Добро бе што народ ќе бевте?! Остајте ги Србите да се грижат за себе и своите права и неправди, остајте ги Косоварите да се гришат за своите права и неправди, погледнете што ви се случува дома. Ако олку се грижевте за тоа што се случува во Македонија, работите ќе беа многу подобри
Али од Боговиње не ги приметува сиромашните и обесправени низ Тетово. Но затоа прв е на протести кога е во прашање Косово, а и не му е проблем да даде финансии за било која косовска групација или акција.
Петко од Скопје иако нема ни С од српско по цел ден убедува како Србите биле обесправени, како целиот свет бил против Србија, како Србите биле божји народ и слично.
Треба веќе еднаш да престанеме да гледаме во комшиските дворови и да се фокусираме на сопствениот. ПРВО ТРЕБА ДА СИ ГИ СРЕДИМЕ РАБОТИТЕ ДОМА!
Случајот Сребреница е класично воено жртвено јагне. Сите големи играчи во војната во Југославија знаеле и помогнале Сребреница да се случи. 3атоа што Сребреница промени многу.
Јенките ја искористија Сребреница да си го потрошат старото оружје. Изетбеговиќ ја искористи Сребреница да го убеди мирољубивото население кое не беше подготвено на братоубиствена војна (на верска основа) да земе оружје во рака. Хрватите ја искористија Сребреница да му покажат на Светот но и на обичниот хрват дека Србите се ѕверови и со нив неможе да се живее. Србите ја искористија Сребреница да покажат колку се јаки и да го разбудат заспаниот српски национализам, да исчистат се што не е православно.
Сребреница не е осамен случај. Во војните во Југославија многу пореметени личности ги лечеа своите комплекси. Не само југословени туку и луѓе од надвор кои неможеле да си ја пронајдат смислата на животот.
Имаше еден документарец направен од странски новинари за англичани кои се борат на страна на хрватите. На прашањето зошто дошол да се бори во Југославија, еден тип одговори дека сопругата и синот му настрадале во сообраќајна незгода, ја изгубил вербата во бог, ја изгубил смислата на животот, животот бил суров према него. Единствено во што гледал смисла е да убива и да биде убиен. Но почнувајќи да убива се разбудило нешто во него и тој почнал да ужива во тоа што го прави, уживал додека се изживувал врз Србите, Муслиманите и неподобните Хрвати.
Пред да почнете да оправдувате било кој вклучен во војна, шрво и основно прашајте се кој профитира од војната, кој има придобивки?
Во 2001 година, граѓаните на Македонија со албанско етничко потекло мислеа дека се борат за права и рамноправност, но всушност се бореа за собраниски плати и дневници за чичко Али и одбраното друштво. 3а обичниот граѓанин не се смени ништо, само си ги влошија односите со својте комшии. А дел сеуште се инвалиди (некои физички некои психички).
.