Дали би направиле естетска корекција иако вашиот партнер е против тоа?

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Значи ВЕЌЕ сте се одлучиле на таков чекор но наидувате на негодување од страна на вашиот партнер.
Дали ќе се откажете од естетската корекција или ќе ја направите без разлика на мислењето од вашиот партнер?
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Посекако сум против естетски корекции освен доколку е неопходно (читај повреди од болест, сообраќајки и сл). Инаку, естетски корекции од каприц и шема, мразам! Никогаш не би направил, ниту пак поддржал партнерката да направи. Како и да е, ако сака, неможам сосила ништо. Таков сум по природа, мразам да наметнувам сопствено мислење на другите. Кој како сака така нека прави, но треба да се мисли на последиците.

П.С. Ништо не е вечно, така да... Џабе борбата против времето.
 

Naked Angel

more than u're used to
Член од
20 февруари 2009
Мислења
79
Поени од реакции
11
Ако е непоходно и од здравствени причини не верувам дека било кој би имал против. Естетски корекции од само естетски причини несакам, мислам дека никогаш не би се нафатила, а под преспоставка дека веќе сум решила да правам би имало влијание неговото мислење
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.665
Поени од реакции
34.117
Партнер е широк поим. Ако се работи за брак, ке мора дискусии и слично. Сепак се наоѓа компромиси во бракот.
Непишано правило, или така нешто било.

Back on subject..
Aко веќе се имам одлучено, би безразлика мислењето на партнерот. Мој изглед, мој живот.
Но, никогаш не би се одлучил на таков чекор. Безразлика колку да сум неперфектен.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
1.852
Поени од реакции
1.382
Ако веројатно имам партнер што ме сака , веројатно и не би се нафатил на таков потфат , ако веројатно сум јавна фаца да се експонирам низ телевизии и веќе мора да се направи тоа веројатно би се нашол некој компромис , ако не ми дозволува едноставно како што наведов ако сум јавна фаца се знае дека се ке биде од корист па дури и партнерстовото и би го сторил тоа па што сака нека се деси ...

п.с. да имав пари попрво ке ги дадев (не јавно) како некоја хуманитарна помош место да си приуштувам некои гупи луксузи.
 
Член од
23 февруари 2009
Мислења
25
Поени од реакции
2
не би направил , се сакам таков каков што сум!
И стварно би се лутел доколку на пример мојата партнерка би направила ..
 
С

Сатори

Гостин
Значи ВЕЌЕ сте се одлучиле на таков чекор но наидувате на негодување од страна на вашиот партнер.
Дали ќе се откажете од естетската корекција или ќе ја направите без разлика на мислењето од вашиот партнер?
Хипотетичка ситуација, затоа што никогаш не би направила корекција на било кој дел од моето тело или лице, но да би ја направила.
Колку и да го љубам мојот партнер, чувството да бидам јас задоволна и среќна со себеси и својот изглед е незаменливо.
А тој, ако вистински ме љуби, ќе ја разбере потребата да бидам попривлечна за себеси и за другите.

Така што, не верувам дека би имало проблем кога би станувало збор за две возрасни и веќе изградени индивидуи.
 

m.marko21

-STR8-
Член од
16 мај 2008
Мислења
1.177
Поени од реакции
75
А зошто да не ако навистина е потребно некогаш.
Ако со тоа би ја подобрила самодовербата и би се осеќал некој подобро во своја кожа не гледам никакви пречки и стереотипи во оглед на тоа прашање, но се во своја граница (а не како онаа Верица Пандиловска што изгледа како робот сега :tapp:)
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Ако некогаш направам естецка корекција (не верувам) тоа значи дека навистина има нешто што мноогу ми пречи и би била многу посреќна без тоа. А ако партнерот ме сака и познава доволно ќе знае дека сум несреќна и ќе ме подржи. Ако е неговот негодување е големо би се запрашала дали е се во пед меѓу нас.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Не подржувам естетски подобрувања никако. Како те направила природата така. Јас и колку да сум грд физички би останал таков а не ми е ни пречка грда девојка зашто пред се јас сум со карактерот а не со цицките или носот.
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Темава не е за и против естетска корекција. Имаше таква на која го дадов мислењето и ќе се држам до тоа.

На темава..ако јас сум одлучила што сакам и што ќе правам тоа е лично моја работа затоа што тоа е мое тело.
Би дискутирала и би ми значело доколку сме во брак, па за тоа треба да двоиме финансии, да менуваме буџет.
Меѓутоа, се додека сум сама и можам да си го дозволам тоа зошто да не.
 

kpbKENGUR

Devil's Advocate
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.132
Поени од реакции
201
би направил. неморам за таква работа да се консултирам и да барам дозвола од било кој.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Не верувам дека некогаш ќе го променам мислењето во врска со естетската корекција, но ако да, ако се решам на таков потег, сигурно нема да прашам некого или да барам дозвола. Толку е едноставно.
 

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
А зошто да не ако навистина е потребно некогаш.
Ако со тоа би ја подобрила самодовербата и би се осеќал некој подобро во своја кожа не гледам никакви пречки и стереотипи во оглед на тоа прашање, но се во своја граница (а не како онаа Верица Пандиловска што изгледа како робот сега :tapp:)
Оф топик навистина е одвратна Верица сега :nesvest:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom