Дали би заминале во странство?

Дали би прифатиле да одите во странство?

  • Да

    Гласови: 485 77,7%
  • Не

    Гласови: 139 22,3%

  • Вкупно гласачи
    624
Член од
23 јануари 2005
Мислења
1.000
Поени од реакции
8
Дали воопшто вреди, и ако вреди колку ?

Сите знаеме дека како што се живее во Македонија на млади години не се живее нигде на светот ниту приближно слично.
Имајќи го тоа во предвид, моменталното школство, економската ситуација и ред другите животни фактори, дали вреди да се оди на страна да се школува во далеку подобра средина но се разбира со ‘лимитиран‘ живот.


Извинете ако не ми е добро составено, тоа се должи на моменталниот транс кој го доживувам, пред само неколку часа се вратив од МКД и ми е некако кризен период. Знаете, преболување на љубовта коа ја оставив, друштвото кое ни приближно овде би го немал и ред другите работи.


:roll:
 

Буковец

www.KETERING.com.mk
Член од
3 јули 2005
Мислења
996
Поени од реакции
15
Хмммм, Вегас, Вегас....точно знам за што зборуваш али преспиј неколку вечери, размисли со ладна глава и само ќе ти се каже :wink:
Се сложувам со тоа дека никаде како дома, ама нас дома ни е малку растурено :lol: . Не се сложувам дека не ти се исплати или нема да ти се исплати тоа што сега учиш надвор и дека согледуваш некои работи кои од Македонија никогаш не би ги согледал. Како што ти кажав на почетокот само ке ти се каже.Ако имаш па преголема носталгија (цело време) бегај дома не знам шо да ти кажам
 
Член од
23 јануари 2005
Мислења
1.000
Поени од реакции
8
Не, немам носталгиа цело време, тоа ми доаѓа онака на моменти, доволно е една слика да видам и ми се кини душата... Додека бев таму морам да признаам на моменти ме фаќаше монотонија, која тука никад не би ја осетил. Може претерувам, но свесен сум дека не може човек да живее све, една жртва мора да иде за друга, во мојот случај подобра. Но ете, ќе пројде времето за школо, па пак назад во Македонија, или мора да признаеме дека Македонија остана убава само онака на одмор да се иде, но не и за живот, или можда грешам !?
 

Буковец

www.KETERING.com.mk
Член од
3 јули 2005
Мислења
996
Поени од реакции
15
Според мене воопшто не грешиш (само да не ме сватат погрешно лугево кои живеат во Македонија). Ке ти помине тоа лошо чувство со почетокот на школската година.
Јас на пример ова лето не отидов доле....срце ми се искина, а од друга страна кога и да се Чујам со било кој мој пријател, другар роднина, сите ми викаат и боље што не дојде :lol: :lol: Барем памти ја како што ја знаеш.Јебига, лошо звучи ама моментално поготово младината доле е тотално разочарана, никој не гледа некаква преспектива за себе...јебига викаат Живот је такав-чупав и длакав. Затоа форумов ти е тука да те расположи, да споделиш проблеми, тага ама и радост. :wink:
 

АуРоРа

Засекогаш
Член од
15 мај 2005
Мислења
1.109
Поени од реакции
15
Да ти кажам искрено, мислам дека не вреди. Како што се живее во Македонија, не се живее на ниедно друго место.А и не мора да значи дека тука не се добива солидно образование. Многу професионалци излегле токму од македонските факултети. Сум правела муабет со мои другари во странство, ретко кои се снашле и останале. Еве ги, се враќаат сите ... Не знам може зависи од човекот, сум имала шанса да заминам со стипендија у средно да земам 2 год во една, ама никад не би заминала некаде сама во светот. Така мислев тогаш, така размислувам и сега... Македонија д бест
 

StenmarC

Скијач
Член од
24 март 2005
Мислења
2.179
Поени од реакции
50
АуРоРа напиша:
Да ти кажам искрено, мислам дека не вреди. Како што се живее во Македонија, не се живее на ниедно друго место....
Тоа ние само си се залажуваме така. Демек само ние знаеме што е забава, дружење, а другиве не знаат
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
142
може да те фати носталгија за македонија само ако имаш боље друштво тука, а за другото незнам, мислам дека не вреди, не вреди само доколку немаш тука иднина
 

vmx

Член од
25 април 2005
Мислења
5.633
Поени од реакции
201
За иднина во Македонија не вреди животот овде, ама за друштвото кое го имаш вреди животот... у странство носталгија ќе те фаќа за тоа какво ти било друштвото овде и какви моменти си поминал....

Гижо у право си..
 
J

Johnny Stulic

Гостин
Ovde se zivee solidno ako imas tro money ,BUT ko ce zavrsis skolo e togas si go najebal sansite za vrabotuvajne ti se ko sneg u prolecu ,a ako se vrabotis togas sansite da napreduvas vo karierata ti se isti kako sneg sred leto.
Znaci vegas sedi si tamu i so vika zlobnica life you gream
 
Член од
23 јануари 2005
Мислења
1.000
Поени од реакции
8
Гижо напиша:
може да те фати носталгија за македонија само ако имаш боље друштво тука, а за другото незнам, мислам дека не вреди...
Е ова е на место !!!

:cst3:
 

ragazza

Adorable
Член од
3 јуни 2005
Мислења
2.870
Поени од реакции
29
Nostalgija za mkd me faka samo ke sum nadvor izlezena i ke mi priidi nekoj swedski kopuk so nema vrska od smek i tretiranje madami e togas odma se prenesvam mkd so mislite:))))
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
2.128
Поени од реакции
41
Човеци, не се заебавајте со животот.

Друштво, зезанции и максимум социјален живот се многу ок, ама школувањето е инвестиција во себе која после може да те обезбеди не само тебе, туку и твоите деца и внуци. Ако во Мкд можеш да стекнеш такво школување (многу тешко, рамно на неизводливо, и дури ако успееш - социјалниот живот ќе ти биде сведен на позитивна нула), пеки, вреди да се остане. Ако си во ситуација да жртвуваш пар години зезанција и дружење за обезбеден остаток од животот, мислам дека тука нема место за носталгија.

Има една голема разлика меѓу Мкд и западниот свет : и ако на Запад немаш некое школување, секојпат можеш да се снајдеш во животот - стално ќе имаш некоја работа на располагање. Ако во МК немаш соодветен степен на школување - кој засега (за голема жал) е одлучувачки фактор во наоѓање добра работа - убаво си се заебал, ќе мораш добро да се снајдеш за да не станеш социјален случај.
 
V

VirtualA

Гостин
Абе незнам зошто, али имам приметено дека 90% од луѓето кои викаат дека во Македонија е најубаво, немаат ни прошетано странство (надвор од балканот) а камо ли да престојуваат на одреден период.
Јас стално кажувам дека на Македонија ќе и ја направам најголемата услуга - ќе заминам од неа :D
 

АуРоРа

Засекогаш
Член од
15 мај 2005
Мислења
1.109
Поени од реакции
15
StenmarC напиша:
Тоа ние само си се залажуваме така. Демек само ние знаеме што е забава, дружење, а другиве не знаат
Никој не рече така, само работата е што не вреди да одиш некаде сам, без никој, за да учиш ,,квалитетно", бар јас така рамислувам. Ке имаш забава, не велам не, ама ке ти недостига секое ќоше, секое делче од твојата омилена земја. Добро, зависи од човекот, ама јас ако одам секоја вечер ќе плачам пред спиење за Скопје... НЕ јас, воопшто нема да одам,

virtuala напиша:
Абе незнам зошто, али имам приметено дека 90% од луѓето кои викаат дека во Македонија е најубаво, немаат ни прошетано странство (надвор од балканот)
Или можеби пак цел живот шетале, виделе и доживеале се како е, го виделе животот во сите земји, па сега зборуваат од искуство?
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Пред една година дојдов во Македонија со луѓе коишто беа заинтересириани за високото образование и планиравме да предложиме влегување на Скопскиот Универзитет во еден од Конзорциумите на Еразмус Мундус. Човекот дојде, си направи добар сеир, си истера добар одмор, ги виде луѓето со коишто требаше да “работи“ и си отиде од Македонија воодушевен од Охрид, Струга, Крушево, Гевгелија, Битола, но не и од работата којашто остана незавршена и предлогот сеуште отворен а Скопскиот универзитет ни оддалеку влезен во тој фамозен конзорциум којшто можеше да му ја подотвори вратата на нашиот едукативен систем кон Европските структури ама ете : немаше доволно луѓе...

Од друга страна, пак, јас во првите петнаесетина дена, се изнашетав, се видов со сите мои блиски, со сите мои пријатели и со луѓе со коишто не се бев видел некои 2 години. Првите 15 дена ми беше интересно и најискрено да ви кажам одлично се чувствував ама потоа работите се сменија бидејќи почнав да сакам “да се вратам дома“ и “да го продолжам мојот живот“. Не знам за другите ама јас не би можел да живеам подолгорочно во Македонија токму заради таа монотонија...

Секоја земја, секој народ, имаат свои специфики за начинот на живеење, за начинот на функционирање и мене тој начин не ми одговара бидејќи не сум научен да седам мирно и да бидам пасивен.

Штета само за една работа : Македонија може да биде прекрасно место за живеење ама “ѓаволското политичко тркало“ сеуште се врти со толкав интензитет со каков што започна и луѓево, т.е. политичариве, не помислуваат дека може да се преплави Европа со земјоделски производи коишто ќе вредат многу и од коишто средства може да се постигне благосостојба (не од денес за утре туку со тек на време) за да се вложи во Македонија и таквата благосостојба да се направи не сон туку реалност. Капацитети има ама кој да ги искористи - тоа е проблемот. И тоа не го кажав јас туку токму тие Европјани коишто се заљубија во Македонија и решија еден ден да инвестираат во неа, но коишто чекаат поволен момент...

За другото нема да зборам - ми се чини дека VeGaS кажа се и има право за се.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom