Oxford dictionary a?
Se osekam ko Charles Darwin.
Well chupe... alea iacta est.
On the Origin of Species
Published 24 November 1859
Oxford English Dictionary
Published 1884–1928 (first edition)
1989 (second edition)
Third edition in preparation
Still does not compute. I Darvin bi se osekal kako Darling
Inaku ti chupe od koja sorta na feminizmo si ako ne e tajna? A za chastenje ne se sekiraj, podobro pochasti go wannabe cool kid-ot
@Anon, mislam deka e malku ljubomoren na mojata kreativnost, ekscentrichnost, dlabokoumnost, trudoljubivost i vremeto koe mozam da go posvetam na tebe
Ahem. Soopshtenie do site duhovni pacienti: Ako namalete so navredite i mikroagresiite mozhebi ke postiram ushte meminja i ushte popametni postovi. Ako i samo mozhebi.
Lj2.
Your turn chupe.
Големите компании се комунизам во мало. Влезот на пазарот е ограничен и креирањето на политиките зависи од политичарите кои ги имаат во својот џеб. Индиректно ги диктираат политиките. Куповната моќ им дава можност да поседуваат и ресурси каде реалокацијата креира огромна социјална раслоеност. Поентите на левицата ми се јасни, само не може да се зголемат даноците и големите компании да се гледаат како плашила затоа што од нив зависи и технолошкиот прогрес. Дури и тајните служби, па и војската ги користат плодовите на големите компании. Ако решат да го напуштаат американскиот пазар, лошо ќе се манифестира по американската економија. А таму каде што видовме сериозен државен интервенционизам, сега тие сектори се големи пусти полиња без плодна почва.
Ги разбирам и големите компании (па и корпорации) каде ги ранат организациите и движењата на левицата со намера да не бидат заокружени како мети. Дури тие и бараат трансформирање на пазарот (економијата) и општеството, затоа овие движења имаат лепенка "радикални" до своите имиња. Големите сакаат само наратив за повисоки даноци, но не и реализација на тој наратив. Бизнис логиката е максимализација на профитот, па дури и кратење на трошоците. Единствената точка на моето усогласување со овие движења и организации на левицата се таксите (регулативите) за загадувањето на околината. Кока Кола е еден од најголемите загадувачи во светот. Оваа непозната сеуште е нерешлива енигма.
Сега САД си има ново плашило-Кина. Ако ја гледаш поставеноста на нато базите во светот ќе воочиш дека Кина не е безбедносен ризик за светот и САД. Кина вложува во сектори каде САД чека реализација во истите од приватниот сектор. Политичката стабилност, големата чизма и брзото носење на политичките одлуки и се огромен плус на Кина. Во САД такво брзо усогласување има само кога се спремаат за војна, дури, за жал, нема ни кога ќе им се случи одредена непогода. Хуманизмот и солидарноста се мртви во тоа општество.
И БЛМ е организација која има своја организациона структура. Има лидерство, има финансии и политичка моќ. Организација која остави 2 милијарди долари штети зад себе, 10тина мртви и менување на политичката клима кон лево. Дури нема ни дистанцирање на Демократската партија од оваа организација. Се свртеа и против полицијата (а пред тоа и против семејството), која е клучна компонента за јавната власт. На долг рок лошо ќе се манифестира врз левите политики. Тоа им донесе огромна политичка моќ на конзервативците која ќе беше многу евидентна да не се злоупотребеше Ковид состојбата за гласање преку пошта. Ако има промени во начинот на гласање од Врховниот суд, што е на маса и треба да се изјаснат дали ќе го земат овој предмет, може уште на наредната година Републиканците да го вратат Претставничкиот дом.
Левицата мора да се дистанцира од БЛМ и од Антифа.
Баш сакам да видам која ќе биде таа голема компанија што прва ќе го напушти американскиот пазар, кој им е над 50% од приходите, кој ли правен лик ќе биде тој пионер, тој голем јунак?
Не зависи чинам толку од нив технолошкиот прогрес а и да зависи не може да се употребува како оправдание за нивниот интервенционизам во „системот“. Ако говориме за Биг Тек, да на почеток се иновативни и се на вистинско место во вистинско време, но потоа растат со груба игра и со јадење на помали иновативни компании. На пример Гугл има проголтано 243 компании и уште не е сит. Ни Гугл сит, ни кутрињата на број. Инаку факт е дека интернетот е проект на DARPA, агенција на американското министерство за одбрана. Исто така факт е дека многу од иновациите не би постоеле без универзитетите, нон-профитните и државните. Исто така факт е дека компаниите не толку измислуваат нови работи, колку што знаат како да ги искомерцијализират за масовна консумпција...
Мислам дека некои овде имаат погрешна слика за улогата на државата и нејзиното мешање во „системот“. Државата е системот. Без држава нема економија, нема пари, нема пазар, нема компании. Без закони и регулации, без право на сопственост, без стабилна монетарна политика и макроекономија, без ред и мир, без мечот на државата нема бизнис, нема работа, нема општество. Компаниите профитират од државните инвестиции во општеството, од инфраструктура, образование, здравство, наука и експериментална технологија... Не постои селф-мејд компанија, ниту селф-мејд билионер. Значи подобро нека му го вратат цезаровото на цезарот, зошто мечот е веќе свртен и кон нив...
Тие компании се брендови. Бренд постои само во колективниот ум и таа ментална слика само ја апдејтираат со рекламите и „нивните“ „иновативни“ продукти. Се е ова масовна психологија, се обидуваат да изгледат фини, културни, кул, мејнстрим, емпатични, во тек со времето, како Анон бе, а они само си терат профитот, како оние крипташите
Слично е и со берзите и цените на акциите, се е во перцепцијата на вредност, ако сите веруват дека нешто вреди тогаш тоа се купува масовно и тогаш навистина вреди. И обратно. Менталитет на стадо. Сега со апликациите ептен се исдемократизира, нема веќе чување пари во банка, се оди на берза во меме стокс
Инаку еве по иницијатива на Џо G7 се договорија да воспостават светски рамен данок 15%, нов даночен поредок, што е всушност попуст ако се земат во предвид номиналните стапки кај повеќето земји, ама ако прават далавери и тука тогаш треба веднаш вадење мечот и колење неколку дебели капиталистички свињи по ред и редистрибуција на колбасите меѓу сиромашните или ако е премногу драматично ова тогаш остантите држави да почнат со деглобализација и можеби деамериканизиција, ако не е прекасно...
Кина е андердог, но полека се претвара во топ дог. А Америка во хот дог хахаа
Самата големина, потенцијал, нетранспарентната и централизирана моќ се застрашувачки. Веќе имаат економска доминација во Источна Азија, најголем трговски партнер се на сите држави во регионот а си имаат и планови за политичка и воена доминација таму и пошироко... Кина е поефективна држава моментално. Тиранична, но ефективна. Кина научи економија од Америка и политика од СССР и сега е две светски сили во едно.
Америка работи на друг принцип, таму веруваат во Бог а не во државата, бар така велат де, така им пишува на семоќното доларче кое го принта државата, во Кина веруваат во државата ама не во Бог, некои не веруваат ни во Бог ни во држави туку само во биткојн, други веруваат дека хуманизам и солидарност се застарени и опресирачки идеи кои ја ограничуваат слободата на поединецот, повеќето веруваат дека се животни, скоро сите денес веруваат во џендери и така, но тоа е либерализам, секој со своите верувања...
За БЛМ и Антифа не е така едноставно, ти го имаш тој десничарскиот наратив, они имат друг наратив, но ваквите движења и организации не се рандом изникнати, можеби корените им се во пеколот, но има причини за нивното постоење, како што има причини и за фашизмот и за комунизмот и за либерализмот и за штотизнамизмот, тие се реакција на нешто гнило, нешто труло, нешто токсично, нешто декадентно, нешто грешно...
Инаку 90% од демократите изјавуваат подршка за БЛМ. Ако се дистанцира сега левицата од нив ќе биде уште полошо, ако нивниот глас не се слуша во конгресот тогаш ќе биде слушан повторно на улиците. А видовме доволно колку се гласни. Слушање и разбирање, ако не тоа тогаш граѓанска војна и така...
И редно е и ние да се дистанцираме од Америстан и нивните проблеми и да не му се мешаме во работата на гренпа Џо или кој и да е главен таму...