Јас мислам дека е можно, затоа што светлината е составена од честици наречени фотони, кои како што знаеме се многу пати помали од атомот, па дури и од електронот. Некој погоре направи споредба со звукот, што не е валидна, звукот се шири/движи во вид на бранови низ материја, а во вакуум нема звук. И брзината му зависи од материјалот во кој се шири, во воздух е многу помала одколку во некој метал, брзината е правопропорционална со густината на супстанцијата. За светлината важи обратното.
Друг, погоре рече дека триењето би било преголемо за да се движиме со брзината на светлината низ атмосверава. Епа што бара да се движи низ атмосверава, ако како прво со таа брзина, во секоја секунда би ја вртел земјава по 7 пати, и незнам дали би било можно со таа брзина да може да се смени правец, за да би се движел на земјава.