јас мислам пак дека распадот е пред се од геополитичката состојба во тоа време. кога не трбаше повеќе амортизер меѓу исток и запад, немаше ни интерес да се одржава. западот не дава кредити повеќе, истокот самиот не си ја знаеше главата а и практично нема неврзани, зошто нели нема повеќе блокови за да има некој неврзан ( иако ко форма може и денес постојат) за да може да им користиш ресурси и да фаќаш работа и пазари ( било оружје да им продаваш било градежништво).
да се согласувам со ова, но сепак дали геополитичката состојба на југославија во тоа време 1990-1994 е доволна причина за да се распадне федерацијата. Сепак колку и да била споредна улогата на Југославија во тоа време сепак постоела и западните сили тоа неможеле да го игнорираат. Има голема земја 255.800 km² со 23.724.919 жители.. има големи наоѓалишта на руда, минерали и сл. развиена инфраструктура (патишта и сл.) ,образован кадар со инжинери, голем домашен пазар и тн и тн ... се она што е потребно за економијата да си функционира континуирано...
Југославија можеби била вештачки направена, ама никако вештачки одржувана.
50% од БДП на државите доаѓало меѓусебната трговија меѓу државите во федерацијата
кривицата за распадот е во појавувањето на национализмот во втората половина од 80 тите (од 1985 натаму) и уште пострашното националистичка економија од 1990. (различно од национална економија)
пример за навработеноста еве
во годините пред крајот на федерацијата во 1989 се насетува почетокот на нациналистичката економија па така иако невработеноста низ цела Југославија е 14.9 % сепак имало гооолеми разлики меѓу поедини држави па така во
Словенија(3.2) Хрватска(8) Србија(15.6) Војводина(13.6) Босна (20.3) Црна Гора(21.6) Македонија(21.9) Косово (36.6).
обично во предходите децении луѓето се движеле од места каде нема голема понуда на работа (макед. босна. црна гора) во места каде има голема побарувачка на работници (слов, хрватска, војводина) без разлика на националност или вера.
После 1989 е друго:
ЦИТАТ: Ekonomski faktori prvenstveno se odnose na potragu za boljim
poslovima i boljim uvjetima života. Ostali faktori uključuju značajne
razlike u kulturnim stajalištima i navikama vezanim uz planiranje
obitelji, jednako kao i određene psihološke značajke i utjecaje.
Niz takvih psiholoških značajki proizlazi iz želje za sudjelovanjem
u društvenom miljeu većinske nacije u danom području,
uz nesklonost ili čak strah od toga da se bude nacionalnom manjinom
(Vojnić, 1995: 93).
После 1989 се појавува националистичката економија измешана со делови од пазарна економија. Невработените од различни делови на федерацијата(срби, македонци, босанци) не можеле да појдат во друга држава и таму да се вработат(словенија и хрватска). (уште пред распадот на федерацијата) Србија почнува да ја спречува внатрешната трговска размена меѓу државите. Така на границата од Србија биле ограбувани Словенските, Хрватските и Босанските шлепери и камиони, а и почнале да го одземаат имотот на фирмите кои потекнувале од несрпски територии. Босанците, Хрватите и Словените истото го правеле за Србија. Хрватска под своја контрола ја зема цела поморска трговија.... и тн и тн.
Се согласувам дека сне биле премногу измешани во федерацијата кај различни народи кај сите замразени па и различни вери и обичаи... но сепак благосостојбата траела 40 (45-85) години, можела да потрае уште многу време
посебно ако луѓето пред своите националистички идеи и интереси ја гледале економската благосостојба.
Со југославија владееле 100 луѓе (парафразирам) ако нив им била поважна економската состојба на својот народ, пред националните интереси тогаш федерацијата немаше да се распадне.
Затоа велам појавата на национализмот во поедини држави, доаѓа до појава на национализам низ цела федерација, кој национализам подоцна ја уништува економијата а со тоа и сржта на федерацијата што доведува до неминовно растурање на СФРЈ