Дали да се запишам во Орце? Што мислите за приемниот тест?

Член од
3 јуни 2020
Мислења
3
Поени од реакции
1
Фала на сите за мислењава многу, али според мене за мене е Орце најдобар избор, иначе живеам у Карпош и ми е блиску затоа и сакам покрај другите ствари што ми кажувале врсници 1-2 години поголеми за како е сега. Се мислев меѓу Орце и Георги ама дефинитивно за мене е подобар избор Орце. Не дека Георги е лошо, ама и за децата и наставниците се имам изнаслушано добри работи а и доста мои другари ќе идат таму. Секој има различни искувства, и да побитно е факултет, ама сега за сега во овие години тие 4 ми се мене најбитни, иначе фала ви ми олеснивте :)
Автоматски споено мислење:

Баце у Орце ако не склопиш друштво, нема каде.Буквално има луѓе од сите врсти, од џанаци, скопски фраери, спортисти до мамини мази и ученици, ама генерално сите се културни и цивилизирани.Не сум запознаен со последниве година две, можда има мала промена зошто научија дека е од топ 2 школи у ск со корчагин, па се сменија малце работите ама генерално, основата е иста.

Друже @анонимус не се мисли, пројди го побитниот дел од тоа за приемен испит што е, нема да имаш фрка.Можда малце стереотипно ќе влезам у наредниов муабет, ама има многу школи по Скопјево (и Македонија) што пишуваат оцени од ракав и не се баш сите 5ки исти.
Доколку влезеш, исто не се разочарувај одма, гледај да се адаптираш, имаше у моја генерација случаи на дечки кои биле првенци на генерација у нивното основно, да издишат на прва добиена 3ка/4ка и да се распаднат ко кула од карти зошто се разочарале од критериум/професори итн.
Не сум првенец, ама знам нормално е во средно да е многу потешко така да одам без големи очекувања:)
Автоматски споено мислење:

Последен ден у школо ми текнува......тапани и зурли. Си викам моја нога веќе не згазнува овде, и така и беше до сега, не сум згазнал. Ми текнува на бетонот пред школо, на квадрати поделен да не пука....додека го мислев ова.

Ако мене ме слушаш, бегај од таму....проклетија е тоа место :)
Искрено ме замисли ова малце... Се мислев и за Георги ама ќе видам :confused:
 
Последно уредено:

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Јас мислам да се запишеш зашто у мое време (кога бев средно) имаше најубави девојчиња таму. Поздрав и со среќа :masa:
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.740
Поени од реакции
27.733
Од ЈБТ беа шмизли и се облакаа у Фард. :motorce:
Токму затоа.
Начинот на облекување и однесување ги правеше привлечни.
Да не се лажеме дека машко во тие години го интересирало калуѓерка од Корчагин што сакала да го дискутирате Достоевски.
 
Ф

Флеш

Гостин
Токму затоа.
Начинот на облекување и однесување ги правеше привлечни.
Да не се лажеме дека машко во тие години го интересирало калуѓерка од Корчагин што сакала да го дискутирате Достоевски.
Шо да кажеме за Орце .... Униформите ни беа баш у момент кога почнуваа .... Кратка бела со џемпер шкуљав .....
Автоматски споено мислење:

Од каде сега ти мој брат? :несвест:
Пардон господине .... Не сакав навреда ... Со почит .... Вие се вративте .... Паузиравте ако не се лажам :LOL:
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Не само што ќе ти го препорачам Орце, туку ќе ти препорачам билингвална англиска во Орце.
 
Член од
16 декември 2011
Мислења
86
Поени од реакции
175
Еве баш се замислив да ти доловам нешто негативно за Орце, али нема :D

Прво, апсолутно дека има разлика помеѓу скопскиве гимназии и тоа не баш мала. Не може да е исто да учиш во Корчагин или во Кочо, на пример. Ок, Георги, Карев, ЈБТ се ОК места, но Орце си има некако посебен шмек, некаков урбан шмек (сеа не дека ја завршив таму :P).


Во ваков клучен период од животот во кој си, во Орце ќе научиш нешто повеќе од она во учебниците, ќе научиш да размислуваш за се во животот на вистински начин.
Нормално, треба да ти се погодат и професорите, и во самото Орце има исклучоци, но во принцип едноставно ќе уживаш.
Ќе треба малку повеќе внимание да посветиш на учењето од некои други места, но немој толку да се оптеретуваш со оцените, а со малку труд лесно ќе постигнеш се што се бара. Не е толку опасно ко што некои го прават, тешки будали се некои од професорите (во позитивна смисла :D) и 99% имаат супер однос со учениците.

За дружење едноставно е врв, јас познавав само едно дете од основно што се погодивме во ист клас ама за неколку дена брзо пронаоѓаш свој тип на пријатели и нема да имаш никаков проблем.

Таму ќе најдеш секакви деца, баш убаво го доловил тоа членот Штеф погоре.

Она што го нема во Орце ти се проблематични деца, тепачки и остали срања, 99% од децата се културни и кул во исто време.

Иначе девојчињата се топ, мада има и други школи на кои можеш да им посветиш внимание во оваа смисла ;)

Јас не бев билингвална, па нормално би ти препорачал обична, али мање више тоа е тоа, ок се и билингвалните :P


И тоа, со среќа!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom