Да, претерано ги кријам. Не сакам другите да видат кога ми е тешко. Не сакам да бидам “поразена„ во очите на другите. (освен пред неколку ептен, ептен блиски другар(к)и). Не знам зошто, тоа е веројатно некој вид на одбранбен механизам, начин да се заштитам себеси од другите, за да не би била повредена. Се плашам да покажам слабост. Затоа понекогаш луѓето што ме познаваат (но не многу добро), ме сметаат за силна особа, затоа што немале шанса да ги запознаат моите слабости (кои јас, како и секој друг “смртник„ ги имам во изобилство). Што знам, веројатно е полесно да си отворен, да не ги потиснуваш емоциите, да покажеш кога не ти е океј. Иако таквите луѓе се најчесто многу поранливи од оние “силните„.