Дали мислите дека акцијата ден на дрвото треба да се укине?

Дали мислите дека акцијата Ден на Дрвото треба да се укине


  • Вкупно гласачи
    70
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.906
Поени од реакции
14.598
Ako ne činelo....aj sega eve neka napravat nov metod....

Štp sakaat neka pravat....neka sadat drva sekoja godina i da go vidime rezultatot.
Čisto sumlham deka i edno drvo ke posadat
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.124
Поени од реакции
18.110
Без прекинување, ама со сериозен пристап и луѓе запознати со материјалот да бидат на лице место, да пратат како одат работите, не само ајде насадивме без ни растојание ни длабочина ни дополнителна грижа.

И еве за почеток од градежните фирми нека садат најмногу на тој ден, ете дупло од површината на изградените објекти, некој повраток за просторот.Или неккој процент од добивката , ама со нашава администрација...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
Пошумувањето е работа на ЈП кое си има 10 годишни планови и повеќе децении искуство. Беа примени околу 1600 лица во ЈП. Можеа досега да дадат една анализа колку површина е пошумено, со какви видови, сортименти (квалитетен, нискостеблен...) и по која цена, 10 години се лупаат пари и реклами за ова. Инаку да беа толку загрижени за дрвјата немаше да го соголат пола Водно и цело Скопје за викендици, базени и згради.
 
Последно уредено:
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Пошумувањето е работа на ЈП кое си има 10 годишни планови. Можеа досега да дадат една анализа колку површина е пошумено, со какви видови, сортименти (лош, квалитетен, нискостеблен...) и по која цена. Башка да беа толку загрижени за дрвјата немаше да го соголат пола Водно и цело Скопје (кои макотрпно се раззеленуваа во минатото) за викендици, базени и згради.
Ма каква загриженост, никому не му е гајле, а најмалку на тој што треба да му биде. И тоа е најголемиот проблем. Три дрвца ќе посадат пред зграда за два дена се испокршени. Треба мински полиња околу пошумените подрачја да има за да имаат ефект вакви акции за засадување.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
Не само што се потрошија пари без отчет туку беше узурпирано она што барем Скопје и скопско беше пошумено и озеленето. Имавме 1 градски ѕид, сега имаме десетици градски ѕидови.
 
Последно уредено:
S

silmarillion

Гостин
Ден на дрво. Џабе ти е ден на дрво кога оставаме кеси ѓубре до контењер ако е пун. Џабе ден на дрво ако КХС не оди редовно да празни контењери. Џабе ден на дрво уште има сељачишта што палат цигара у лифт.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.198
Поени од реакции
27.503
Не треба да се укине, туку да се измени. На пример да трае цел викенд и во тие 2 дена многу повеќе мислам дека ќе се засадат дрвца. Исто така треба да се постават дрвореди во некои градови и повеќе садење во паркови.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Треба да се укине во форматот во кој сега постои и да се направи истрага за тендерите за набавка на расадниците низ годините. Да се утврди фактичката ситуација на терен, колкав е бенефитот и колкава е штетата врз буџетот на државата. Колкав е процентот на успешност на засадените дрвја, иако тоа е лесно да се утврди и со голо око, не треба да си некој експерт.
Да се регулира дивата сеча и да се стави акцент на заштита на актуелното шумско богатство. Да се воведат нови закони кои ќе се реализираат во пракса. Циганине со Лади пуздер направија низ околнине планини. Цели шумски појаси кои егзистирале со децении изчезнаа под налетот на шумската и градежната мафија а од надлежните ни трага ни глас. Да купиш метар кубен дрва во грејна сезона ќе те кошта над 50 евра, дивине препродавачи ги продаваат за упола од таа цена.
Да се спречат подметнувачите на пожари и за такви да се спроведе максимална казна.
Да се направат студии за тоа кои подрачја се најзафатени, испитувања на почвата за да се утврди дали е погодна за засадување на расадниците а не најди некое рандом место, опни еден плуг напреку, мобилизирај јавна администрација и првачиња од училиштана и дрва ќе садиме, ќе одиме на излет работава, неработен ден. Станавме држава со најмногу неработни денови.
Си има шумски претпријатија под надлежност на државата кои се одговорни за овие работи. Овие предходниве еден куп извработија за така да се мафтаат и да земаат плата. Нека се направат испитувања со научниве установи, во соработка со земјоделскиве факултети и ако веќе се прави таква акција нека се направи како што треба.
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.061
Поени од реакции
3.202
Треба да се укине ваквиот формат, ама да се продолжи со засадување,
не мора да садат 10 милиони садници годишно може 1-2 милиони ама квалитетно.
 
T

Terroir

Гостин
Ја укинале акцијава поради слабите ефекти, 35 милиони дрва биле посадени во изминатите години а успешноста од 0 до 15%

Наводно ќе имало пошумување ама не толку масовно и ќе се изведувалу преку Македонски шуми
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.698
Поени од реакции
20.963
Ја укинале акцијава поради слабите ефекти, 35 милиони дрва биле посадени во изминатите години а успешноста од 0 до 15%

Наводно ќе имало пошумување ама не толку масовно и ќе се изведувалу преку Македонски шуми
Би им препорачал на вработените во Македонски шуми овој пат дрвцата ако можи во земја да ги насадат пошто така фрлени во некој џбун не се фаќале.
И најново инфо онака случајно што го добив. Не барајте по курир , плусинфо или ним слични.
Новата рефорска влада ја олабавила политиката за дива сеча. Си плаќаш пример 5 кубици си сечиш колку што можиш. Ова е информација од прва рака.
За вгодина ке нема зима. Дрва на црно колку да сакаш.
Ке се изнаработат овие од Македонски шуми за пошумување.
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Некако можеа да ја обмислат подобро..
Практично имаат на располагање гратис работна рака од милион работници. Со подобра организација тоа може многу да се искористи.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.419
Поени од реакции
7.757
Искрено, ова беше интересен проект, и сеуште е.
Но, македонче ко македонче, само нешто ќе напраи, ќе смисли па после у егзекутивата тотално затајува.
Проектов како замисла и идеја е добар. Но, таков менталитет сме што се ни функционира(ше) шалабајзерски и никој не се замара со добро и ефикасно спроведување на некаква добра идеја. Од директори па до обични административни работници ангажирани по партиска линија на проектов да си перат пари и да си лапкаат дневници за ништо сработено. Тие за работата не се замараат, не па за некакви си владини проекти. Едноставно такви сме, без осет за последиците од акциите кои ги праиме.
Имено, проектов (барем идејата) нас директно не праи инволвирани у подобрувањето на животната средина што е одлично за самата свест ко народ, но функционира као некоја должност (у средно ќе не ослободат тој ден, и никој нема да се појави, сите ќе дремат на кафе, класната ќе прети со неоправдани). Според мене треба да продолжи у континуирана формална и неформална едукација на населението околу заштитата на животната средина, мерки што ние секојдневно можеме да ги праиме и преземеме, се со цел - подигнување на свеста, и ДОБРОВОЛНО и самоволно придонесување на подобрувањето на животната средина, јер тоа им го оставаме на идните поколенија кои ќе живеат овде.
Ама, македонецот, реално затуцан у мозокот неможе да се дрзне да остави кола и да се качи на велосипед, уште помалце да обезбеди услови за развој на градски велосипедизам као вид на транспорт, а не па доброволно да поттикнува подобрување на жив. средина. Далеку сме ние од тоа.
Плус, затајуваат и сите луѓе ангажирани околу локации, садници и мал милион македонски тип на пропусти.
Очигледно не сме доволно освестени, па мора некако да не присилуваат за да ги остваруваме своите должности (пример со неоправданите, ако не искочиш - ќе те казниме и одма ти ствзра тоа аверзија, чувство на незамарање), а се што е потребно се само 3 часа. 3 часа неможеме да одвоиме за подобра средина, на нас и нашите деца.Имено, генерациски сме должни да и им ја остаиме средината у добра положба на идните генерации.
Ама као бе брар да го оставам аудито од 2007ма што го купив за 5000€ ? Ја го купив да се курчам, да покажувам колку ми е голем ку*ов, пичиња да пецкам, а не ко клошар да се возам на велосипед за да дишете поубаво.
 

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
36.765
Поени од реакции
29.042
,,,,shto ima tuka da se misli ili nekoj misli,,,zabraneto e mislenje po ovoj zakon,,, ukunat e i gotovo,,,ostanuva da se molime na vetrot i pchelkite ta da ima prirodno poshumuvanje,,,a ne na sila i veshtachki so sila poshumuvanje,,,,
 

Kajgana Shop

На врв Bottom