Дали западниот свет влегува во декадентна фаза?

Член од
13 јули 2006
Мислења
15.181
Поени од реакции
17.990
Treba malku poveke literatura da citas, reddit te oglupavel da razmisluvas linearno, vo kalapi.
Дарлинг ние мажите сме симпле кричрс, кај нас се е линеарно, црно или бело. :)

Ова ти го кажувам, затоа што со тоа твојте, нелинеарни идеи, нема да можеш салам дечко да си фатиш, нит конзервативен, нит либерален ќе ти пасува :D
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.268
Поени од реакции
27.705
Дарлинг ние мажите сме симпле кричрс, кај нас се е линеарно, црно или бело. :)

Ова ти го кажувам, затоа што со тоа твојте, нелинеарни идеи, нема да можеш салам дечко да си фатиш, нит конзервативен, нит либерален ќе ти пасува :D
Sigurno ke bide posalam od tebe.
I toa e sosema dovolno za mene.
 
Член од
28 декември 2019
Мислења
214
Поени од реакции
466
Oxford dictionary a?
Se osekam ko Charles Darwin.
:)

Well chupe... alea iacta est.

On the Origin of Species
Published 24 November 1859

Oxford English Dictionary
Published 1884–1928 (first edition)
1989 (second edition)
Third edition in preparation


Still does not compute. I Darvin bi se osekal kako Darling :)

Inaku ti chupe od koja sorta na feminizmo si ako ne e tajna? A za chastenje ne se sekiraj, podobro pochasti go wannabe cool kid-ot @Anon, mislam deka e malku ljubomoren na mojata kreativnost, ekscentrichnost, dlabokoumnost, trudoljubivost i vremeto koe mozam da go posvetam na tebe :backa: :smirce:

Ahem. Soopshtenie do site duhovni pacienti: Ako namalete so navredite i mikroagresiite mozhebi ke postiram ushte meminja i ushte popametni postovi. Ako i samo mozhebi.

Lj2.



Your turn chupe.


Големите компании се комунизам во мало. Влезот на пазарот е ограничен и креирањето на политиките зависи од политичарите кои ги имаат во својот џеб. Индиректно ги диктираат политиките. Куповната моќ им дава можност да поседуваат и ресурси каде реалокацијата креира огромна социјална раслоеност. Поентите на левицата ми се јасни, само не може да се зголемат даноците и големите компании да се гледаат како плашила затоа што од нив зависи и технолошкиот прогрес. Дури и тајните служби, па и војската ги користат плодовите на големите компании. Ако решат да го напуштаат американскиот пазар, лошо ќе се манифестира по американската економија. А таму каде што видовме сериозен државен интервенционизам, сега тие сектори се големи пусти полиња без плодна почва.

Ги разбирам и големите компании (па и корпорации) каде ги ранат организациите и движењата на левицата со намера да не бидат заокружени како мети. Дури тие и бараат трансформирање на пазарот (економијата) и општеството, затоа овие движења имаат лепенка "радикални" до своите имиња. Големите сакаат само наратив за повисоки даноци, но не и реализација на тој наратив. Бизнис логиката е максимализација на профитот, па дури и кратење на трошоците. Единствената точка на моето усогласување со овие движења и организации на левицата се таксите (регулативите) за загадувањето на околината. Кока Кола е еден од најголемите загадувачи во светот. Оваа непозната сеуште е нерешлива енигма.

Сега САД си има ново плашило-Кина. Ако ја гледаш поставеноста на нато базите во светот ќе воочиш дека Кина не е безбедносен ризик за светот и САД. Кина вложува во сектори каде САД чека реализација во истите од приватниот сектор. Политичката стабилност, големата чизма и брзото носење на политичките одлуки и се огромен плус на Кина. Во САД такво брзо усогласување има само кога се спремаат за војна, дури, за жал, нема ни кога ќе им се случи одредена непогода. Хуманизмот и солидарноста се мртви во тоа општество.

И БЛМ е организација која има своја организациона структура. Има лидерство, има финансии и политичка моќ. Организација која остави 2 милијарди долари штети зад себе, 10тина мртви и менување на политичката клима кон лево. Дури нема ни дистанцирање на Демократската партија од оваа организација. Се свртеа и против полицијата (а пред тоа и против семејството), која е клучна компонента за јавната власт. На долг рок лошо ќе се манифестира врз левите политики. Тоа им донесе огромна политичка моќ на конзервативците која ќе беше многу евидентна да не се злоупотребеше Ковид состојбата за гласање преку пошта. Ако има промени во начинот на гласање од Врховниот суд, што е на маса и треба да се изјаснат дали ќе го земат овој предмет, може уште на наредната година Републиканците да го вратат Претставничкиот дом.

Левицата мора да се дистанцира од БЛМ и од Антифа. :)
Баш сакам да видам која ќе биде таа голема компанија што прва ќе го напушти американскиот пазар, кој им е над 50% од приходите, кој ли правен лик ќе биде тој пионер, тој голем јунак? :D
Не зависи чинам толку од нив технолошкиот прогрес а и да зависи не може да се употребува како оправдание за нивниот интервенционизам во „системот“. Ако говориме за Биг Тек, да на почеток се иновативни и се на вистинско место во вистинско време, но потоа растат со груба игра и со јадење на помали иновативни компании. На пример Гугл има проголтано 243 компании и уште не е сит. Ни Гугл сит, ни кутрињата на број. Инаку факт е дека интернетот е проект на DARPA, агенција на американското министерство за одбрана. Исто така факт е дека многу од иновациите не би постоеле без универзитетите, нон-профитните и државните. Исто така факт е дека компаниите не толку измислуваат нови работи, колку што знаат како да ги искомерцијализират за масовна консумпција...
Мислам дека некои овде имаат погрешна слика за улогата на државата и нејзиното мешање во „системот“. Државата е системот. Без држава нема економија, нема пари, нема пазар, нема компании. Без закони и регулации, без право на сопственост, без стабилна монетарна политика и макроекономија, без ред и мир, без мечот на државата нема бизнис, нема работа, нема општество. Компаниите профитират од државните инвестиции во општеството, од инфраструктура, образование, здравство, наука и експериментална технологија... Не постои селф-мејд компанија, ниту селф-мејд билионер. Значи подобро нека му го вратат цезаровото на цезарот, зошто мечот е веќе свртен и кон нив...

Тие компании се брендови. Бренд постои само во колективниот ум и таа ментална слика само ја апдејтираат со рекламите и „нивните“ „иновативни“ продукти. Се е ова масовна психологија, се обидуваат да изгледат фини, културни, кул, мејнстрим, емпатични, во тек со времето, како Анон бе, а они само си терат профитот, како оние крипташите :P
Слично е и со берзите и цените на акциите, се е во перцепцијата на вредност, ако сите веруват дека нешто вреди тогаш тоа се купува масовно и тогаш навистина вреди. И обратно. Менталитет на стадо. Сега со апликациите ептен се исдемократизира, нема веќе чување пари во банка, се оди на берза во меме стокс :D
Инаку еве по иницијатива на Џо G7 се договорија да воспостават светски рамен данок 15%, нов даночен поредок, што е всушност попуст ако се земат во предвид номиналните стапки кај повеќето земји, ама ако прават далавери и тука тогаш треба веднаш вадење мечот и колење неколку дебели капиталистички свињи по ред и редистрибуција на колбасите меѓу сиромашните или ако е премногу драматично ова тогаш остантите држави да почнат со деглобализација и можеби деамериканизиција, ако не е прекасно...

Кина е андердог, но полека се претвара во топ дог. А Америка во хот дог хахаа :facepalm: Самата големина, потенцијал, нетранспарентната и централизирана моќ се застрашувачки. Веќе имаат економска доминација во Источна Азија, најголем трговски партнер се на сите држави во регионот а си имаат и планови за политичка и воена доминација таму и пошироко... Кина е поефективна држава моментално. Тиранична, но ефективна. Кина научи економија од Америка и политика од СССР и сега е две светски сили во едно.
Америка работи на друг принцип, таму веруваат во Бог а не во државата, бар така велат де, така им пишува на семоќното доларче кое го принта државата, во Кина веруваат во државата ама не во Бог, некои не веруваат ни во Бог ни во држави туку само во биткојн, други веруваат дека хуманизам и солидарност се застарени и опресирачки идеи кои ја ограничуваат слободата на поединецот, повеќето веруваат дека се животни, скоро сите денес веруваат во џендери и така, но тоа е либерализам, секој со своите верувања... :coffee:

За БЛМ и Антифа не е така едноставно, ти го имаш тој десничарскиот наратив, они имат друг наратив, но ваквите движења и организации не се рандом изникнати, можеби корените им се во пеколот, но има причини за нивното постоење, како што има причини и за фашизмот и за комунизмот и за либерализмот и за штотизнамизмот, тие се реакција на нешто гнило, нешто труло, нешто токсично, нешто декадентно, нешто грешно...
Инаку 90% од демократите изјавуваат подршка за БЛМ. Ако се дистанцира сега левицата од нив ќе биде уште полошо, ако нивниот глас не се слуша во конгресот тогаш ќе биде слушан повторно на улиците. А видовме доволно колку се гласни. Слушање и разбирање, ако не тоа тогаш граѓанска војна и така...

И редно е и ние да се дистанцираме од Америстан и нивните проблеми и да не му се мешаме во работата на гренпа Џо или кој и да е главен таму... ;)
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Левицата треба да си ги отвори своите текстови од пред 100 години и да се посвети на работникот но со тоа горенаведените организации (Антифа и БЛМ) автоматски ќе ја преквалификуваат во Десница пошто членството им е разведено од логичното размислување.

Мислам "сакаме зголемување на платите на нестручните работници и во исто време се залагаме за неограничен влез на нестручни економски мигранти"
БЛМ, Антифа и другата багра се далеку од левица.Ја купија левицата со пари ја разобличија,ја мутираа до непрепознатливост.На богатите капиталисти им одговара ваква мутирана левица која е собиралиште на разноразни накази,лудаци и наркомани.Јас сиве овие би ги пратил на превоспитавење во Северна Кореја.
 
D

Deleted member 53418

Гостин
The decadence of western civilization is caused by people blindly accepting dogmas and doctrines imposed by their leaders without prior information or research. It is caused by blindly accepting concepts like political correctness, mass Muslim immigration, LGBT rights, radical feminists where few are leading the many thus destroying the concept of democracy onto which western civilization was based on. Also the free speech has also been restricted against this topics and people who speak about them are easily shut up or thrashed down by leftists. This is why Europe is enable to evolve and to go further and that is why the union is collapsing. Destroying the family concept and forcing our youth to accept blindly a rotten multicultural world is going to be our doom and the disappear of the Europeans as a race. The future is looking grim indeed if people don't wake up and take action against this plagues.


Перфектно сумирано
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
The decadence of western civilization is caused by people blindly accepting dogmas and doctrines imposed by their leaders without prior information or research. It is caused by blindly accepting concepts like political correctness, mass Muslim immigration, LGBT rights, radical feminists where few are leading the many thus destroying the concept of democracy onto which western civilization was based on. Also the free speech has also been restricted against this topics and people who speak about them are easily shut up or thrashed down by leftists. This is why Europe is enable to evolve and to go further and that is why the union is collapsing. Destroying the family concept and forcing our youth to accept blindly a rotten multicultural world is going to be our doom and the disappear of the Europeans as a race. The future is looking grim indeed if people don't wake up and take action against this plagues.


Перфектно сумирано
Всушност, Западот поодамна има проблем со декадентноста, ова е онаа поодмината фаза, кога работите стануваат многу поочигледни и кога сите (бидејќи сега речиси секој има пристап до средствата за масовна комуникација) може да видат, да бидат видени, да прочитаат, да бидат прочитани, да слушнат, итн. Не постојат квалитативни филтри и ликот и делото на погрешно информирани, очајни за внимание, леви, десни, ЛГБТ-фашисти и нивни ништо помалку фашизоидни противници, рамноземјаши, антиваксери, бајачи, нацисти, надрилекари и други тотално забегани индивидуи (групи, сеедно) неизбежно доаѓа до израз и агресивно наметнува мислења и диктира начин на живеење. Не е важно што постојат далеку поитни проблеми од економска, општествена, политичка и социјална природа, бидејќи нивното решавање бара способности кои горенаведените ги немаат. Тоа е процес кој непрекинато се одвива извесен период, резултатите се тука, а општеството не знае (не може) да се справи со ситуацијата бидејќи механизмите за (само)контрола се атрофирани, па нема соодветна имуна реакција, која е или пренагласена или во целост отсуствува.
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.304
Поени од реакции
4.651
...секогаш мора некој да биде крив за распадот на моралните принципи и базични вредности на човештвото
...никогаш да признаеме дека еволуцијата и интелектуалниот раст на човештвото се неизбежен процес кој ќе резултира на крајот со децимирање на нашата врста
...ирелевантно и безцелно е барање на кривецот
...процесот на распад е неизбежен услов за зародиш на една нова поубава врста од оваа што сме сега :)
 
Член од
28 декември 2019
Мислења
214
Поени од реакции
466
Ako imas nekoja druga teorija za potekloto na covekot, daj da ja chueme.
Ах, просветителската таксономија на Линаеус, вториот најголем именувач на животни после Адам. Очекуван потег. :kafence:
Јас пак правев ДНК тест за потекло, да разбијам сомнежите бе, резултатот беше 97% балканец и 2% неандерталец, значи само според првото дефинитивно животно, сите сомнежи разбиени :noze:

Ок. Таксономијата е наука. Науката се занимава со осознавање на материјалниот, физичкиот, објективниот свет, природата. Во која спаѓа и човечкото тело како хомо сапиенс. Така може да се каже дека телесно, биолошки, материјално, човечката природа е животинска. Self-checkmate, you win chupe. Hehe just kiddin chupe.

Немам друга теорија за потеклото на хомо сапиенсот (ласкачко име, мислам дека телесно сме несвето тројство од хабилис, еректус и 2% сапиенс) освен онаа дарвиновата, еволуција преку природна селекција, но бидејќи се е создадено од Бог, преку законите на физиката и законите на биологијата за мртвата и живата материја респективно, сепак крајното потекло на хомо сапиенсот и се друго е Бог.

Но јас не зборам за телесното потекло на човекот, за неговата природа, јас зборам за неговата суштина и есенција, која е духовна и божествена и натприродна. Божјиот Дух вдахновен во човечкото тело, во хомо сапиенсот. Жива душа, не жива материја. Телото е храм во кој живее духот, смртното тело во кое е присутен бог.
ЈАС СУМ.

Тоа е откриената теорија за потеклото на човекот, дека нашите тела се создадени од (звездена) прашина, оживеана материја, во која резидира духовна ДНК од Бог, Божјиот лик, Божји деца, богови, натприродни битија, ослободени од законите на природата, преминати од природна селекција во божествена селекција.

Ќе спомнам неколку богови-филозофи, феноменолошки егзистенцијалци, кои имаат пишувано по нешто за оваа... човечка суштина, со малку поразлични зборови, Киркегард, Хусерл, Јунг, Хајдигер, Сартр. Но за почеток доволно е и да ме читаш само мене. ;)



Did I win chupe?
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Во многу училишта на САД родителите бараат оставки од нивните директори и наставници.на родителите вееќе им е преку нос од спроведување на Woke,BLM,LGBT и други експерименти и перење на мозоци врз нивните деца.И покрај тоа овие упорно си ја тераат својата гнасна пропаганда врз децата.Кај да е и нас не чека истово пошто сме претежно население со бела христијанска нација.Ваков социјален инжинеринг немало ни во Сталиновиот СССР,само Црвените Кмери и Гебелс им се конкурениција.
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.797
Поени од реакции
8.387

Во својата нова книга „Паразитскиот им“ расправате за тоа дека најголема закана за опстанокот на човековиот вид не се големите ѕверови туку малите патогени, оние кои можат да го преобликуваат човечкото однесување до бизарна непрепознатливост. Зошто користите аналогија со паразитите?
Често проучувам однесувања на други видови за да пронајдам објаснувања за својот вид. Тоа се вика компаративна психологија. На пример, постои паразит кој се вика токсоплазма гонди кој го напаѓа мозокот на глушецот. Глушецот го губи природниот страв од мачките и му станува привлечен мирисот на мачјата урина, што не е најпаметно ако си глушец. Слично оперира и човекот. Еднаш кога ќе се заразиме со извесни идејни патогени, ги губиме капацитетите на критичкото мислење. Ја губиме способноста да се користиме со разум, логика, научни методи итн. Она што го занима секој епидемиолог е- нултиот пациент. Од каде доаѓаат овие идејни патогени? Жал ми е што морам да кажам, но мнозинството на тие деструктивни и глупави идеи весело пристигнуваат од еко-системот наречен универзитети на САД.


Дајте некои примери...
Еве го најочигледниот: редефиниција по родови прашања. Луѓето кои страдаат од извесни облици на родова дисфорија треба да бидат третирани со почит, без шовинизам и омраза. Но, тоа не значи дека заради благородната цел за општествена правда треба да се жртвува научната вистина. На американските универзитети актуелна стана идејата мажите да имаат менструација. Милитантниот феминизам е уште еден идеен патоген. Културниот релативизам, идентитетските политики, од научен аспект тоа се идејни патогени. Ако барате заеднички чадор на сите овие идеи, тогаш тоа би бил постмодернизмот. Тоа е интелектуален тероризам затоа што во суштина се опира на концептот на објективна, научна вистина.

Ги користат ли младите бруцоши тампоните кои, по ново, можат да се најдат во машките вецеа на Универзитетот Јејл?
Се разбира. Мораат (се смее). Неодамна му се извинив на светот кога сфатив дека бракот со мојата сопруга е комплетно трансфобичен бидејќи, барајќи жена со која ќе имам деца, барав жена со вагина. Тоа беше многу шовинистички од моја страна, бидејќи, евидентно, постојат жени со вагина и жени со пенис. Да не бев толку трансфобичен, денес ќе можев да имам жена со пенис.

Комплетно неверојатно е што наметнувањето на родов идентитет на деца од страна на прогресивците, нешто против кое иницијално се бореа, сега има станато прогресивна кауза. Во САД и Канада денес имаме експлозија на родители кои откриле дека нивните деца се трансородови на возраст од три години.


Но, не мислите ли дека некои од тие идеи, сепак доаѓаат од благородни побуди?

Доаѓаат. Но на сите им е заедничко што на крајот еволуираат во нешто гротескно, затоа што благородната идеја им е поважна од заштитата на вистината. Решението не е да станеме свет во кој ќе нема биологија, човечки универзалности, морални вистини. Вистината не смее да се жртвува на олтарот на можните консеквенци. Тоа е како да ја укинеме физиката затоа што таа има доведено до атомска бомба.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.647
Поени од реакции
4.954
НЕ сакам да ви се умешам ама хомосексуалност не е никаков проблем ни на конзервативци. Минстри и лидери на десни партии се хомосексуалци. Туку проблемот е што има групи кои сакаат природата да ја покажат како не природна. Родител 1 и 2, некогаш можеби и 3 и 4. Дека не постојат полови. Дека маж со жена и деца не е нормалата туку не нормала. Тука е проблемот. Иначе што се дешава во спалните не треба никого да интересира. Тука сум либерал колку што може.
Психијатрија е Медицина, Медицина е Биологија, Биологија е природна...
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.797
Поени од реакции
8.387
Дали со замирањето на темава замре и декаденцијата или е само затишје пред бура!?
Да стивне короната па ќе се засили декаденцијата и дискусијата околу истата :D
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.860
Дали со замирањето на темава замре и декаденцијата или е само затишје пред бура!?
Не е ова тема за бугарски пасоши па да биде супер-популарна, сепак тука треба каква-таква кохерентна мисла што за жал е над можностите на добар дел членови и членки :)
Со ликови како оние четниците пример, што може да се очекува.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom