Кој планира да оди во Америка обавезно да го посети Вегас. Хотелите се ефтини од причина да те привлечат да отидеш и таму да се расфрлаш по апаратите. Соба за 4 лица е негде околу 100-150 долари. Во секој хотел првите 2-3 спрата се само со апарати, за да отидеш во собата мора да поминеш низ нив. Има ефтина храна по бафетите (ресторани каде што се плаќа влез, а не сметка колку си изел). Влезот е околу 15-20 долари, а внатре има јадење од се што постои на планетава, можеш онака македонски да се најадеш за цела недела, а инаку за истата храна во обичен ресторан би платил 200 и повеќе долари. Авионски превоз има од цела САД со нискобуџетни компании за 50-100 долари.