Дали го почитувате животот и делото на Јосип Броз-Тито

  • Креатор на темата Креатор на темата NDarK
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го почитувате животот и делото на Јосип Броз-Тито


  • Вкупно гласачи
    153
Статус
Затворена за нови мислења.
Германија сега е посилна од било кога! Германија е на одличен пат да ја исполни желбата за создавање на „Голема Германија.“ Германија е најголемата економија во Европа, движечката сила, банката со/за пари. Вие ептен чудно ги гледате работите. Се` си има континуитет!
Се знае Југославија зашто доживеа подем и зашто се распадна. Балканот помина низ премногу војни, беше начисто изоран, не остана ништо. Човекот се појави во вистинско време, кога требаше се` да се изгради од нула. Затоа имаше работа, а штом има работа има и пари. Зошто успеа Германија да се врати, а Југославија пропадна? Бидејќи Германија е огромна индустриска сила, а Југославија никогаш не стигна ниту до пола пат.

Германија е одличен пример дека национализмот е добра и здрава работа. Не мешајте национализам и нацизам.

Така а Кина да земиме е социјалистичка земја и ја има најаката економија во СВЕТО (Нечинел системо а?)
 
Така а Кина да земиме е социјалистичка земја и ја има најаката економија во СВЕТО (Нечинел системо а?)

Мене не ми се игра „земи или остави,“ ама пато може да се асфалтира масовно на цело село...
 
Така а Кина да земиме е социјалистичка земја и ја има најаката економија во СВЕТО (Нечинел системо а?)
Кина е капиталистичка земја :) исто САД на пример :) Југославија не била Капиталистичка
 
Kина е комунистичко-капиталистичка земја :)
Kористат секаква политика ни они самите не знаат што се.
 
Kина е комунистичко-капиталистичка земја :)
Kористат секаква политика ни они самите не знаат што се :D

Значи социјалистичка земјa...
Како што Југославија беше :D
--- надополнето: 30 јуни 2012 во 21:59 ---
Лига на Власите, розев двоглав орел.
ahahahahhaah :pos::pos::pos::pos::pos:
 
Која партија е на чело со државата ?
Кои симболи ги користат?
:):):)
Ајде ќе се обидам културно да ти објаснам ..... КАПИТАЛИЗАМ СЕ приватни фирми се нормално исто како у САД !!! значи економијата е ради КАПИТАЛИЗМОТ не ради тоа што комунистичката партија ја води државата значи исто како у САД не како у наша југославија
 
Значи социјалистичка земјa...
Како што Југославија беше :D
Па не баш.
Во Кина може да отвориш фирма ако ти е длабок џебот во Југославиа никако се казнува со голи оток мора да е све државно :D
 
Па не баш.
Во Кина може да отвориш фирма ако ти е длабок џебот во Југославиа никако се казнува со голи оток мора да е све државно :D
Епа државата треба да биде локомотива која трга економијата напред...
 
Епа државата треба да биде локомотива која трга економијата напред...
Епа не е како Југославија.
И не се сложувам со тебе да не можеш да отвориш фирма така не можеш да бидеш иновативен.
 
се согласувам делумно со тоа првото... иако мислам дека распадот на Федерацијата е од националистички побуди, а никако од економски (види пост бр 416)

Јапонија почна од минус на скалата на развиеност на државите па сега до кај е
јас мислам пак дека распадот е пред се од геополитичката состојба во тоа време. кога не трбаше повеќе амортизер меѓу исток и запад, немаше ни интерес да се одржава. западот не дава кредити повеќе, истокот самиот не си ја знаеше главата а и практично нема неврзани, зошто нели нема повеќе блокови за да има некој неврзан ( иако ко форма може и денес постојат) за да може да им користиш ресурси и да фаќаш работа и пазари ( било оружје да им продаваш било градежништво).
колку беше вештачко се виде со каква леснотија се сруши , народите кои живееја во екс ЈУ и покрај според многу и тука на форумоив мислења`` економскиот развој бенефит и стабилност`` сепак не изградија колективен дух на југословенство . Ова само по себе докажува колку вештачко се држело.
имаш држава со многу нации и религии, во која често пати една нација или вера низ историјата ја пристиснувала другата, имаш цивилизациски дизбаланс на вредности пола земја од 350-500 години под турско, пола под австро унгарија ( т.е западна цивилизација) , не влегуваат во таа држава во сојуз претходно национално дефинирани земји туку таа држава настојува да наметне ..братство и единство каде ни културолошки, ни цивилизациски ни економски, ни историски можело да го има. Ова можело да функционира само со диктатура... колку некои и да не сакаат да признаат тоа било така.
не само во последните госини туку и доста наназад се осеќа хегемонија на одредени етникуми врз други:
- србија се на некој начин децентрализира со создавање на две покраини,
- босна пак иако најмешана по сите основи е хегемонизирана најчесто од србија,
- црна гора уште од 1918 ја губи својата државнот и независност а после 45 наголемо и својот идентитет и се доживува како српска земја
-македонија се третира како ресурс од кој се црпи све што се може, се контролира националната свест преку поданичката ЦК КПМ ( тек гошев прв застанува по долго време контра српска хегемонија)
Хрватска природното влијани на Херцеговина каде претежно живеат хрватаи го губи, ама пак добива територии кои низ историјата биле најчесто или во состав или пак управувани од италија( голем број италијани по војната имаат емигрирано)

се на се каша, попара...секој му должи шо територија,што историја на некого... тоа може да функционира додека на големите светски сили им треба.
 
јас мислам пак дека распадот е пред се од геополитичката состојба во тоа време. кога не трбаше повеќе амортизер меѓу исток и запад, немаше ни интерес да се одржава. западот не дава кредити повеќе, истокот самиот не си ја знаеше главата а и практично нема неврзани, зошто нели нема повеќе блокови за да има некој неврзан ( иако ко форма може и денес постојат) за да може да им користиш ресурси и да фаќаш работа и пазари ( било оружје да им продаваш било градежништво).

да се согласувам со ова, но сепак дали геополитичката состојба на југославија во тоа време 1990-1994 е доволна причина за да се распадне федерацијата. Сепак колку и да била споредна улогата на Југославија во тоа време сепак постоела и западните сили тоа неможеле да го игнорираат. Има голема земја 255.800 km² со 23.724.919 жители.. има големи наоѓалишта на руда, минерали и сл. развиена инфраструктура (патишта и сл.) ,образован кадар со инжинери, голем домашен пазар и тн и тн ... се она што е потребно за економијата да си функционира континуирано... Југославија можеби била вештачки направена, ама никако вештачки одржувана.
50% од БДП на државите доаѓало меѓусебната трговија меѓу државите во федерацијата

кривицата за распадот е во појавувањето на национализмот во втората половина од 80 тите (од 1985 натаму) и уште пострашното националистичка економија од 1990. (различно од национална економија)
пример за навработеноста еве
во годините пред крајот на федерацијата во 1989 се насетува почетокот на нациналистичката економија па така иако невработеноста низ цела Југославија е 14.9 % сепак имало гооолеми разлики меѓу поедини држави па така во
Словенија(3.2) Хрватска(8) Србија(15.6) Војводина(13.6) Босна (20.3) Црна Гора(21.6) Македонија(21.9) Косово (36.6).
обично во предходите децении луѓето се движеле од места каде нема голема понуда на работа (макед. босна. црна гора) во места каде има голема побарувачка на работници (слов, хрватска, војводина) без разлика на националност или вера.
После 1989 е друго:
ЦИТАТ: Ekonomski faktori prvenstveno se odnose na potragu za boljim
poslovima i boljim uvjetima života. Ostali faktori uključuju značajne
razlike u kulturnim stajalištima i navikama vezanim uz planiranje
obitelji, jednako kao i određene psihološke značajke i utjecaje.
Niz takvih psiholoških značajki proizlazi iz želje za sudjelovanjem
u društvenom miljeu većinske nacije u danom području,
uz nesklonost ili čak strah od toga da se bude nacionalnom manjinom
(Vojnić, 1995: 93).
После 1989 се појавува националистичката економија измешана со делови од пазарна економија. Невработените од различни делови на федерацијата(срби, македонци, босанци) не можеле да појдат во друга држава и таму да се вработат(словенија и хрватска). (уште пред распадот на федерацијата) Србија почнува да ја спречува внатрешната трговска размена меѓу државите. Така на границата од Србија биле ограбувани Словенските, Хрватските и Босанските шлепери и камиони, а и почнале да го одземаат имотот на фирмите кои потекнувале од несрпски територии. Босанците, Хрватите и Словените истото го правеле за Србија. Хрватска под своја контрола ја зема цела поморска трговија.... и тн и тн.

Се согласувам дека сне биле премногу измешани во федерацијата кај различни народи кај сите замразени па и различни вери и обичаи... но сепак благосостојбата траела 40 (45-85) години, можела да потрае уште многу време посебно ако луѓето пред своите националистички идеи и интереси ја гледале економската благосостојба.

Со југославија владееле 100 луѓе (парафразирам) ако нив им била поважна економската состојба на својот народ, пред националните интереси тогаш федерацијата немаше да се распадне.

Затоа велам појавата на национализмот во поедини држави, доаѓа до појава на национализам низ цела федерација, кој национализам подоцна ја уништува економијата а со тоа и сржта на федерацијата што доведува до неминовно растурање на СФРЈ
 
Само чуството за припадност не те прави припадник на една нација. (јас ако се чуствувам мароканец.. тоа не ме прави мароканец). Докази за големата пресалба на народите имаш секаде околу тебе, а словените биле дел од таа преселба. Негирање на тој факт е еквивалентно со чукање со главата во ѕид и инаетење без причина.

Онтопик:
Тито е најзаслужниот човек за денешна слободна и независна Македонија. Незнаеме каков му бил планот на Југословенските комунисти за Македонија пред 2 св војна, али ставот на Комунистичкката Интернационала со средиште во Москва бил тоа дека Македонците се посебен народ, различен од Србите и Бугарите. ТОЈ СТАВ морало сите комунистички партии во СВЕТОТ (КПЈ,КПБ,КПГ и тн) да го прифатат. Дали тој став произлегол од војната меѓу комунистите и капителистите во светски рамки, или од некои докази што комунистите први ги увиделе тоа не знаеме. ТИТО и КПЈ тој став го прифаќа и ни дава посебна држава ВО ФЕДЕРАЦИЈАТА.
Од руинирана состојба, со патна мрежа оставена од турците која била уништена по повлекувањето на бугарите + нешто патна мрежа што бугарите закрпиле. Без никаква индустрија, земјоделство сточарство. Федерацијата позајмува пари од сегде веројатно крати од буџетот на другите држави за колку толку да ја среди малку оваа земја.. направи патна мрежа која на делови од македонија (знам за мариово и онаму берово) е прва и последна направена патна мрежа. патот во мариово е направен во 70 тите а и до ден денес не е реконструиран ....
.За мене Јосип Броз е најпозитивната личност што и се случила на Македонија.
Погрешно од старт до крај... Секој човек на овој свет се нарекува со одредено име пред се поради чувството за припадност кон тој народ, не значи дека и генетски припаѓа кон него. Така и јужните наши омилени комшии имаат огромен дел албански и турски гени а сепак се претставуваат како грци, така се чувствуваат и така ги прифаќа светот, не знам зошто ние би биле исклучок од тоа. Второ, Германците ја имаат креирано историјата на Европа и на Балканот како најдоминантни а на словените им иде само во прилог тоа, не и кога им го зимаат Косово на пример ама за поделба на Македонија и признавање на независни Егејска и Пиринска Македонија немаат проблем нашите словенски "браќа"... Инаку Тито е шупак кој припаѓа кон моќна масонска ложа па според тоа и не е некое посебно чудо што станал толку силен диктатор, а дека е позитивна личност за Балканот а особено Македонија не се сложувам никако. Ги множеше шипта.рите им даде независност од Србија и ни направи проблем кој уште 100 години нема да се разреши.
 
Погрешно од старт до крај...
незнам каде и кој дел од текстот е погрешен... дека се случила големата преселба на народите во 5 век и словените во 6 век ??? тоа е погрешното??? мислиш дека такво нешто не постоело во историјата ???
Второ, Германците ја имаат креирано историјата на Европа и на Балканот како најдоминантни а на словените им иде само во прилог тоа, не и кога им го зимаат Косово на пример ама за поделба на Македонија и признавање на независни Егејска и Пиринска Македонија немаат проблем нашите словенски "браќа"..
Кривицата за распарченоста на Македонија барај ја во парискиот и букурешкиот мировен договор, во царство Русија, Австро - Унгарија , В.Британија... и скоро ссите други западни сили. а не словените


Инаку Тито е шупак кој припаѓа кон моќна масонска ложа па според тоа и не е некое посебно чудо што станал толку силен диктатор, а дека е позитивна личност за Балканот а особено Македонија не се сложувам никако. Ги множеше шипта.рите им даде независност од Србија и ни направи проблем кој уште 100 години нема да се разреши.
да не случајно тој појде и ги ебав`ше...
Косово во целиот период била најмалку развиена територија (не е држава туку покраина) со невработеноост која понекогаш изнесувала над 50% (80 тите години)... и покрај тие услови муслиманското население сепак се размножувало и станал мнозински ентитет во територијата Косово.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom