Дали мислите дека акцијата ден на дрвото треба да се укине?

Дали мислите дека акцијата Ден на Дрвото треба да се укине


  • Вкупно гласачи
    70
Член од
7 април 2015
Мислења
2.650
Поени од реакции
1.538
Инспириран од еден прилог на телевизија, се решив да ја отворам оваа анкета со цел воспоставување на дискусија. Извор: http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=125408#.WfSnBNCWbIU

Бидејќи јас ја започнав темата редно е и јас да го кажам своето мислење. По мене ова беше една од најлошите идеи на предходната влада (или Борис Трајанов, сеедно, не се сеќавам кој ја започна). Почнувајќи од финансиската неисплатливост, преку општиот неуспех на садниците да се развијат, па се до малтретирањето и влечкањето на граѓаните по планините и ридовите, во опожарените шуми итн. Иако прошлата влада се обидуваше ова на разни начини на го представи како успех, како не знам како се биле први во светот на кој им текнало ова, како целиот свет бил воодушевен од ова, сепак самите граѓани беа крајно разочарани од оваа мерка, посебно учениците, студентите, и државната администрација, кои беа приморани и притискани да се појават на местата за садење, преку разни казни и заплашувања. Секако не ми смета да си има задолжено луѓе кои ги вршат планско засадување, луѓе кои примаат плата за тоа и секако ја знаат процедурата за садење повеќе од обичниот граѓанин, кои се вашите размислувања на оваа тема.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.784
Поени од реакции
21.189
Неможат тие да засадат толку колку шо можиме ние да потпалиме. Џабе ги влечкаја луѓето ваму таму. А башка само ги малтретираме пожарникарите и ја амортизираме опремата. Шо му фали на гол рид со ниска и сува трева. И да се запали само од себе ќе се изгасни и никому ништо.
 

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.117
Поени од реакции
8.906
Не за да се укине, но да се смени пристапот кон акцијата. Знам дека е полесно да се напише тоа одколку да се спроведе, но вреди да се проба.
Мислам дека покрај официјалните акции кои се спроведуваат, има луѓе кои самоиницијативно заасадуваат дрвца на истиот ден (многу помалку, но сепак е нешто), и одбележувањето на настанот дава позитивен впечаток во меѓународна јавност.

Би сакал да го видам настанот, да има и едукативен карактер, со одредени панели, дискусии, совети на темата, бидејќи како тргнало дека најголем дел од земјата се грее на дрва, прашање е до кога ќе има шуми.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.098
Да, освен како ден за излет во природа
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.295
Поени од реакции
13.156
Не.
Веќе кога се укинува,би требало да се предложи алтернатива.
50% седници да се фаќаат е успех.
Целта на таа акција не беше само да се пошумува,туку и да се разбуди/подигне свеста кај граѓаните,колку е значајно да се садат дрвца,не само на планини и не само во тој ден,туку секаде и во било кој ден.
Си засасдил дрвце,си направил добро дело,кон околината,кон себе и сограѓаните.
Можеби да и се смени форматот,али да се укине совсем,е ступидно според мене.
 
T

Terroir

Гостин
Не да се укине ама да се организира подобро за успешноста да биде поголема

На пример кај мене во околината на градот имаше локации каде што садеа дрвца а околу тие локации има разни фарми па можете да замислите што се случува на тие млади кревки дрвца кога ќе помине стадо овци/кози/крави и сл, второ на почетокот додека потераат како што треба си бараат поголемо внимание - значи ако е потребно (нема доволно врнежи) тој период треба да им се однесе вода од страна на соодвените служби. Трето можеби и најбитно прашање е каков бил квалитетот на садниот материјал (да не било само за перење на пари од буџетот) и четврто исто така важно е им се погоди земјишто значи обавезно да се направат почвени анализи пред садење

50% седници да се фаќаат е успех.
Какви 50% на 2-3 локации што памтам дека саделе прашање е дали и 5% се фатени дрвцата
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.185
Поени од реакции
17.999
Акцијата треба да се модифицира од политичка во еколошка, и тоа со повеќе настани во годината, не само два дена.

Кампањата потикнува за зголемување на свеста за животната средина, без разлика колку е симболичен бројот на засадени дрвца.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.619
Поени од реакции
34.808
... како неработен ден, денот на дрвото ни ја комплицира работата што мора часовите да ги вратиме во сабота, не дека на денот садат нешто, туку е изговор да се има слободен ден, лично мислам дека треба да постои денот на дрвото но како доброволна работна акција помогната од државата!
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Инспириран од еден прилог на телевизија, се решив да ја отворам оваа анкета со цел воспоставување на дискусија. Извор: http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=125408#.WfSnBNCWbIU

Бидејќи јас ја започнав темата редно е и јас да го кажам своето мислење. По мене ова беше една од најлошите идеи на предходната влада (или Борис Трајанов, сеедно, не се сеќавам кој ја започна). Почнувајќи од финансиската неисплатливост, преку општиот неуспех на садниците да се развијат, па се до малтретирањето и влечкањето на граѓаните по планините и ридовите, во опожарените шуми итн. Иако прошлата влада се обидуваше ова на разни начини на го представи како успех, како не знам како се биле први во светот на кој им текнало ова, како целиот свет бил воодушевен од ова, сепак самите граѓани беа крајно разочарани од оваа мерка, посебно учениците, студентите, и државната администрација, кои беа приморани и притискани да се појават на местата за садење, преку разни казни и заплашувања. Секако не ми смета да си има задолжено луѓе кои ги вршат планско засадување, луѓе кои примаат плата за тоа и секако ја знаат процедурата за садење повеќе од обичниот граѓанин, кои се вашите размислувања на оваа тема.
Водно го знаеш? Точно такви акции "на сила за уши" од голо карпести брдо го направија шума![DOUBLEPOST=1509226601][/DOUBLEPOST]Треба малку да се смени пристапот. На пример да се концентрираат на пошумување и зафаќање на еден по еден регион.. имаше сугестија дека густо насадени "острови" со различни видови си создаваат сами микроклима и поголема веројатност да фатат отколку едно само дрвце..

https://www.ted.com/talks/shubhendu_sharma_how_to_grow_a_forest_in_your_backyard/up-next

Значи треба поголема сериозност, координираност и соработка со експерти
 
Последно уредено:
Член од
30 декември 2009
Мислења
547
Поени од реакции
149
ДА ! Ако тргнеш на местата каде што се садени ќе го видиш одговорот . Дури 85 % не се прифатени дрвата, бидејќи тие што ги садат се нежни административци кои се дојдени да се фоткаат и да се фалат на ФБ демек еве допринеле за идните генерации. Садниците до пред 8 години си ги садеа работници ангажирани од Министерство за шумарство, работниците беа надгледувани од стручни лица и доколку знаеш такво место ке видиш дека ефектот е над 80 % прфатени.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.979
Поени од реакции
14.757
Е како да се укине?????

7(седум) исечени дрва во центар беа проблем, а укинување на засадување на засега 30 000 000 дрва (милиони), не е проблем.
Треба да се има политичко слепило и омраза од душата према предходната власт, па да се забрани садење на дрва. Надвор од памет е тоа.

да ве потсетам дека и оваа шума што ја имаме сега, е последица на исти вакви пошумувања правени најпрво во Краљевина Југославија, и после тоа во СФРЈ.
ја гледаме шумата, дишиме свеж воздух...и не чини? па нечини кога тие ова го критикуваат , најмногу времето го трошат во Солун или по грчките плажи.

Ним не им е гајле каков е воздухот во Македонија
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.291
Поени од реакции
78.946
Скоро све што правеше Груевски беше само за PR потреби, скоро секогаш лошо спроведено, колку да се замачкаат очите на јавноста.
Ова е добра идеја но, како што кажа некој погоре, пристапот треба да се смени.[DOUBLEPOST=1509272484][/DOUBLEPOST]
да ве потсетам дека и оваа шума што ја имаме сега, е последица на исти вакви пошумувања правени најпрво во Краљевина Југославија, и после тоа во СФРЈ.
Не беа тоа такви пошумувања. Tоа беа пошумувања, а не материјал за куртон вести и дневен PR на некои криминалци.
 

redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.256
Поени од реакции
1.966
NO ! Не треба да се укине затоа што Македонија има потреба од дрвја за воздух.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom