Дали би се согласиле да донирате орган?

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Трансплантацијата на органи претставува постапка при која се вади органот од едно тело и се трансплантира во друго (или во истото), со цел да се замени органот кој е оштетен или недостасува од примачот, со функционален од донорот. Донорите на органи можат да бидат живи или починати (кадавер).
Се' повеќе и кај нас се актуелизира темата околу донација на органи.
Во македонската медицина допрва почнува да се работи на трансплантацијата на органи. Релативно скоро беше основана национална фондација за трансплантација http://www.ntf.com.mk/Index.html
Дали вие би донирале орган?
Претпоставувам дека повеќето луѓе не се запознаени со ништо околу донацијата на органи.
На пример може да се донира црн дроб, бубрег и коскена срцевина и од жив човек на пациент.
Донирањето на коскена срцевина е најбезопасно, црниот дроб се регенерира, додека за бубрегот е малку покомплицирано, но донорот може да живее нормално и со еден бубрег.
За кого би донирале орган? Дали тоа би го направиле за некој непознат, или само за некој близок?
Дали би се согласиле да бидете донор на органи по смртта? (Знам дека е морничаво да се размислува за тоа, но факт е дека нема многу корист од органите по смртта, а буквално може некому да подарите живот).
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Дур сум жив, би донирал бубрег, коскена срж, црн дроб, шо и да можам за да помогнам на некој од фамилија или ептен близок другар на кој животот му висит на конец.
Крв донирам и ќе донирам редовно. Makes me feel better. Нулта позитив сум, RH+, на кој му требит нека ме барат.
За по смртта - би донирал се’ шо е можно да се извлечит од мене, за чив и да е живот во прашање. Таму кај шо сум тргнал не ми требет ни бубрези, ни срце, ништо.
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Јас би го донирал срцето по можност дур сум жив :-P
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.069
Поени од реакции
4.716
Зависи кој орган!
 

pAnDa`

Original..
Член од
5 ноември 2009
Мислења
578
Поени од реакции
34
Би донирал со оглед на тоа што со донирањето ќе спасам нечиј живот. :)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.492
Се` што ми е во пар во организамов би го донирала за да спасам некоја блиска личност, а кога ќе умрам, нека даваат кој што сака каде сака, нешто слично како Фантом.
Сметам дека ова е доста хумано и би го направила во секој момент, како и донирањето на крв, особено донирањето крв од RH- луѓе е многу важно затоа што се 15 посто од светската популација, но сепак, секој со својата одлука, никој не може да биде сосила натеран да донира. :smir:
 
S

smart ass

Гостин
Ја би донирал...ако е за некој/а млад/а на моја возраст...бубрег,ама под услов да биде неопходно и да нема друг донатор па и од фамилијата (ако не одговараат јбг) ,значи и двајцата да "работиме" на еден бубрег,а ако има два а му фали еден-нека ужива со еден:toe:
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Ја би донирал...ако е за некој/а млад/а на моја возраст...бубрег,ама под услов да биде неопходно и да нема друг донатор па и од фамилијата (ако не одговараат јбг) ,значи и двајцата да "работиме" на еден бубрег,а ако има два а му фали еден-нека ужива со еден:toe:
Јао што си ти хуман, алал да ти е... ама математиката ти е малку вонземска, ко шо кажуваш има два, (+) а му фали еден (=) за да има три, тој слободно може да се пише во ктегорија колекционер на бубрези :wink:

И да сакаш да донираш некому којшто има само еден функционлен бубрег, не би се нафатиле од никоја болница освен ако специјално не те увезле за органи од Косово.
 
S

smart ass

Гостин
ако има два а му фали еден-нека ужива со еден
Не си разбрал,се мисли ако има два,а еден Губи....нека ужива со тој што ќе му остане.
 

Кртот

Лоботомичар
Член од
19 април 2007
Мислења
653
Поени од реакции
23
ОДМА ! ОДМА ! ОДМА ДАВАМ БУБРЕГ! Сериозно ! Ма ич не ме занима, 500 евра се движи цена по легална паричка, а на црно идат и до 800 евра. А мене 500 евра одлично ми би дошле, а за здравјето...И така го немам којзнае колку .
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
821
Поени од реакции
301
леле па тоа е нелегално бре :nesvest::pos2:
ако даваш,дај од срце а не за пари...
јас лично не би донирала органи додека сум жива..ама после може се да ми извадат ако сакаат
 

bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
све би дал освен овој половиов :pos2:
не се шалам, мал сум уште за донирање освен крв :smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom