Дали знаеме што не знаеме?

Член од
15 април 2009
Мислења
130
Поени од реакции
37
1. Во вашиот стомак има кородирачка киселина. Постои една опасна течност којашто на аеродромите не може да ви ја конфискуваат: таа се наоѓа во вашиот стомак. Стомачните клетки лачат хлороводородна киселина, кородирачко соединение коешто се употребува во металната индустрија. Може да го нагриза металот, но слузната обвивка во стомакот ја чува оваа отровна течност на сигурно место - во дигестивниот систем каде што го разложува ручекот.
2. Поставеноста на телото влијае на меморијата. Сеќавањата се отелотворени во нашите сетила. Мирис или звук можат да не поттикнат да се присетиме на некој далечен настан од детството. Врската може да биде очигледна, но и необјаснива. Една неодамнешна студија покажала дека побрзо и подобро ќе се присетите на настаните од вашето минато доколку телото ви е во положба слична на положбата при вистинскиот настан.

3. Коските се кршат (трошат) за воспоставување рамнотежа на минералите. Освен улогата на потпирач на вреќата органи и ткива, што всушност е нашето тело, коските помагаат во регулирањето на нивото на калциум. Коските содржат фосфор и калциум кој е потребен за мускулите и нервите. Ако постои недостаток од овој елемент, одредени хормони ќе предизвикаат кршење на коските со што се добива зголемување на нивото на калциумот во телото, се додека не се постигне потребната концентрација.
4. Најголемиот дел од оброкот е храна за мозокот. Иако претставува само 2% од вкупната телесна тежина, на мозокот му требаат 20% од телесниот кислород и калории. Три церебрални артерии константно му пумпаат кислород. Блокада или откажување на само една од овие артерии ги изгладнува мозочните ќелии - тие ја немаат енергијата потребна за нивно функционирање и се оштетуваат функциите контролирани од тој дел на мозокот. Ова е мозочен удар.
5. Влакна на клетките ја движат слузта. Најголем дел од клетките во нашето тело се „обраснати“ со органели во облик на влакна наречени „трепки“ и тие помагаат во многу функции, од варењето до слушањето. Влакненцата на клетките во носот помагаат да се исцеди слузта од носната шуплина кон грлото. Ладното време го забавува овој процес на цедење и предизвикува слузта да се врати назад, па вие имате затнат нос.
6.Зголемувањето на мозокот причина за пренатрупаноста во усната празнина. Еволуцијата не е совршена. Кога би била, можеби би имале крила наместо заби умници. Понекогаш непотребните елементи остануваат во организмот бидејќи не се штетни. Но умниците не биле секогаш извор за заработка на оралните хирурзи. Многу одамна, тие се употребувале како трет комплет за џвакање месо. Но како што се зголемувал мозокот кај луѓето, се менувала и структурата на вилиците, оставајќи ја усната празнина пренатрупана со заби.
7.Вашата кожа има четири бои. Кожата на сите, без обојување, би изгледала кремаво бела. Крвните садови во близина на површината додаваат руменило и црвенило, а присутен е и жолтиот пигмент. Најпосле, меланинот во сепиа тон, којшто се создава како одговор на дејствувањето на ултравиолетовите зраци, дава голема количина на црнило. Овие четири бои смешани во различна пропорција ги даваат различните бои на кожата на луѓето насекаде низ светот.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.505
Поени од реакции
33.665
Па нема ништо мистериозно. За во здравје требало да го отвориш.
2от факт ми е најинтересен. Ми се има случено.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom