Се пронајдов во текстот, а се надевам и многумина, па тоа ме предизвика да го постирам, ама не најдов соодветна тема, така да може слободно да се премести или брише.
- Дали и Вие, го уклучувате компјутерот со нога? Со палецот од ногата?
Па пошто ми е на ниско се со нога го вклучам,
- Дали и Вие, кога сте биле деца преку зима се спуштавте по стрмните лизгалишта со најлонски вреќи?
хехе да се лизгав и си одев дома со мокар гас.
- Дали и Вие, кога сте биле деца имавте од зимските ракавици само со палец?
Да имав, ама не ми беа најомилените.
- Дали и Вие, го oблизнувате капачето од јoгуртот?
Да ама посилната ми половина се ме кара, непристојно било, па кога сум со него не, да не му бодам во очите и да му отварам апетит за критикување
- Дали и Вас, ве чешало челото од капата?
Не, ретко носам капа.
- Дали и Вие, кога бевте деца, носевте леб од продавница до дома, и тоа пола изеден?
Се има случувано.
- Дали и Вие, кога бевте малечки дечиња си правевте шатори во собата, од столчиња и ќебиња?
Да сите ќебиња и чаршафи ги вадев, знам мајка ми ме караше сирота требаше се да пере.
- Дали и Вие, како деца се провлекувавте во јорганскиот чаршав?
Да еднаш така и сум заспала, моите не ме виделе па ме барале.
- Дали и Вие, оставате алишта на стол кога ве мрзи да ги закачите во ормар?
Да, орбитрекот до душа повеќе како закачалка го користам отколку за вежбање.
- Дали и Вие, со мобилниот го осветлувате патот до креветот кога навечер одите на спиење и го изгасите светлото?
Е тоа не, си имам ламба до мене.
- Дали и Вие по десет пати ги читате убавите и пријатни СМС пораки?
Па да имам навика да се навратам и да ги препрочитам.
- Дали и Вие носите часовник на рака поради шема, а кога ќе ве прашаат колку е часот, сепак погледнувате на мобилниот?
Си носам часовник често па на него погледнувам, додуша ако го барам мобилниот по чанта којзнае колку време ќе ми треба до дека одговорам.
- Дали и Вие, кога сте во ВЦ од досада ги читате етикетите на шампоните и останатите тоалетни средства, и тоа прво на македонски па после и на другите јазици?
Да тогаш ги простудирам детално.
- Дали и Вие, како деца, додека се бањавте во када си правевте фризури од пената?
Не.
- Дали и Вие, седејќи на часот по математика, сте размислувале дали некогаш во животот ќе ви притребаат синус и косинус?
Ах пуста математика, размислував и те како.
- Дали и Вие си го снимавте вашиот глас на касетофонска лента, и после го преслушувавте со чудење како гласот ви е грозен и не личи на Вашиот?
Имам и тоа пробано .
-Дали и Вие се смешкате, додека ги читате овие прашања и одговори, и се препознавте себеси?
Па да, во повеќето одговори се пронајдов,па и се потсетив на некои работи