Дали мажите може да бидат “спонзоруши“?

В

Вештерот

Гостин
Има машки ‘‘спонзоруши‘‘, не многу али ги има. Исто како што има жигола.

Не ми е никаков проблем да се ставам во улогата на ‘‘спонзоруша‘‘. Не е тешко. Она плаќа јас уживам.
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.282
Поени од реакции
563
секако дека има ... а тие што се женат за девојка од странство и си одат од овде ...
 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Претежно за жените се зборува дека се материјалистки вакви, онакви, ама ме интересира дали има и мажи спонзоруши? Обично се вели жените се по парите, мажите по сексот е што кога има вртење на улогите?

Дали сте сведочеле на случај на машко кога трча или е со девојка само заради пари?
Што мислите вие за ваквата појава?

Мажи, би оделе ли со некоја само затоа што има многу пари?

Жени, дали би прифатиле таа игра некому да му бидете “спонзор“?

Лично , шо се тиче мене не би одел со некоја шо има одвишок пари или слично , затоа што сметам дека се премногу " во воздух " девојките кој имаат подлабок џеб, и кои би можеле се да си дозволат. Сум имал , не девојка, туку другарка што така имаше одвишок пари во џебот , и искрено , ја дружев година дена ( едвај ) и ја баталив , се поткаравме , за на крај да и плеснам у фаца оти преку глава ми е од такви девојки кои се фалат колку им е длабок џебот :facepalm: Најдобро , ни богата , ни ептен па некоја безпарица , нормално , колку да се има за пристоен живот, оти што е побогата , толку е по збесната :)
 
L

Luki Junior

Гостин
Секое машко шо има малку самопочит нема да стане машка спонзоруша. Се друго е гнило однатре.
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Едноставно, во женската природа е тоа да бараат 'посилен' партнер, во денешно време таа сила се мери во валути.
Кај мене важи само едно нешто кое не се купува со ниедна валута - интелект.
Не генерализирај, ок?;)
--- надополнето: 14 септември 2012 во 23:43 ---
Секое машко шо има малку самопочит нема да стане машка спонзоруша. Се друго е гнило однатре.
Истото важи и за жените.
 
Член од
17 јануари 2011
Мислења
242
Поени од реакции
131
има многу мажи што се спонзоруши, е сеа кај нас во мк колку ги има поим неам
 

WOLAND

Messire
Член од
13 септември 2012
Мислења
45
Поени од реакции
22
Машко не може да биде спонзоруша од проста причина што природата му дала задача да лови односно во поново време тоа значи да прави кеш. Значи и да е заради пари со некоја машкото прави кеш заработува, тоа му е работа. Со други зборови ебе за пари. И затоа не може да се користи терминот спонзоруша за машко.
Кај жената овој термин означува нешто друго. Тоа значи дека не му е верна на мажот туку им е верна само на парите. А ако речеме дека заработува таа оди против законите на природата. Значи во никој случај не и доликува да е спонзоруша.
 

miki002

Фејл гејмер
Член од
18 февруари 2010
Мислења
369
Поени од реакции
269
И тоа како може да биде „спонзоруша“, јас лично знам неколку, се оженија за деца (практично) во странство, каде штосе плашат нивните родители дека ќе земат турчин (немам ништо против турците или било кои други, ова го кажувам како што сум слушнал од родителите на „невестите“), па го одобруваат, ако не и форсираат бракот на нивната 14-5 годишна ќерка со „наше дете“, кое ете не е од богата фамилија, но се засакале децата, се нашле на ФБ, мирц, МСН, скајп.... Во три случаи кои се во моето маало, токму ваква е приказната, а тоа „наше дете“, македонче баш користи фб, мирц и слични „алатки“ за запознавање на идната невеста и негов „месаја“.
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Во Македонија немало спонзоруши? Па каква е состојбава, прво гледаат од чива фамилија е девојката па после дали може да најде бар една убава работа за која ќе се држи и теши дека ја сака.

Чим еднаш се пофалиш на друштво или дома те прашаат и ти кажуваш незнае пари колку има, нема зима за неа, или почнеш да размислуваш каде стариот нејзин ќе те вработи, друже ти си спонзоруша, и да ти плесне шамар ти ќе останеш со неа, бидејќи ќе се тешиш за утрешната финансиска состојба. Голем дел од браковите се такви, а за врските и да не зборам, па не е за џабе поговорката дека грда свиња ги јаде најубавите јаболка.

Ќе стиснеш заби, ќе настапиш машки, и нема да дозволиш да одиш на места и забави каде што ТВОЈОТ џеб не ти дозволува, па макар таа имала 100 евра секој ден за трошење.
 

Безимена

Оловна нежност
Член од
21 септември 2012
Мислења
33
Поени од реакции
31
Замислете машко како се обраќа на жена :

- Бејб, дај петшшест банки, шворц сум.
- Мила, ќе купиме ли нешто поскапко за ручек ?
- Е, ај дај ми на заем за ова, за она... ?

Очајно....:facepalm:
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Замислете машко како се обраќа на жена :

- Бејб, дај петшшест банки, шворц сум.
- Мила, ќе купиме ли нешто поскапко за ручек ?
- Е, ај дај ми на заем за ова, за она... ?

Очајно....:facepalm:
Ниедно од трите работи не покажува дека некој е спонзоруша.

Ќе пробам од своја гледна точка како јас го сфаќам тоа што го напиша.

1. Тоа ни од студент нема да слушнеш за толку малку пари прво на девојката да се обрати, а камоли маж на жена.

2. Тоа не е машко, тој е пекмез, размазено детиште, недозреан и зелен, тоа не е маж, кој незнае колку да потроши за храна ако не му е длабок џебот. Или, што точно е тука чудно да се купи нешто поскапо за ручек ако тоа можат да си го дозволат и двајцата. Или стварно објасними што е чудно ако така и каже, од кај ги знаеш нивните претходни ручеци, и јадења и како ги делат парите за јадење. Ако е ова за тебе очајно... дали некогаш си имала дечко студент кој живеел во студентски со кој си делела храна од љубов или ете нека е студент кој живее со мама и тато.

3. Што па во тоа нечини, што е тука срамно, од кај знаеш чија плата оди на кредити и сметки а чива пара се троши за секојдневни потреби па макар и луксузи биле? А додека се работи опет, за студенти, млади невработени, па тоа е секојдневие, ако некој не ти служи да одиш напред, нема да го трпиш долго, не е се до секс секогаш заедно оди и поддршката.

Очигледно не си сретнала сериозна и талентирана машка спонзоруша, по која ќе трчаш во Вип да му ставиш кредит, да му платиш сметка и да чекаш да потрошиш некој денар поради неговите квалитети или неквалитети.


Тоа што го кажа е само производ на љубовта и врската која ја доживуваат 90 % од младината, па и најголемиот дел од браковите. Јебеш жена на која не смееш така да и се обратиш кога си во тесно.

Ништо лично, сигурно не си ти или само која така размислува.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Иако разговорно и форумски би се чукал во гради како за пари би ковал се и сешто, мала е веројатноста дека навистина би пристапил кон тоа да бидам купен. Воглавно, за да воопшто направам нешто треба да бидам неномрално многу привлекуван од субјектот а тоа досега се случило само два пати во животов.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom