Дали е опасно да се живее безбедно?

MaRiNa`Oh

стара школа
Член од
26 март 2005
Мислења
3.484
Поени од реакции
28
Сатори го цитираше Ниче не за насловот, туку за да долови поента.

Еми, си ги утнала луѓето.:smir:
Поентата беше сфатена.
Сум ги утнала луѓето? Или тие ме утнале мене?
 

Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.372
Поени од реакции
85
Околу тебе се, помагаат, љубат, те враќаат кога не си при себе, а при враќањето даваат и малку од себеси.
Мислиш попримаш нивни особини као, с ким си такав си :)
И сеа се чудиш кај завршуам ја кај почињаат тие? Која е Марина без нив? Тоа ли тоа објективно себе кое го бараш? И претпоставувам дека мислиш дека се компромитираш себеси со тоа што дозволуваш околината да те обликува? Тоа ли цела работа?


п.с. Ај да го откачиме тој висок стил. Во свој елемент се осеќам вака. Како на маалски муабет.
 

MaRiNa`Oh

стара школа
Член од
26 март 2005
Мислења
3.484
Поени од реакции
28
Висок стил? Пишувам вака, зборувам вака. Не сум од „онаквите“ колку да се покажам или шознам шо.
Марина не е збунета. Марина знае која е Марина без нив а која е со нив. И не и смета тоа што е милион пати подобра со нив, иако се „компромитира себеси“. Шо и е гајле кога вака и е подобро.
Само ја интересира што мислат другите за тоа.
 

Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.372
Поени од реакции
85
OK. Мое мислење е дека, тоа е двонасочна улица. Околината влијае на човекот, а тој неа. Природна работа. Некогаш човекот се прилагодува повеќе, некогаш околината.
п.с. А дали Марина секогаш си се обраќа во трето лице?:pos2:
Се зазам бе, и немав намера да те навредам (освен ако Марина не беше наврадена:pos2:, во кој случај, ќе кажам дека немав никава лоша намера:wink:)
И поздрави ми ја Марина, кога ќе ја видиш. Позз
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
А зошто еднострано да размислуваме? :)
Мора да има потенцијални шизофреничари или мултиперсоналци во секој од нас, кои при одот по линијата ќе бидат генијални.
 

Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.372
Поени од реакции
85
А зошто еднострано да размислуваме? :)
Мора да има потенцијални шизофреничари или мултиперсоналци во секој од нас, кои при одот по линијата ќе бидат генијални.
Чекај бе па ти, кај отиде, јас само се зазав.
А, иначе, викаат дека линијата помеѓу лудиот и генијот била тенка. Не би знаел:toe:од искуство да кажам.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Човекот, од памтивек живее во групи. Тој е социјално суштество, на кое му се потребни и други луѓе со кои егзистира во општествени заедници(освен асоцијалните, аскетите во изолација и сличните на нив исклучоци...сепак, нив ги прескокнуваме затоа што тука збориме за мнозинството).
Поради тоа, неопходно му е да се прилагоди себе си на останатите луѓе и на групите кои со нив ги формира. Т.е, сосема е природно и неизбежно е да си го моделира однесувањето во согласност на нив (и тука не мислам на лицемерие и лажно претставување, барем не на она со негативна конотација).

Затоа, не можам да зборам за некоја исклучителна посебност и слобода на индивидуата. Всушност, не ни знам дали нешто такво постои, онака конкретно дефинирано. Барем, досегашното искуство тоа не го покажало. Она пак, што ни покажува е дека мнозинството и големите групи се фаворизираат и земаат во предвид. Не изолирани индивидуи.
Што и не е толку нелогично. Сепак, огромен дел од нас е оформен врз основа на контактите и соживотот со другите. Кога ќе се отргнеме од нив, не знам колку од "нас самите" би останало. Веројатно би останале преполовени, а не исполнети, повторно родени, или целосно осознаени.
Ни требаат другите луѓе за да се огледаме во нив. И преку нив дознаваме што сме. Во најголемиот број на случаи.
Сами многу тешко можеме. Па, ни останува изборот само на какви групи ќе припаѓаме.
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.509
Поени од реакции
1.731
не треба да се трудиме да следиме некои правила и прописи за да се чувствуваме дека некаде припаѓаме.
напротив, треба да живееме според нашите погледи кон животот, односно, како што ние мислиме дека треба да живееме.
ние веќе припаѓаме некаде, сакале или не.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom