Дали атеизмот е заснован на вера или на наука?

F

Frankie Yale

Гостин
Извини, никако не можам да те разберам како доаѓаш до заклучоков поврзан со хипстери. Постои хипстерски правец во носење заклучоци? Или нешо сликичката од лево те буни? o_O

Од 2005 сум на форумов.
Те молам не ме ставај во багри и категории по инерција, тоа е многу некултурно и незрело. Сигурна сум дека не си седнал да исчиташ се што постои од мене на кајгана.
Еве ќе те упатам: долги, доолги времиња бев настрана од ваквите теми и ним слични, ама ете утрово ептен ми дојде ќејф да кажам нешто што на некој кој е надвор од ситуацијата (нити му се засегнати личните вредности, ставови, убедувања, ниту пак е емоционално вклучен) му е мошне очигледно.
Сфаќам јас све тоа колку ви е вам сериозна темава, ама неможете да го негирате ироничниот/комичен аспект чисто ради прчење нос во лутина. :icon_lol:

Биди објективен како што делуваш дека знаеш да бидеш, и размисли дали можеби било кој дошол до тоа сознание ако се стави во улога на неутрален набљудувач кој има неповторлива шанса да согледа новини во ситуација која вие сте ја исцрпиле, веќе немате појма ни сами колку.
Толку за тоа. :X3:
Секако дека постои хипстерски правец, доволно е да се поставиш над сите, да ги етикетираш како нижа класа (ограничени и индоктринирани) и да им опнеш по една погрешна дијагноза...

Точно е дека не сум запознаен со твоите ставови, затоа единствено коментирам на твојот пристап на темава.

Иначе, дечкото Бодидарма а.к.а Игорче е кралот на хипстеризмот, меѓутоа ќе пробам да го игнорирам. Мрази и негира се што е мејнстрим, од музика до наука... дефиниција за досаден и напорен хипстер right there.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Доста се карате, бе!

Пошто остатокот од Религија е пустелија, еве ја новата сликица тука:

 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Моето мислење (не е само мое) го темелам на проста екстраполација - настанувањето на комплексни неоргански соединенија од неоргански е лесно и можно, па тогаш е можно настанување на уште покомплексни органски соединенија.
Сите физички закони се во прилог на абиогенезата, а ниту еден против!
Панспермијата не е ништо друго туку одложена варијанта на абиогенезата - живите организми кои дошле на Земјата (ако дошле) настанале некаде и некогаш. Со што? Едниот одговор (алтернативата) е Бог, а за тоа и двајцата се сложуваме дека не постои. Вториот и единствениот друг одговор (трет нема!) е абиогенезата.
Ќе се сложиме само во тоа дека ниеден бог од 5000+ досега не постои. За друг бог (креатор) не знам. И тука е твоето несваќање на муабетов, не се 2 варијанти (абиогенеза и Бог), а и не мора да постои настанок на првите организми. Велам не мора (што значи дека можеби има и други можности).
Да се вратиме назад до биг бенгот, Кој вид на материја постоел? Кој ја створил таа материја? Не те наведува помислата дека е нестворена?
 
Н

нихилист

Гостин
еве ја новата сликица тука:
Нема шанси, процентот мора да е многу поголем (во корист на Бог секако). Не знам дали си запознаен со контроверзиите околу Тим Тебоу, фудбалски квотербек. Имено, детето е голем верник, евангелист, a и новајлија во НФЛ. Уште во првата сезона му тргна со победи во плејофот и се создадоа еден куп дебати околу тоа дали Бог му помага да победи или не.

Интересно е што според една анкета 43% веруваат дека Бог му помага на Тим да дава тачдауни... Ако ги разгледаме теолошките импликации на овој заклучок, ќе заклучиме дека 43 проценти од Американските граѓани се ненормално глупави. Прво, луѓето кои гласале со ДА фактички веруваат дека постои интервенистички Бог кој навива за фудбалскиот тим од Денвер и им помага да победат, а не им помага на гладните деца во Африка, луѓето болни од рак, леукемија итн...

Исто така би значело дека семоќниот Бог воопшто не го бива за местење утакмици зошто Денвер беа уништени од Њу Ингланд Пејтриотс. Јас воопшто не следам Американски фудбал, ова низ интернетов го прочитав и го објаснив чисто колку да потенцирам дека се работи за исклучително глупи луѓе и не може процентот да е толку мал.

:icon_lol:
--- надополнето: 19 јануари 2012 во 13:58 ---
Абе сега видов, не било тоа професионална анкета. :facepalm:
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644
Грешка си.
Овој кеико многу паметно прашање поставил. Трик прашање всушност.
Атеизмот се базира и на вера и на наука, ама на различни начини.
Се базира на вера затоа што без религиите атеизмот не би постоел и не би имал смисла.
Се базира на наука затоа што догматските верувања се заменуваат со научни факти.
Ова што го пишуваш е точно. Но сепак на крај се сведува на избор дали ке се следи едниот или другиот правец. Има една стара кинеска поговорка вика: Учителот може само да ја отвори вратата а дили ке влезеш останува на тебе.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Ова што го пишуваш е точно. Но сепак на крај се сведува на избор дали ке се следи едниот или другиот правец. Има една стара кинеска поговорка вика: Учителот може само да ја отвори вратата а дили ке влезеш останува на тебе.
Што ако се повеќе врати (3,5,10, 100 можеби)?
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644
Што ако се повеќе врати (3,5,10, 100 можеби)?

Поговорката може да се генерализира до бесконечност (како и секоја друга Кинеска) но во секој случај поентата останува иста. И без разлика за колку правци (врати) станува збор низ која ке влезеш останува на тебе.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Иначе, дечкото Бодидарма а.к.а Игорче е кралот на хипстеризмот, меѓутоа ќе пробам да го игнорирам. Мрази и негира се што е мејнстрим, од музика до наука... дефиниција за досаден и напорен хипстер right there.
Ај дефинирај хипстер што е жити мајка.
Вака го спомнуваш во секоја реченица, ама тешко дека имаш блаѓе везе што значење има......после продолжи да ме игнорираш како што направи во овој пост што ти го цитирам.
--- надополнето: 19 јануари 2012 во 19:03 ---
Ejjjj zaboraviv, eve ti nesto opsto prifateno(prosecno de)....po tvoj vkus mi se cini. Da bese hipster ke mi bese tesko, vaka lesno e da te pogodam.
 

Antiteist

ateist
Член од
19 декември 2011
Мислења
127
Поени од реакции
104
... Соочи се со вистината, свеста е таа што е причина за живиот свет, не е обратно. Ти си живиот пример, ама што да ти кажам.....твој е патот за одење.
Што доказ имаш дека свеста е причината за живиот свет?

Јас сум живиот пример дека несвесно сум дошол на овој свет. Исто и ти. А да не збориме за примери каде некој/некоја мортус пијан/а и несвесен/на направил/а дете. Е тоа ептен нема врска со свеста...
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Што доказ имаш дека свеста е причината за живиот свет?

Јас сум живиот пример дека несвесно сум дошол на овој свет. Исто и ти. А да не збориме за примери каде некој/некоја мортус пијан/а и несвесен/на направил/а дете. Е тоа ептен нема врска со свеста...
Знам, те буни тоа што не се сеќаваш :)
Инаку немаше да има проблем да "знаеш" дека си бил и пред да си на земјава.
 
F

Frankie Yale

Гостин
Ejjjj zaboraviv, eve ti nesto opsto prifateno(prosecno de)....po tvoj vkus mi se cini. Da bese hipster ke mi bese tesko, vaka lesno e da te pogodam.
:pos: Ne mozam da ja podnesam ovaa, ama poprvo nea bi ja slusal nego onie ti sto gi postiras po temive, so pomalku od iljada views a zvucat ko macka da grebe po hauba. Hipsterce toa, muzikata e najmal problem, ne znam sto se fati za nea.
 
Член од
28 јуни 2009
Мислења
287
Поени од реакции
261
Со години слушам прикаски дека атеизмот е заснован на необориви докази а религијата на слепа вера.
Би сакала да чујам мислење од атеистите. Ако атеизмот е на основа на научни докази, би сакала да ги чујам. Научни, не филозофии вака така....
На основа на кои докази, на кои научни експерименти го заснивате вашиот атеизам
Атеизмот е базиран на докази дека на постојат докази за постоењето на Бог. Атеизам како поим не би требало ни да постои. На пример намаме термин за луѓе што не веруваат дека Елвис Присли е сеуште жив. Тежината на доказ паѓа на верниците. Тие се тие што треба да изнесат докази за постењето на Бог, во случај да такви докази не постојат најразумното и баш сосем нормално е да не се верува во тоа што тие веруваат. На пример, ако ми кажеш ти дека си видела мачка да лета тогаш ти треба да изнесеш докази за тоа. Во спротивно, најразумно е јас да не верувам во твоето тврдење.
Втора работа на која што јас го базирам мојот атеизам е светите книги. Ако некој тврди дека одредена книга е од Бог тогаш најразумно е прво да ја проверам книгата и да видам дали има некакви грешки во неа. Ако има тогаш не е од Бог. Бог не греши, нели!
 

nohab87

Калфа
Член од
14 јануари 2012
Мислења
70
Поени од реакции
18
Прво што треба да се расчисти е дали таа книга има допирни точки со Бог воопшто или ја напишал некој надуван, исфрустриран и искомплексиран. Склон сум да верувам во второво.

Во некои други времиња сите ние што не ја прифаќаме религијата ќе бевме запалени на плоштад за занимација на масите. Сетете се на Богомилското движење. Било уништено од црквата затоа што било закана за неа. За разлика од Богомилите Лутеранците успеале да се наметнат како одвоена религија.

Помислете само , што би работеле цела армија свештеници ако народот не им плаќа за обреди и едноставно не ги регистрира. Тука е суштината. Сиот муабет за нешто возвишено е само поради обезбедување егзистенција и ништо повеќе.
 

Antiteist

ateist
Член од
19 декември 2011
Мислења
127
Поени од реакции
104
Знам, те буни тоа што не се сеќаваш :)
Инаку немаше да има проблем да "знаеш" дека си бил и пред да си на земјава.
Знам, те буни тоа што мислиш дека се сеќаваш на своето претходно постоење. Тој твој проблем многу ефикасно го решаваат едни чичковци во бели мантили.

Претходно те прашав како можеш да разликуваш халуцинација од „искуство“ (сеќавање на претходно постоење, претходен живот и слично). Не ми одговори, бидејќи и самиот го знаеш одговорот - никако!
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
:pos: Ne mozam da ja podnesam ovaa, ama poprvo nea bi ja slusal nego onie ti sto gi postiras po temive, so pomalku od iljada views a zvucat ko macka da grebe po hauba. Hipsterce toa, muzikata e najmal problem, ne znam sto se fati za nea.
Па ти ја спомна музиката...ќе заборавев за малку ама среќа ми текна. Тоа што јас го слушам има називи како алтернатив, прогресив или слично, не ми е јасно како се фаќаш за поими како хипстер. Дали со тоа имаш тенденција да ме навредиш или....што ти ја знам. Ти врска си немаш изгледа што значење има тој збор.
И кај се фати за музиката, те прешав што е за тебе хипстер, ова со музиката беше секундарно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom