Дали би заминале во странство?

Дали би прифатиле да одите во странство?

  • Да

    Гласови: 485 77,7%
  • Не

    Гласови: 139 22,3%

  • Вкупно гласачи
    624
B

Borg_Drone

Гостин
Баш ме интересира твој конкретен одговор во врска со темата би заминал или не ?
Да се укаже можност да.И око нема да ми трепне, зошто народов на еден начин е „мртов“ ниту сака нешто да превземе во врска со неговото умирање, ниту пак има желба да направи нешто.А кога не сака нешто да превземе тогаш јас што барам тука?
 

milky

битолчанка
Член од
20 август 2009
Мислења
39
Поени од реакции
2
Па порано мислев дека нема шанси никогаш не би заминала од тука но како со иди времето палам патиките ич око не ми трепнува:toe:
 
A

Antigona

Гостин
може да те фати носталгија за македонија само ако имаш боље друштво тука, а за другото незнам, мислам дека не вреди, не вреди само доколку немаш тука иднина
Ма кое друштво, кое лицемерие, завидливост, нема шанси да ме фати носталгија поради „друштвото„
 
Член од
16 декември 2008
Мислења
391
Поени од реакции
125
Да бидејки дечко ми отиде а јас неможам без него :(
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Во суштина секаде е тешко како туѓинец ама некогаш мора да се жртвуваш за да добиеш нешто што посакуваш,ама за кризава не треба да обвинуваме никој сами сме си криви ние Македонците што не може да живееме заедно тоа е судбина или клетва.
 

Sapphire

Persona non grata
Член од
30 јануари 2011
Мислења
935
Поени од реакции
1.559
Куферите ми се спремни, сега чекам прилика да му ја дувнам... :D
 

Chanel

I feel like a tiny bird with a big song!
Член од
22 мај 2011
Мислења
478
Поени од реакции
307
Сега да ми речат да одам некаде во странство веднаш заминувам, воопшто не мислејќи се.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
Ако под странство се подразбира надвор од Земјата...со задоволство:)
 

baksterski

Националист тип 500
Член од
22 февруари 2010
Мислења
431
Поени од реакции
277
Не ја читам темава цела, но мојот одговор е ДА! едвај чекам да не ги гледам истиве смрзнати, комунистички, вмровски, к*урвински фаци и да живеам нормално некаде во европа. Не доаѓа во предвид САД и Австралија.
 
К

Кики.

Гостин
Pred da zaminam od MK mislev deka nikogas nema da ostanam nekade nadvor od drzavata, ama sega koga so svoi oci vidov kako e za ziveenje ic ne mu ja mislam - pravam dokumenti i si odam.
 
Член од
25 август 2011
Мислења
12
Поени од реакции
3
Јас никогаш не би заминал во странство. Како прво како странец ќе бидам дискриминиран. Потоа не гледам дека таму растат пари па да одиме да собираме! Ако овде работиш,ќе заработиш! А што нема во Македонија а во странство има? Се е исто. И ние имаме ПВЦ прозорци имаат и тие (случајно да не ги отвараат преку стелит), има и тука мобилни тел. има и таму. ;)
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
да ме прашаа дур бев млад и убав (сега сум само убав) можи и ќе појдев ... иако н се сеќавам ни тогаш дека нешо посебно сум сакал да заминам... али нема везе, овде сум си се навикнал, имам приатели, свој познат касап, бербер, механичар, водоводџија.... се знам и со еден џандар шо ми сврши работа ко загинав новчаник со се документи внатре.... тивко мирно, опуштено... Таму бе е гужва и галама, не мојш улица да преминиш колку се точкаат угоре - удолу коли, трамваји, тролебуси, шинобуси... Имаше кај нас еден стар си умре кутрио пред некое време тој беше странство од 1943-1945 и не беше задоволен, се жалеше, гасење светло во 10 вечер, па постројување на сабајле и прозивање, цел ден на работа и само ти викаат тие германците во шлемој а манџа слаба, тенка незапржена ко шо си прат тие против холестерол.... Јас сум си за тука!
 

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
Дааааааааааааа . Би заминала веднаш штом ми се пружи шанса.

Еве да се надоврзам на предпоследниот пост. Значи можеби во однос на технологија, производи , модни трендови, глупости не се разликуваме во ништо, но таквите разлики и да постојат не играат голема улога за добриот и пристојниот зивот кој со сакам јас да го зивеам . Џабе се и мобилни и пвц врати и прозорци ако јас немам пари да ги платам.
Во странство е друго. Таму нема никој да ти побара партиска книска и да те дрнда сто години за едно помочано решение или пак да те брка од работа.
Ако видат дека си способен и имаш знаање и ја познаваш струката нема шанси да не те вработат. И друга работа, можеби стандардите таму се високи и се но и платите се високи, а овде стандардите се покачуваат а платите се намалуваат. Поради овие причини не би трошела многу време овде иби заминала во странство . Ако треба и чистач ќе бидам ама ќе ми се исплати.
 
Член од
2 август 2011
Мислења
139
Поени од реакции
44
bi zaminala i toa kako bez da razmislam. koj prosperitet go imam tuka? vrabotena so mala plata soprugot ne raboti decata porasnaa ,nemozes da im pruzis toa sto treba ,doma samo nervozi i zosto ne bi zaminala.iako imam razgovarano so luge sto rabotele vo stranstvo deka i tamu e tesko no od druga strana se plateni a kaj nas sto em ke rabotis em te plaka minimalno kolku da se rece deka si zemal plata .MNOGU SUM REVOLTIRANA OKOLU TOA PRASANJE.
 

Lux

Inglourious
Член од
25 октомври 2010
Мислења
1.189
Поени од реакции
888
од одма би заминал, сакам џган, различни култури каде никој не гледа ни го интересира како си облечен , никој не те озборува, секој си го гледа патот
 

Kajgana Shop

На врв Bottom