Како што некој член поназад кажа, љубовта е вечна само во приказните и сапуниците.
Ништо не е вечно, па ни љубовта.
Хм.. не се согласувам. Ако гледаме така и животот не е вечен, па го живееме. Цврсто стојам на фактот дека има вечна љубов. Ок, ако не е вечна, доживотна е. Можеби на 70 години, по толку искуство, вакво или онакво, може да каже човек дали има или нема доживотна љубов, а вака на 19, 20 години да предвидуваме нешто, а уште ништо не сме проживеале е бесмислено. Многу луѓе и по 30 години во брак, се уште функционираат беспрекорно и се уште се сакаат и како по првиот ден. Нормално дека не е совршено, ама ништо во животот не е совршено. Кога ќе видиш, човекот целиот свој живот сака. Нешто сака, некого сака. Така да, не може да се каже дека само во приказните и сапуниците има вечна љубов. Зошто и сапуниците не се комплетна фикција, голем дел од нив пренесуваат нешто и од вистинскиот живот.
procitav vo eden vesnik deka zaljubenosta trae 5 minuti a ljubovta 3 godini ! ne bi rekol deka ima vecna ljubov , zatoa sto koga togas ke ti zdosadi i zatoa ima mnogu problemi vo brakot . izvinete za latinicata nov sum :smir:
Ах, со тие весници и глупави истражувања. Кога луѓе ќе сфатите, дека љубовта не може да се мери и дека не може да има точни емпириски сознанија околу тоа колку трае љубовта? Како човек ја мери љубовта? Секој човек љуби, секој со различен интензитет, секој на свој посебен начин. За љубовта нема шаблони, како и за нејзиното времетраење. Има долговечна и здрава љубов. Љубовта е алфа и омега, само луѓето не ја ценат и се однесуваат како животот им е на резерва, па демек наводно им се здосадува. Ако некој некогаш ти се здосади, значи дека не го сакаш. Како што има примери за пропаднати љубови, така има и доволен број на љубови кои ја оддржуваат својата љубов и по толку години заедно.
Ако луѓето се грижат внимателно за љубовта, љубовта ќе трае. Ако луѓето ја сфаќаат љубовта здраво за готово (што е случај со голема бројка на луѓето), таа ќе одлета или ќе се пренасочи кон нешто друго.
Љубовта е како цвет, ако не се грижиш за цветот, ако не му ставаш вода, тој ќе овене.