Дали е добро 85 % од младите да се запишат на факултет?

AdRi*

Obscenely Delicious
Член од
10 декември 2007
Мислења
651
Поени од реакции
41
Ако можете 5.000 годишно да тргнете за брат ти (500 месечно) и да останете просечни - тогаш не ќе да сте баш просечни : )

Пола држава не работи. Од другата половина која работи, пола од нив работат за 8.000 до 12.000 денари. Државна администрација пичи околу 25.000-30.000. Заедно со некој мал процент на менаџери во успешни компании кои зимаат над иљадарче и сопствениците на бизниси кои имаат месечни примања по неколку иљадарчиња (евра нормално) се стига до статистичка бројка за некоја просечна македонска плата од нешто над 20.000 денари. Ај сега, колку од овие "просечни" со плати со кои не може да се преживее, ќе можат да тргаат по 500 евра месечно за да им овозможат на своите деца да студираат?

Ама океј, се е релативно, па дури и како некој го поимува просекот. Али, што знае дете што е просек или колку е просечна плата: )
Добро изгледа не сум била свесна за лошата економска состојба во државата:smir:
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
знаењето е сила, знаењето е моќ, знаењето ЧИНИ ПАРИ. факт. како тоа што 85% од младите ќе се запишат на факултет ќе го смени тоа? дали се зголемува државната квота? дали се намалува партиципацијата? се намалуваат цените на книгите? НЕ! само тие кои не можат да си дозволат уште повеќе се фрустрираат, затоа што, нели, без факултет тешко нив. отидовте во сосема погрешна насока. и НЕ, во Македонија, се уште, образованието не е привилегија на оние кои имаат повисок стандард. тие што имаат повеќе пари, одат на приватен, сите оние други одат на државен, кога веќе решивте така да ги дефинирате работите. и доста веќе со тоа дека со пари се земало место на тие кои го заслужиле. на кој факултет е така? на правен и економски! каде што и онака примаат милион студенти кои после и онака седат дома барем по 3-4 години додека да најдат работа (освен неколку среќници).
и за трошоците нели се отворија факултети во секој град сега? ако толку им е мерак да студираат, нека студираат тоа што им е достапно.
патем, најде некој земја во која 85% од било која генерација (еве од 1900 до 2000 било која година) се со факултет?
 
J

Johnny Stulic

Гостин
Мојот коментар е сосема логички поврзан затоа што кога спомнуваш конкретни земји, треба да знаеш и конкретни податоци. Кога веќе ја спомна САД како современа земја (значи ВЛАДАТА и раководството на земјата) не се претргнуваат од фаворизирање на високо образование. Повеќе пари даваат за кампањата за приклучување во армијата, отколку за образованието. Рекламите и кампањите се од приватните факултети кои искрено, баш и не се многу заинтересирани за процентот на образувани луѓе, туку се позаинтересирани за заработката која тие би ја имале од луѓето кои ќе се образуваат баш на нивниот колеџ. значи, it's all about the money. Владини кампањи за високо образование баш многу и нема.
Значи, делот кој се однесуваше на твојата изјава беше во првиот пасус. Другите пасуси беа коментар на други изјави, ама ме мрзеше да ставам мулти-цитат :pipi:
".
Ајде те молам дај ми ги тие конкретни податоци за САД.
Во САД во првите топ 100 универзитети не знам дали има и 10 државни знам најдобро котираше Беркли на 20 и некое место и тоа пази во просек студирањето на нив чини околу 25000-30000 годишно без разлика дали е Хардвард,Јеил,Колумбија,Корнел значи цената е таа но цената на Беркли е иста околу 27-8000 освен за граѓани на Калифорнија каде е околу 8000 долари годишно и воопшто нема бесплатно образование.
Ова не значи дека владата на САД не е заинтересирана да има високообразовен кадар во САД и дека не ги рекламира државните универзитети туку највероватно не може да се снајде најдобро во тој пазар затоа и изгледа дека делуваат незаинтересирано инаку за реклами и приватните и државните се рекламираат не знам каде тоа си видела дека државните универзитети во САД не се рекламираат.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.731
Поени од реакции
12.162
на правен и економски! каде што и онака примаат милион студенти кои после и онака седат дома барем по 3-4 години додека да најдат работа (освен неколку среќници).
Абе не седат тие дома и да чекаат работа, посебно со тие факултети. Бараат, рмбаат што ќе најдат, а во меѓувреме пуштаат сивија по фирми и бркаат врски. Само, барајќи и подработувајќи разни работи имаат надеж дека кога тогаш со документот ќе си го најдат местото во општеството.
Според годините би требало тоа да го знаеш-тие се генерациите...ако живееш во Македонија.

знаењето е сила, знаењето е моќ, знаењето ЧИНИ ПАРИ. факт. како тоа што 85% од младите ќе се запишат на факултет ќе го смени тоа?
А што би требало овој процент да смени и што мене треба истиот да ми пречи. Мене ми дала државата можност како и на другите од моја генерација, но не сите завршиле. Едно е запишани студенти, друго е завршени студенти на додипломски студии. А некој може и еу квотата и високообразовната политика на Еу да ги погледне за да види кој е трендот и кој е процентот на запишани, дипломирани во тие земји.

во Македонија, се уште, образованието не е привилегија на оние кои имаат повисок стандард. тие што имаат повеќе пари, одат на приватен, сите оние други одат на државен, кога веќе решивте така да ги дефинирате работите.
Не е привилегија сеуште, за среќа затоа што има револвинг кредити со 15-16% камата. Ќе се задолжиш, ќе го запишеш детето, а после што треба да не купуваш и трошиш ништо само за да вратиш камата...тоа е друга работа.

А зошто ова би било привилегија на богатите. Тие се поинтелигентни, попаметни?

Уосталом што смета ако народот е малку поописменет, поедуциран...не е наодмет.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Дечки. Едно е еднакви можности за сите, а друго е еднакви можности кај сите. И да е сосем бесплатно, финансирано од државата или од некој филантропски фонд, сеедно, пак 85% е неразумна цифра. И немојте со тоа „узурпирано од богатите“, статусен симбол и сл. Капитализам е. Get over it.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
1. Идејата е повеќе од одлична. Изведбата е подстандардна.
2. Жалам што напишав така. Не сакав да ти се обратам тебе лично :( Сериозно немав намера на те навредам.
3. Шуто и чопаво, како метафора. Како карактерна црта или интелектуална рефлексија на „шутиот“. Не како физички опис.

инаку... негледам зошто некој би сакал да исполни некој услов со цел да стане шут и чопав...?! И зошто мислиш дека јас би требало да предлагам избирање, делење или бркање? Да не си заинтересирана за позицијата? :P

Секој треба сам да си одлучи што ќе прави. Не некој да му каже или да прави како што прават другите, само затоа што е in.

Една година пиперот ќе роди и ќе се продаде арно. Идната, сите ќе посеат пипер. Ќе никне, ама ќе им скапе, непродаден. Оти многу пипер, на пазар. - Мала аматерска проекција состојбата на пазарот на трудот со високообразованите кадри во земјата за првата петолетка на проектот „факултетско образование за секое дете“.

Каков процент е тоа 85%?!? Батали што е глупо и времетрошечко. Се арчат години, за полно од нив можеле нешто да пробаат, па кога ќе го најдат тоа што стварно им лежи, го сакаат и им треба навистина во животот и/или кариерната патека, ќе си запишат право школо, за свои пари. И ќе го научат и завршат. Со насмевка.

Сигурен сум дека оние студенти кои се активни на форумов се во голема мера нетипични претставници од студентската заедница во земјава. Сакам да мислам дека повеќето од нив ќе се сложат со мене ако кажам дека, иако верувам дека секој е вреден и секого го бидува за нешто, не секого го бидува за се.

Или, не сите 85% се материјал за теоретски егзалтации или научна дејност. Далеку од тоа.

... или можда сме биле ужасно интелигентен, ама за жал, од злонамерните соседи, интелектуално потиснуван народ со милениуми, но ете, конечно, успеавме да процветаме, па годинава 85% ни се запишаа на факултет. Чудесии.

Убаво е да може секој што сака. Ама и глупо е. И за Тито беше така. Од таму ни е.
Изведбата е во склоп на идејата. Ако веќе отвораш факултет во секој град, имплицитно е со тоа да следува и поголем број на дипломирани и поголема конкурентност на кадарот. Што е тука нефункционално?Според тебе, има многу неквалификуван кадар со диплома. Каков парадокс...
Мене и да сакаш, не можеш да ме навредиш, јас студирам стипендирано до крај. И земи во предвид дека од сарказмот се намалува нивото на тестостерон.
Вака: Ти велиш дека не е во ред образовниот систем бидејќи секој еден ,,шут и чопав" (и јас мислев на интелектуална малформација, само што не сфатив кој ја има, а ниту ти ми објасни) може да се запише на факултет. Не верувам дека некој при здрава свест и памет ќе се прогласи за таков и доброволно ќе се откаже од правото за студирање, ако притоа има и финансиски капацитет.
За среќа, оваа твоја ариевска раса, нема да профункционира. Реално, не е можно. И Алберт Ајнштајн не знаеше да чита до 9 години и не му дадоа да се образува. Како би ги нарекол ти... хм..шупци?

И само уште ова... Со воведување на задолжително средно образование, факултетот престанува да биде она што некогаш бил во поглед на релевантна институција за не знам си колкаво ниво на знаење и кадарност. Магистратурите и докторатите сега ќе ја преземат таа функција.Наместо ние да се стремиме кон ова, ние како Бангладеж се враќаме наназад...

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Изведбата е во склоп на идејата. Ако веќе отвораш факултет во секој град, имплицитно е со тоа да следува и поголем број на дипломирани и поголема конкурентност на кадарот. Што е тука нефункционално?Според тебе, има многу неквалификуван кадар со диплома. Каков парадокс...
Мене и да сакаш, не можеш да ме навредиш, јас студирам стипендирано до крај. И земи во предвид дека од сарказмот се намалува нивото на тестостерон.
Вака: Ти велиш дека не е во ред образовниот систем бидејќи секој еден ,,шут и чопав" (и јас мислев на интелектуална малформација, само што не сфатив кој ја има, а ниту ти ми објасни) може да се запише на факултет. Не верувам дека некој при здрава свест и памет ќе се прогласи за таков и доброволно ќе се откаже од правото за студирање, ако притоа има и финансиски капацитет.
Се надевам дека забележуваш дека си како Хитлер. За среќа, оваа твоја ариевска раса, нема да профункционира. Реално, не е можно. И Алберт Ајнштајн не знаеше да чита до 9 години и не му дадоа да се образува. Како би ги нарекол ти... хм..шупци?

И само уште ова... Со воведување на задолжително средно образование, факултетот престанува да биде она што некогаш бил во поглед на релевантна институција за не знам си колкаво ниво на знаење и кадарност. Магистратурите и докторатите сега ќе ја преземат таа функција.Наместо ние да се стремиме кон ова, ние како Бангладеж се враќаме наназад...

За почеток, едно жалење за тонот кој преовладува во твојата комуникација и за квалификациите со кои ме китиш, иако нит ме знаеш, ниту, пак нешто од погорниов цитат е директно испровоцирано од мене како форумџија. Ако никот ти ја рефлектира животната определба, можам донекаде и да разберам зошто твоите претпоставки ги ставаш во „прстите“ на другите форумџии. Хитлер?! Ариевска раса?! Бог да чува.

Жено, све што викам е дека не сите матуранти имаат капацитет да учат високо образование. Ако ти мислиш дека сите можат да завршат факултет - на тоа ќе ти се изнасмеам, па ќе те упатам на резултатите од државната матура.

Ако сакаш да си студираш - бујрум. Ама ако си стипендирана, незначи дека господ си го фатила за муда. А она со тестостеронот и со сарказмот... ептен не ти го контам. Многу љуто.

Околу постот:
Нефункционално е што г'з преку глава отворија факултети каде нема соодветни услови за работа (види: нов закон за Високо образование) и нема мотивиран кадар да изведе соодветна настава (професорите се чувствуваат казнети што треба да патуваат по земјава, наместо да си го прчат по кабинетчиња). Импровизација. Не викам дека тоа нема да се среди за некое време. Викам дека изведбата, каква што е сега е тапа.

Аналогијата со Ајнштајн... Имам у маало едно циганче - супер е малиот и многу е бистар - матрапаз е и џамбаз. Мислам дека е супер дете. Незнае да пишува и чита (како аналогот) и нема да се запише на факултет. Како него (сега да не ме подбереш со ромиве) има и македончиња и албанци и турци, власи и горани и еѓипјани и срби што к*р ги боли за факултет, затоа што не сакаат да учат!!! Со мука идел у средно и едвај чекал да се отараси од клупата и сега може на мира да иде да си го растовара камионот или да ги сели комшиите за 500 денари.

Мислам дека како студент (стипендиран) треба да се обидеш светот да го погледнеш и низ очите на другите. Не секогаш високите алтруистички мотиви кои ги манифестираш пред светот (форумов) се споделени од сите во заедницата.

И плиз, немој да вреѓаш и припишуваш ствари што не сум ги кажал. Тоа е тажно педерска новинарска финта. Но, сепак, ова е форум и (речиси) се останува тука. Може да се провери.

85% е проклето неверојатно голем процент на запишани матуранти. Смешно.
 
Оној што нема капацитет,воља, трпение, или некоја рандом потребна особина за да се заврши факултет- нема да заврши. А да се запише-има право ако сака и ако положил матура. Од матурата поголема сегрегација, не може да се направи. И немој да ги земаш тие резултати за толку многу релевантни, може да се изненадиш. Непријатно.
Немој да продаваш демагогија дека без факултетско образование може да се снајдеш многу полесно отколку со факултетско. Да, точно е, постојат такви што прават пари и со основно-ама колку се? Син му на Амди Бајрам и уште некој со капацитети што ги насочил кон бизнисот или па имал способност да се пробие со пред-познавања од некоја област.
Не сум имала афинитети да го фатам Господ за муда, иако ми даде идеја сега...:tapp:
Овде со Ајнштајн не согледав ама никаква аналогија. Немаш никаква поента во овој дел од постот. Као... Ај сите да истовараме сканија?
Високите алтруистички мотиви, кои јас ги презентирам овде, како што можам да забележам се поддржани од поголемиот дел од луѓето. Никој не се противеше што секаде има факултети. Луѓето се задоволни и среќни. И немаат работа. Нема да имаат се додека не се отворат работни места. Тоа е проблемот. А не во образованието.

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Оној што нема капацитет,воља, трпение, или некоја рандом потребна особина за да се заврши факултет- нема да заврши. А да се запише-има право ако сака и ако положил матура. Од матурата поголема сегрегација, не може да се направи. И немој да ги земаш тие резултати за толку многу релевантни, може да се изненадиш. Непријатно.
Немој да продаваш демагогија дека без факултетско образование може да се снајдеш многу полесно отколку со факултетско.
Да, точно е, постојат такви што прават пари и со основно-ама колку се? Син му на Амди Бајрам и уште некој со капацитети што ги насочил кон бизнисот или па имал способност да се пробие со пред-познавања од некоја област.
Не сум имала афинитети да го фатам Господ за муда, иако ми даде идеја сега...:tapp:
Овде со Ајнштајн не согледав ама никаква аналогија. Немаш никаква поента во овој дел од постот. Као... Ај сите да истовараме сканија?
Високите алтруистички мотиви, кои јас ги презентирам овде, како што можам да забележам се поддржани од поголемиот дел од луѓето. Никој не се противеше што секаде има факултети. Луѓето се задоволни и среќни. И немаат работа. Нема да имаат се додека не се отворат работни места. Тоа е проблемот. А не во образованието.

Ти си, Новинарке, чудо од детета, сега ми е јасно!

Немој да продаваш демагогија дека без факултетско образование може да се снајдеш многу полесно отколку со факултетско.

А, бре, кој ти е, еј?!?!? Ти си читаш изглеа со твоја азбука... Плиз, ТЕ МОЛАМ, најди нешто такво во моите постови. И слушај... по 3 пат: Срамота е да ставаш зборови во туѓа уста!!! Тоа може да ти помине на кафе со другарките. Не на форум!

Од матурата, па сегрегација?!?! Што значи ова?! Каква сегрегација.

И она: „Луѓето се задоволни и среќни. И немаат работа. “ Е ова е за жестока доработка... пробај со „Измени“.

Аха... и како можам да се изненадам со резултатите од матура? Жити све, објасни ми?

За Ајнштајн. Ако он незнаел да пишува до 9 години, незначи дека сите останати кои незнаат да читаат на 9 години ќе бидат Алберт Ајнштајн кога ќе пораснат. Нема да бидат.

И ајде пак:
1. 85% е нереално висока бројка на бруцоши.
2. Секој заслужува да има можност да учи.
3. Не сите имаат капацитет, намера, мотив и желба да студираат (и ако некој ми каже дека овие 85% спаѓаат под оваа точка, жими све, ќе повратам врз лаптопов и нема да пишувам веќе тука)

...ова последново не важи за тебе, Новинарке ;)
 
:)Ме насмеа со последново да не пукниш:). Дали сфаќаш дека секој еден бруцош, нема да заврши? Тука ќе се направи сегрегација(одделување на шутото од она што не е шуто). Знаеме дека нема да бидат сите Ајнштајн, ама не може да им се оттргне правото да бидат образовани. Она што јас го предлагам, за подобро образование, е зајакнување на критериумите. Построги барања за влез. И еве-кон тоа се стремиме, воведоа матура, ќе воведат екстерни... Шо поише сакаме?
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Македонските факултети всушност и немаат едукативна функција, туку имаат филтрирачка функција. Никој на факултет во Македонија не оди да научи за она кое го интересира, туку да земе диплома. А ја земаат само оние кои се најупорни.

Системот на образовуање на студентите е тотално промашен бидејќи никој не го интересира што професорот има да каже на часови, а повеќето и воопшто не одат. Но тоа да речеме дека не е важно, кога ќе дојде време за проверка на знаењето, испитите ги поминуваат студенти прво без општа култура и без два реда основно образование само затоа што се упорни, умешни, или едноставно имаат што да понудат за да ја добијат фамозната шестка.

На крајот резултат е неквалитетен дипломиран “шоидае“ и 85% факултетски образовано население. Всушност реалната слика е поинаква, иако можеби сите ќе земат диплома, работодавецот ќе добие дипломиран “шоидаист“ само во 85% од случаите, но со запирка помеѓу бројките.
Новинарка напиша:
Она што јас го предлагам, за подобро образование, е зајакнување на критериумите. Построги барања за влез. И еве-кон тоа се стремиме, воведоа матура, ќе воведат екстерни... Шо поише сакаме?
Родителска желба за нешто друго освен правен и економски, и љубов на адолесцентот кон струката која ја одбира (со надеж) сам. А да, и факултетот не може да го учи секој, некои луѓе се створени за фудбал, не се за математика... ама нееееееее, сите треба да пробаме на медицина.
 
Член од
24 јули 2009
Мислења
5
Поени од реакции
0
Kako i sekoe nesto taka i ova si ima i dobra i losa strana.Dobro e toa sto narodot ke bide educiran, obrazovan.Se namaluvaat trosocite na semejstvata, se zgolemuva budzetot na drzavata :icon_mrgr, no od druga strana toa sto najmnogu me zagrizuva ne e toa deka ke ima premnogu kadri pa ke nema koj da gi raboti zanaetite i rabotite plateni pomalku, tuku toa sto opaga vrednosta na fakultetite.Luge ako nekogas bilo prednost da zavrsis sredno,fakultet, sega ke se dovedeme do situacija koga fakultetot nema da vredi nisto kako obicno sredno, a za da vredis nesto ke treba da zavrsis magistratura a mozebi i doktorat.:raz:
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
:)Ме насмеа со последново да не пукниш:). Дали сфаќаш дека секој еден бруцош, нема да заврши? Тука ќе се направи сегрегација(одделување на шутото од она што не е шуто). Знаеме дека нема да бидат сите Ајнштајн, ама не може да им се оттргне правото да бидат образовани. Она што јас го предлагам, за подобро образование, е зајакнување на критериумите. Построги барања за влез. И еве-кон тоа се стремиме, воведоа матура, ќе воведат екстерни... Шо поише сакаме?
Одлично! Супер предлози. Мислам дека на овој пост неможам да замерам ништо.

Ама можам да добацам: Не сакаме ништо поише! Сакаме само да се луѓето разумни и да не трчаат ко мулиња таму кајшто ќе им кажат пред вести.

Шуто од не-шуто треба да се оддели порано. Не да тепаат 5-6 години, да трошат пари на мама и тато и да не завршат. За тоа време можда ќе можат да направат друго нешто корисно. Само што бројките за невработеноста тогаш ќе бидат пореални и доста повисоки. А тоа нема да им се свиѓа на властите, нели? Манипулација со надежите на широките маси. Тоа е тоа. Никаква револуција во образованието. Само ефтин трик. Само што и тоа ќе си легне... со време.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom