ќе рипне во однос на денарот. А тебе ти е тоа најважно бидејќи трошиш денари а, не фунти и други валути. Важно е ако се движи нагоре во однос на денарот.
 
burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Латас и сител мислат поинаку од нас =)

Германија печати марки, за секој случај

05.12.2011 - 12:24 |

Земјите од еврозоната изработуваат планови за враќање на нивните поранешни национални валути, доколку заедничката европска валута, еврото што сега го користат доживее колапс, пишуваат лондонските медиуми.
- Германија веќе ги печати старите марки, во случај целата сегашна криза околу еврото и еврозоната да се претворат во хаос, тврди американскиот аналитичар Пипа Малмгрен.
Во изјава за лондонскиот неделник „Пипл“, оваа поранешна советничка за економија на американскиот претседател Џорџ Буш, вели дека Германците се подготвуваат за најлошото, па машините за печатење на старата германска марка се вклучени одново во погон.
Откритието на Малмгрен доаѓа пред денешната средба меѓу германскиот канцелар Ангела Меркел и францускиот претседател Никола Саркози во Париз, околу финализирањето на договорот за ревизија на спогодбата од Мастрихт и за создавање на фискална унија, во рамки на еврозоната.
Меркел која и во Германија е критикувана од тамошната опозиција за „премногу тврдата позиција“ околу кризата во еврозоната, бара од земјите членки да прифатат заедничка позиција за даноците и трошењето, за да се средат нивните економии.
Германската позиција, што ја поддржува и официјален Париз, тргнува од тоа дека на еврозоната и е потребна буџетска дисциплина и ефикасен механизам на управување. Таквиот став на Берлин и Париз, што ќе им биде понуден на членките на ЕУ, на самитот во петок, предизвикува загриженост во Лондон, каде се стравува од натамошното европско интегрирање, како и од можната изолација на Велика Британија во ЕУ, доколку се спротивстави на ваквите планови.
Британските медиуми тврдат дека оваа недела е клучна за судбината на еврото, неодобрувајќи го германското инсистирање за ново реформирање во Унијата.
Според „Дејли телеграф“, Меркел и Саркози се блиску до договор за планот што „не носи ништо добро“.
Весниците ја означуваат преголематата блискост на овие двајца политичари како „брак од интерес“, забележувајќи дека чудниот пар „Меркози“ ја игра главната улога во пантомимата што се приближува до својот крај.
Сва среќа што мојата верба во медиумите е потполна...глупости бре
Ќе пропаднело еврото и сеа ќе дојде крај на светот.
Дај бе озбилни малце...
 
Hitchhiker

Concordia
Член од
23 октомври 2011
Мислења
96
Поени од реакции
31
Пропаѓа 100%.
Ниту една валута не е сигурна во моментов. Единствено конвертирање во злато е сигурно но за жал ние не можеме да купуваме злато. Мој предлог е да си купувате бакар, колку ми е познато моментално е со ниска цена. Да не велам да вложувате во ураниум.

Гувернерот на НБМ не убедува дека нема место за страв и дека и во случај еврото да пропадне, на граѓаните ќе им бидат исплатени или конвертирани влоговите во денари. Верувам дека е така но се плашам дека во моментот кога НБМ ќе ни ги претвори еврата во денари вредноста на еврото веќе ќе биде да речеме 40 денари.
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.824
Поени од реакции
2.914
од горе цитираното што читав дека франкот е поврзан со евро,а ако паѓа еврото ќе паѓа и франкот и исто и со денарот,но според мое мислење иако по правило дека една валута што е обврзан со друга валута и ако едната пропаѓа и другата валута ќе паѓа,но сепак во случај за денарот не е така бидејќи денарот не е конвертибилен како франкот со еврото,туку денарот ќе запре останува таква каква што е. како што на пример кинескиот Јуан не е конвертибилен иако има потенцијал да станува конвертибилен ама кинеската влада не сакаат и покрај притисоци од светската банка и од ЕУ и САД;) затоа владата на Грујо ви препорачува штедете со денари повеќе се исплати со денари одколку еврото;)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom