Сепак, тоа не е омраза, тие заради своите предрасуди не ја поднесуваат таа одредена група (што е жалосно), но не и ги мразат. Некој да ти гази по нерви и да те нервира не е исто ко да го мразиш. Ако не сакаш да бидеш во нечија близина, не значи дека ја мразиш особата.
Кога мразиш некој му посакуваш се најлошо, а нема логика да посакуваш нешто лошо да му се случи на некој што не го поднесуваш. Целиот концепт на омраза мене како таков ми е нејасен и туѓ, ама тврдам дека не може да мразиш некој што никогаш не си го запознал, може само да те иритира или да не го поднесуваш. Има огромна разлика.