Дали директноста е непристојна?

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Може не е непристојна, ама дека е непријатна, тоа е сигурно. Директноста секоаш е погрешниот начин. Почнувајќи од машко-женски односи, па критики спрема ближниот, па дури и комплименти, секое „поклонче“ е поубаво кога е завиткано. Малце целофан и си го решил муабетот. Може и не си го решил пошто после толку кружење на крај може и да испадне да не се сфатите со соговорникот, ама боље да остане у мисла чоекот, отколку да нејќе очи да ти види. :icon_lol:

Јас сум директна само у ситуации коа ќе ме здомрзи да лицемерам и да се праам фина, а сите имаме такви денови. Знаеш, коа од све ти е дојдено преку Тасета, па си толку ноншалантно рамнодушен, што мрза те пука да трошиш енергија на ублажени вистини.
Иначе избегавам, а и незгодно ми е да сум директна.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Psaj, me zbuni!
Jas mislev deka iskrenosta i direktnosta e pravilen pravec vo vistinito ziveenje!
Ili gresno te razbrav?
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Едноставно (да се умешам малку во дискусија) некои луѓе ги сакаат работите од околу. Ниту јас ниту било кој друг смее да си дозволи на таков човек да му кажува дали е тоа правилен избор или не. Ако за мене е поубаво да и пријдам на некоја типка директно, можеби за неа е малку нападен тој начин на пристап. Кога поради таа моја директност типката би ме одбила, таа воопшто не би била крива. Едноставно тоа се нејзините принципи кои ако на мене не ми се допаѓаат нема што да се мотам околу неа.:helou:
Еве ја ќе те вкључам со цитат у дискусијата :smir:
Секако дека нема тука виновни, но, “нејзините“ принципи се оние на масата. Генерално мораме да заобиколиме за да дојдеме до некого, и тоа е во ред, масата покрај простотилакот на милион теми го има и ова како особина, иронијата е во тоа што сите тие луѓе ќе кажат дека не сакаат многу забиколувања, сакаат искреност, сакаат директност, а никој од нив не може да го издржи тоа. Сите prefer лицемерие, а на сите им пречи истото кога ќе зборуваат официјално.

[vladimir напиша:
Хехехе ме насмеа искрено. А девојките ко демек незнаат дека ги лажеме и симнуваме ѕвезди за едно 15-20 минути "работа". Не дека не глумат фуфици и невини фаци али ако има некој кој со директен муабет(“Мала, твоите гради се апсолутно прекрасни, а твоето тело се движи како газела. Сето тоа прави да се чувствувам тотално запален за тебе и сакам да одиме во кревет голи веднаш“) легнал пристојна девојка на чоекот треба да му оддадеме почит. Многу модерни генерации искочија не дека сум нешто многу остарел али го сакам оној old fashioned way на додворување. На било кој начин поинаку ми се губи смислата на сета замисла околу тоа како треба да се приоѓа на девојка. И да, за мене директноста во овој случај е непристојна.
Тоа е најголемата трагика (болдот) што сите многу добро знаат што значат речениците кажани меѓу редови и немаат проблем со нив, и се гледаат луѓето во очи, се лажат и се смешкаат, но кога некој тоа ќе го исфрли на површина и ќе го каже гласно... Dude, wait, what? Као да си го кажал името на негативецот во Хари Потер, името кое не смеам да го напишам. :)

Модерните генерации само ја спуштаат границата на првиот секс и ја качуваат бројката на партнери со кои размениле бакнеж. Двоцифрена бројка сега е нормална работа, пред само деценија или две тоа беше лудост. И јас сметам дека до некаде тоа е и во ред, се додека тинејџ игрите со “лапкање“ и пипкање не прераснат во сцена од Kids филмот пропратена со алкохол и дроги.
Покасно, сите легнуваат на брашното, сите почињаат да се однесуваат the old fashioned way ко шо викаш, и сите ги играат лагите, зашо кога си постар и помалку работи ти се дозволени и ги имаш на лагер во моментот. Не смееш да си дозволиш една вечер да прокоцкаш зашто ти е мерак да си директен. Со годините многу лицемери стануваме, доказ за тоа се бабетините у маало, кој највеќе озборува? Токму тие.
PSYtisfaction напиша:
Може не е непристојна, ама дека е непријатна, тоа е сигурно. Директноста секоаш е погрешниот начин. Почнувајќи од машко-женски односи, па критики спрема ближниот, па дури и комплименти, секое „поклонче“ е поубаво кога е завиткано. Малце целофан и си го решил муабетот. Може и не си го решил пошто после толку кружење на крај може и да испадне да не се сфатите со соговорникот, ама боље да остане у мисла чоекот, отколку да нејќе очи да ти види.

Јас сум директна само у ситуации коа ќе ме здомрзи да лицемерам и да се праам фина, а сите имаме такви денови. Знаеш, коа од све ти е дојдено преку Тасета, па си толку ноншалантно рамнодушен, што мрза те пука да трошиш енергија на ублажени вистини.
Иначе избегавам, а и незгодно ми е да сум директна.
Same here. :helou:
Никој уствари не сака да си искрен со него. Као онаа славна реченица, “You want the truth? YOU WANT THE TRUTH? YOU CANT HANDLE THE TRUTH“. Баш така. Од старт, со сите сум многу или малку лицемерен во зависност од тоа колку негативни нивни особини морам да сокријам пред нив и пред себе. Во принцип барам нешто кое ми се допаѓа кај луѓето со кои сум на маса, во парк, во кревет, сеедно. Ако подоцна некој доволно ме импресионирал, ја спуштам завесата на лицемерието, и работите кои ми пречат, кои ги сметам за негативни особини на пријателот ги кажувам дрско и директно. Тогаш луѓето си одат, бидејќи не сакаат да слушаат вистина за себе. За другите да, ама не и за себе. Но, зошто би требало јас да му укажам на секого за неговите недостатоци од старт, само оние кои навистина ми се допаѓаат и ми значат треба да ја имаат таа привилегија. Па ако некој од мене во еден миг добие реченица од типот “Добро шо се глупираш, се гледаш ли шо збориш“ тоа значи дека доволно ми прираснал, и се чувствувам слободен да бидам директен и отворен.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Директноста е непотребна а понекогаш и штетна.
Пример ко ќе бендисам некое моме и сакам да си го земам ја не ом директ кај неа туку одам кај татка и и таму се договараме пазариме и ценкаме.
Исто така на работа директно в сурат не му велам на шефо дека е неспособно гомно кое само зато шо се оженил за внуката на газдата е поставен на то место туку тоа му го велам на колегата кој после преку баџанако шо има тетка чија помајка му е сваќа на кумот од вујкото на шефо ќе му пренеси индиректно.
Исто на комшијата директно не му велам дека ми смета и дека оградата ја кладе на пато кој го користев уше од мал туку ќе му запалам сеното ил ќе му го отепам песо ил ќе му отрујам кравата....
 
V

[vladimir]

Гостин
Тоа е најголемата трагика (болдот) што сите многу добро знаат што значат речениците кажани меѓу редови и немаат проблем со нив, и се гледаат луѓето во очи, се лажат и се смешкаат, но кога некој тоа ќе го исфрли на површина и ќе го каже гласно... Dude, wait, what? Као да си го кажал името на негативецот во Хари Потер, името кое не смеам да го напишам. :)

Модерните генерации само ја спуштаат границата на првиот секс и ја качуваат бројката на партнери со кои размениле бакнеж. Двоцифрена бројка сега е нормална работа, пред само деценија или две тоа беше лудост. И јас сметам дека до некаде тоа е и во ред, се додека тинејџ игрите со “лапкање“ и пипкање не прераснат во сцена од Kids филмот пропратена со алкохол и дроги.
Покасно, сите легнуваат на брашното, сите почињаат да се однесуваат the old fashioned way ко шо викаш, и сите ги играат лагите, зашо кога си постар и помалку работи ти се дозволени и ги имаш на лагер во моментот. Не смееш да си дозволиш една вечер да прокоцкаш зашто ти е мерак да си директен. Со годините многу лицемери стануваме, доказ за тоа се бабетините у маало, кој највеќе озборува? Токму тие.

Same here. :helou:
Никој уствари не сака да си искрен со него. Као онаа славна реченица, “You want the truth? YOU WANT THE TRUTH? YOU CANT HANDLE THE TRUTH“. Баш така. Од старт, со сите сум многу или малку лицемерен во зависност од тоа колку негативни нивни особини морам да сокријам пред нив и пред себе. Во принцип барам нешто кое ми се допаѓа кај луѓето со кои сум на маса, во парк, во кревет, сеедно. Ако подоцна некој доволно ме импресионирал, ја спуштам завесата на лицемерието, и работите кои ми пречат, кои ги сметам за негативни особини на пријателот ги кажувам дрско и директно. Тогаш луѓето си одат, бидејќи не сакаат да слушаат вистина за себе. За другите да, ама не и за себе. Но, зошто би требало јас да му укажам на секого за неговите недостатоци од старт, само оние кои навистина ми се допаѓаат и ми значат треба да ја имаат таа привилегија. Па ако некој од мене во еден миг добие реченица од типот “Добро шо се глупираш, се гледаш ли шо збориш“ тоа значи дека доволно ми прираснал, и се чувствувам слободен да бидам директен и отворен.

Друже кога збориме за машко-женски односи тоа "лажење" не можеме да го наречеме лицемерие. И двете страни имаат принципи, и се сложувам со фактот дека секогаш треба да пазиме на нејзините принчипи и да не искочиме ко некој сељак на пазар. Во една врска секако дека се симнуваат завесите и преферираме да сме директни ако ни е за секс или за било што, али не константно. Директноста незначи лошо избран фонд на зборови кои ке звучат сељачки и глупо.
 
Член од
15 декември 2007
Мислења
865
Поени од реакции
28
Понекогаш колку и да ја виткаш вистината,да ја украсуваш,покриваш,едноставно се проѕира.Премногу е очигледна.И во такви ситуации треба да се правиш слепец или да се фокусираш на декоративноста и креативноста па и да прогледаш низ прсти како награда за вложениот труд?

А понекогаш е до толку маскирана што не можеш крајот да и го најдеш,некој плетка врти,сучи и не си сигурен дека и самиот знае што сака.Единствено сигурно е што станало премногу матно,исплеткано и замрсено.Најверојатно некому му оди во прилог ова,но јас имам чувство дека тоа не сум јас.

Јас само се трудам да ги избегнам и двете.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Човек треба да биде директен, но тоа да не биде изведено на арогантен наичин.

Колку повеѓе се заобиколува толку е поголема веројатноста да се остави погрешен впечаток, и на крај се да излезе од контекст (ова е применливо за било која стиуација). Ама понекогаш сите знаеме дека е тешко. :)
Ко на пример како мал коа бараш од твојте пари за да јадеш хамбургер онака срамежливо, или па почнваш со некој увод за на мајкати да и биде криво ако не ти дае некој денар...хехе
 

Blue_Boy

THE WAY I AM
Член од
29 октомври 2009
Мислења
345
Поени од реакции
33
Дали директноста е непристојна?

Има различни сутации.Некогаш е подобро да си преќутиш и да си го зачуваш за тебе.Некогаш е потребно тоа да му го кажеш одма и после дома да не се туфкаш.Не секогаш донесуваме добра одлука.
 

oAr

Член од
14 јануари 2008
Мислења
17
Поени од реакции
0
Да директноста е непристојна и предизвикува реакции кај другите најчесто.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom