Тоа и јас велам, што говорат фактите за македонците...дали ќе наведеш кога претходно постоела македонска држава со химна, знаме, Устав, јазик, црква, институции, како и споредбени податоци пред СФРЈ, за време НРМ и СРМ и сега во стопанството, станбениот фонд, услугите и инфраструктурата. Без факти, јас пишувам тоа што сум го гледал и живеел...од извоз на различни производи, станбено обезбедени работници до раб. места за сите. Дали ќе бил Тито или Кардељ или Бакариќ...во даден момент бил Тито.
ОК Lurtz, гледам дека сакаш да си го тераш муабетот како да сме пред некое гранапче со пивце и не те интересираат факти и детали, туку обопштена слика ала муабет на стринки на плот...
Твое право, така си решил, така терај си.
Lurtz напиша:
сметаш дека Македонија Југославија и нејзините борци требало да се борат против сите големи сили и нивните одлуки...а што ако (а тоа е повеќе од сигурно) повторно не дораспарчеле и довеле во ситуација да ја немаме Македонија која сме ја добиле по војната? Во војна против СССР, САД, ВБ, Франција...да не се залажуваме постојано за македонските бригади и Егејска Македонија.
Ете ја на дело "заспаноста во прегратката на крвникот" од која за жал патат огромен број Македонци.
Со муабетов ти не го славиш ни Тито, туку КРАЉЕВИНАТА СХС т.е. ЈУГОСЛАВИЈА (официјално од 1929 г.) која ни ги запечати границите уште пред почетокот на Втората Светска Војна, а другарот Јоже само ги потврди притоа сурово пресметувајќи се со вистинските македонски патриоти.
По истава "логика" и сега цел запад со ЕУ и НАТО ни сугерира "компромис за името" и според твоево ако некој го направи тоа, после 50-60 години некој сличен на тебе ќе го слави и одобрува тој чин како мошне мудар зашто нели ќе не "дораспарчеле" и слично...
Lurtz напиша:
Ок, наведи некоја друга личност која подобро ја третирала Македонија во било кој период од историјата. Јас не знам за таков, но ако имало...ок.
Ама што имам јас или било кој друг Македонец од тоа дали некој странец не третирал вака или онака и тоа со некоја нагласеност божем без него ништо..?!?
И упорно те прашувам и ти кажувам = токму Тито е спроводителот во дело на она што се вика потврда на поделбата на Македонија!
Ако за тебе тоа е "добар третман" и ти се слави таква личност, слави си го...
Lurtz напиша:
Ако се споредуваме со тие републики од СФРЈ, дали може да споменеме дека здравствениот систем бил образец за здравствениот систем во Шведска, дека туберкулозата, маларијата и слични болести биле совладани на ниво на развиените држави...дека сите селани од Македонија добивале куќи или станови и се вработувале во индустријата, а селата биле големи извозници во другите делови од СФРЈ и тој период е оној кога се јавил голем развој во тие села од електрификација до водовод, механизација која го заменила екстензивното земјоделие...и слични информации. Или сето тоа ќе го премолчиме пред младите и ќе ги лажеме дека оваа Македонија ги создала сите добра. Развојот на Македонија е неспорен, а во тој момент се затекнал Тито, а не некој друг.
Реков и пак ќе повторам = ТОЕ ВООПШТО НЕ Е СПОРНО!
Со таа разлика што сите тие работи ги направи МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, а не некој од страна.
Lurtz напиша:
Еве едно старо прашање...што сме имале пред да дојде екипата на дотичната личност...држава? Таа личност, нејзините потези се дел од историјата која јас ја гледам како придобивка. Жртвите? Жртви имале и американските држави и французите, германците...секаде се случувале илјадници па и милиони жртви во име на иднината.
Јас не гаам култ на личност кон тој човек, но факт е дека сме имале најголема придобивка во негово време. По неговата смрт се се распадна, кредитите и долговите се зголемија, почна голема несташица на продукти за на крај се да се испокраде.
Аман! Државноста не ти ја дал Тито, туку МАКЕДОНСКИОТ НАРОД кој сам си ја избори слободата!
А за систем и држава во која додека е жив некој диктатор наводно цветаат рози, за после да дојде до крах на економија и крвав растур-систем и на дечиња од градинка да им го опишеш ќе ти кажат дека е тоа ТРУЛА РАБОТА, и тој што тоа го направил и се величал за да биде на чело треба да одговара пред историјата, а не да се продолжува со негово величење.
Lurtz напиша:
Еве и еден пример за земјоделството. Земјоделската механизација на пример е стара и до 50 години, просек на комбајните околу 30 со што сме на врвот во Европа, а на дното по конкурентност во земјоделството.Загубите по тој основ се и по 10 и 11 милиони евра или во пари 200 нови комбајни. Ете еден пример за развој од СФРЈ од кој живееме и ден денеска. А за набавките и кредитите повторно бил "одговорен" Тито, екипата и нивните петолетки.
Ај Бог да чува и да брани...
Значи сега мајката му е Грујо или било кој друг што е на власт да се сотре од земање кредити, па кога ќе се тргне од власт наеднаш да испоцркаме ко стока, тоа ли сакаш ти..?!?
Ајде доста со детски муабети, срамота е...
Тоа е, покрај младоста, и нештото што најмногу им фали на југо-носталгичарите т.н. "безгрижен" живот на вересија.
"Клати врата - земај плата"...
епа прво ЧЕНТО незнам зошто мораш со толкава горчина да пишуваш ако пречи тоа што на темева се дискутура 7 страни ,можеше ништо да не напишеш и немаше да има толку многу страи
Не 7, туку 777 страни ако сакаш наполни тука, ама нека бидат со ИСТОРИСКИ извори, документи, факти па после врз нив донесувај заклучоци и прави споредби и паралели, а не да дрочиш тука како навиен до 101 и назад, тоа-па-тоа.
Сега разбираш зашто имам "горчина" или да ти цртам..?!?
NDarK напиша:
и темата е јасна дали го почитуваш животот и делото на тито и ти очигледно си гласал дека не го почитуваш и крај на приказната . тука на темава има и луѓе кои што го почитуваат , така да немораш толку жестоко да се убедуваш. јас го почитувам и крај неможеш со твоите постови да ми го смениш мислењето, како што и јас неможам да ја сменам твојата омраза кон тито.
неможеш да кажеш дека сум титов пионер зошто тито е мртов и тоа веке не постои и е смешно некој кој што се интересира за тито да го нарекуваш титов пионер
Па тогаш што мајка бараш на форум и тоа во делот за ИСТОРИЈА..?!?
Ако сакаш да му правиш иконостас на твојот омилен Јоже, имаш многу опции каде тоа да си го правиш и никој да не ти смета.
Си дошол на ФОРУМ, па според тоа ќе ти биде одговорено кога тресеш глупости и сееш некаква си пионерска филозофија.
Немам јас никаква омраза спрема никого, ама не сум малоумен како навиен да повторувам некои смешни пропаганди и тиради за тоа како Јоже "бил цар" и слични моронштини.
Ти си апла "титов пионер", зашто тебе не те "интересира за Тито" и вистината за него базирана врз факти, документи, сведоштва како што си напишал, туку сакаш да си живееш во бајки.
Се разбираме ли..?
а како што и претходно кажав , голи оток се случува и денеска еве што се случи со фиат цановски зошто се тргна од владеачката партија не му се случи голи оток ама му се сруши зградата, на велија рамковски истото му се случи и на многу други кои не се дел од јавноста[/quote]
епа трегичното е тоа што викаш баш денеска пошто е годишнина на гоце делчев да се пишува за него
а потргично е тоа што нашиот народ е необразован за гоце делчев ,кузман и 1000други

А што е проблемот што е годишнина ОД РАЃАЊЕТО на Гоце Делчев да се пишува за него..?
Епа од такви за кои "Тито е цар" никогаш нема да се образуваат, ниту ќе поднаучат нешто ни за тој Тито, а камоли за Гоце, Кузман и другите македонски дејци.
Тие што се против директива на голи оток

има ххх причини зошто треба да се почитува делото на маршалот Тито.
Еве јас сум против, ај ела пробај ти да ме пратиш "директива на Голи Оток", штом си толку спремен.
За "маршал" е прогласен на 30 ноември 1943 год. во Јајце т.е. еден ден после АВНОЈ.
А таму НЕМА ни еден Македонец.
Еве една портрет-фотографија испратена од "маршалот" со посвета специјално за "генералисумусот" Сталин од 14 април 1945 г.
"Товаришу
Ј.В.Сталину
потпис с.р. Тито
14.IV.1945"