Замислете машко како се обраќа на жена :
- Бејб, дај петшшест банки, шворц сум.
- Мила, ќе купиме ли нешто поскапко за ручек ?
- Е, ај дај ми на заем за ова, за она... ?
Очајно....
Ниедно од трите работи
не покажува дека некој е спонзоруша.
Ќе пробам од своја гледна точка како јас го сфаќам тоа што го напиша.
1. Тоа ни од студент нема да слушнеш за толку малку пари прво на девојката да се обрати, а камоли маж на жена.
2. Тоа не е машко, тој е пекмез, размазено детиште, недозреан и зелен, тоа не е маж, кој незнае колку да потроши за храна ако не му е длабок џебот. Или, што точно е тука чудно да се купи нешто поскапо за ручек ако тоа можат да си го дозволат и двајцата. Или стварно објасними што е чудно ако така и каже, од кај ги знаеш нивните претходни ручеци, и јадења и како ги делат парите за јадење. Ако е ова за тебе очајно... дали некогаш си имала дечко студент кој живеел во студентски со кој си делела храна од љубов или ете нека е студент кој живее со мама и тато.
3. Што па во тоа нечини, што е тука срамно, од кај знаеш чија плата оди на кредити и сметки а чива пара се троши за секојдневни потреби па макар и луксузи биле? А додека се работи опет, за студенти, млади невработени, па тоа е секојдневие, ако некој не ти служи да одиш напред, нема да го трпиш долго, не е се до секс секогаш заедно оди и поддршката.
Очигледно не си сретнала сериозна и талентирана машка спонзоруша, по која ќе трчаш во Вип да му ставиш кредит, да му платиш сметка и да чекаш да потрошиш некој денар поради неговите квалитети или неквалитети.
Тоа што го кажа е само производ на љубовта и врската која ја доживуваат 90 % од младината, па и најголемиот дел од браковите. Јебеш жена на која не смееш така да и се обратиш кога си во тесно.
Ништо лично, сигурно не си ти или само која така размислува.