Зависи.
Постојат ситуации во кои едноставно е неопходна,се бара определување,бирање страна,пресекување,џа или бу ситуации и во такви секое заобиколување,одолговлекување,филозофирање покажува дека станува збор за слабич,лигуш и слични ниски форми на карактери.Презирам такви.
Непристојна би можела да биде во обратни ситуации кога сосема неповикан премногу експлицитно го искажуваш своето мислење,притоа заборавајќи на принципи на учтивост и културно однесување.
Кога станува збор за пристап,кај мене лично отсекогаш поголем успех се постигнува со директен пристап,нека е и непристоен.I`m a big girl,I can take it.Многу повеќе ме иритира и ич не ми е симпатично играње со зборови,шетање по тавани,дразнење нерви,губење време и тестирање интелигенција.Секој индиректен пат до целта го доживувам како обид за манипулирање или проверка на состојба на разум и свест.Не ја гледам поентата на глумење лудило кога е повеќе од јасно за што се работи.