Hihi, ne se dokazuva nepostoenje neli
Organskata materija nepostoela otsekogash
Taa nastanala od neorganska. Ustvari morala da nastane od neorganska.
Aaaah sto povekje diskusija za ova tvrdenje, to poishe mi se dopagja se ostanato
Ajde Pandev dade gol z apobeda na NApoli i ushte povazhno mi donese dobivka
CHASTAM PIVO
DBACK slushash li , ajde na pivo
Хехехехе, малце креационистички финти. ОК. ти докажи го тогаш болдот. Јас не сум сигурен дека е така
Ај да те почестам со еден цитат, како компензација за пивото
Синтакса
Еден човек гледајќи во своите равенки,
Рече дека вселената имала почеток.
Се случила експлозија, рече тој.
Експлозија над експлозиите, и вселената беше родена.
И таа се шири, рече.
Дури ја пресмета и должината на нејзиниот живот:
Десет милијарди вртења на Земјата околу Сонцето.
Сите на земјината топка воскликнаа од радост;
Неговите пресметки ги нарекоа наука.
Никој не ни помисли дека претпоставката на овој човек
За почетокот на вселената е само одраз
На синтаксата од неговиот мајчин јазик.
На синтаксата на која и се потребни почетоци, како раѓање,
Развој и созревање,
И крај, налик на смртта, како факти
Вселената имала почеток,
И старее, нè убедува тој човек, и ќе умре,
Како што умираат сите работи,
Како што умрел и самиот тој, откако математички
Ја потврдил синтаксата на својот мајчин јазик.
Поинаква синтакса
Дали вселената навистина имала почеток?
Дали теоријата за големата експлозија е точна?
Ова не се прашања, иако така звучат.
Дали синтаксата на која и се потребни почетоци, развои
И завршетоци, како факти, е единствената синтакса која постои?
Тоа е вистинското прашање.
Постојат и поинакви синтакси.
Еве една, на пример, која бара
Различниот интензитет да се земе како факт.
Во таа синтакса ништо не започнува и не завршува.
Според неа, раѓањето не е чист, јасно одвоен настан,
Туку посебен вид на интензитет,
А истото важи и за созревањето и за смртта.
Човек со ваква синтакса, прегледувајќи ги своите формули,
Заклучува дека пресметал доволно различни интензитети,
За да може со сигурност да каже
Дека вселената никогаш не започнала
И никогаш нема да заврши,
Туку дека минува, сега минува, и ќе минува,
Низ бескрајните колебања на интензитетот.
Таквиот човек со право би можел да заклучи дека,
Самата вселена е воена кочија на интензитети
И дека човекот може да се качи на неа,
За да може да патува низ бескрајните промени.
Тој ќе го заклучи сето тоа и многу повеќе,
А можеби никогаш нема да свати
Дека само ја потврдува синтаксата
На својот мајчин јазик.
П.С. Дибеееееек, пивоооооо