Дали е исто?
Исто е.
Убивство е убивсво а кражба е кражба, само што ако ги направиш на своја рака ќе си кривично гонет и казнет а ако имаш “одобрение“ од повисок авторитет тогаш само си ја вршиш работата.
Човековата “филозофија“ да се дистанцира од извршено дело само поради фактот дека така некој друг му “наредил“ и тој самиот не е крив туку крив е “наредбодавецот“ е во најмала рака дискутабилна.
Според едно истражување не се сеќавам баш на деталите ама резултатот беше дека некаде околу 66% (2/3) од луѓето се потенцијални ЛАДНОКРВНИ убијци односно се спремни да убијат (дури и невин) само ако им се “нареди“ од ватевер авторитет.
За случајот со “легално“ крадење процентот сигурно е многу повисок.
Ако дискутираме нели за тоа дали некое убивство, треба и колку да е казниво, секако дека ќе има разлики во перципирање и секој според неговите убедувања може да оправдува или да суди.
Беше даден пример со војската. Според мене не секој војник е ладнокрвен убец. Војник што си го брани домот и најблиските и е во битка во која е со подеднакви шанси и да загине е далеку од убиец, некои нели и се херои. Ама војник на кој што му е доволно надредениот старешина да му “нареди“ - „пали го селото и коли се што ќе видиш“ и овој ја изврши наредбата го става во ред на психопатски убијци кои што едвај чека да се “ослободи“ од одговорност а да ја задоволи жедта за крв.
Околу крадењето.
Циганчето што беше наведено во примерот, од каде знаеш може и тоа да е “невино“. Повисок авторитет родител некој на пример му вика „оди кради“. Не е криво детето туку родителот ама сепак тоа ќе го јаде (а може и родителот
) бидејќи немало дозвола од повисокиот авторитет кој што воедно е задолжен да казнува а тоа е државата.
Државата како доста висок авторитет си легализира неколку начини за легално, според закон, крадење.
Легални лопови (со тапија) во државата се: политичарите, адвокатите, судски извршители... неколку монопол компании што ги имаме... ама тие “според закон“ не крадат и затоа не се кривично гонети.
Јас на пример имам страшна аверзија кон овие професии и никогаш не би можел да ги работам. Е сеа ни мојава работа моментално што ја работам не е баш најчиста ама освен што ги “лаже“ луѓето да трошат (доброволно не присилно) пари нуди и одредно задоволство. :kesa:
Многу е итересен фактот што над секој авторитет има друг “појак“ авторитет па испаѓа дека секој нели е допирлив, односно може да добие казна за сторена кражба или убиство.
Многу владини и вискоки државни службеници си добија (се надевам и други ќе добијат) пресуди за според нив “легални“ кражби.
Исто така и некои “легални“ убијци си го добија од судот во Хаг. (не го мешајте Јохан овде)
Ама стои и фактот дека сепак некои се “недопирливи“, треба само да се на “вистинската“ страна. Ниеден американски војник или функционер не е суден (и нема да биде) за злосторства или за водење на нелегална војна.
Баш ме итересира што мислите кој е највсоко на скалата од авторитетите и дали некогаш ќе се укине тој авторитет кој што може да легализира УБИСТВО?