Дали атеизмот е заснован на вера или на наука?

Член од
11 август 2011
Мислења
266
Поени од реакции
169
Не можам да бидам атеист исто колку што не можам да бидам и верник. Атеизмот бил тврдење. Како да тврдам дека нема Бог, кога никогаш не можам да бидам сигурен дали има или не, нема начин тоа да се докаже. Треба ли да се лажам себеси?
Бесмислено и неосновано е да тврдиш дека нема Бог потпирајќи се на некои бедни информации и исто толку бедни размислувања.
А што е со верувањата? И тие се на исто ниво на апсурдност. Истото важи и кај нив. Не можеш да веруваш во нешто во кое никогаш нема да си сигурен дали постои.
Не можеш да се увериш во нешто и да застанеш цврсто за тоа без никаква шанса за промена. Да го затвориш умот за се што е поинаку од твоето гледиште, да мислиш дека се друго е неточно. Тоа е неоправдливо.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Зарем болдот не е дефиниција за атеист? Според ваши кажувања, а сега ми велиш ако некој има верувања кои се непотврдени (или демантирани) од науката тогаш не бил атеист.
Тоа цело време и укажувам биг бенгот не е научно потврден, Абиогенезата па нималку, Значи ти не си атеист, Верник си.
Во самото име на зборот "Атеист" е неговата дефиниција: а-теист, спротивно од теист, а абиогенезата, биг бенгот, еволуцијата....и сите останати немаат благе везе со било кој вид на теологија.
Што значи, да се биде атеист, значи да да се има спротивни ставови од теистите. Теистот слепо верува во својата вера, атеистот се сомнева (неверува). Стварно незнам како некому се потребни 16 страни, да свати вакво нешто?
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Не можам да бидам атеист исто колку што не можам да бидам и верник. Атеизмот бил тврдење. Како да тврдам дека нема Бог, кога никогаш не можам да бидам сигурен дали има или не, нема начин тоа да се докаже. Треба ли да се лажам себеси?
Бесмислено и неосновано е да тврдиш дека нема Бог потпирајќи се на некои бедни информации и исто толку бедни размислувања.
А што е со верувањата? И тие се на исто ниво на апсурдност. Истото важи и кај нив. Не можеш да веруваш во нешто во кое никогаш нема да си сигурен дали постои.
Не можеш да се увериш во нешто и да застанеш цврсто за тоа без никаква шанса за промена. Да го затвориш умот за се што е поинаку од твоето гледиште, да мислиш дека се друго е неточно. Тоа е неоправдливо.
Еден замина One to go. Кој тоа ти рекол дека Атеизам е некакво тврдење дека не постои бог. Ај по 100ти пат дефиниција. Атеизам е неверување во богови. Ништо повеќе ни помалку.
Или си теист или си Атеист. Нема трето, нема измеѓу, нема над тоа.
Ако на прашањето „Дали постои Бог“ одговорот не е да (значи секој различен одговор како, не знам, не сум сигурен, да ја прашам мајка ми, можеби, не ме интересира...итн) те прави Атеист. Толку за тоа.
Но има и нешто позитивно во темава.Ја размрда цела атеистичка форумска популација :D
Сепак постојат и како што би рекла Кеико, секуларни верници, кои по дефиниција се атеисти но.....тоа е веќе друга тема. Ќе пробам да се сетам на зборовите на еден член. Зарем атеистот со своето неверие треба да запре само на религиозните догми?

П.С. Инаку во целост се сложувам со твојот пост освен првата реченица.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Сепак постојат и како што би рекла Кеико, секуларни верници, кои по дефиниција се атеисти но.....тоа е веќе друга тема. Ќе пробам да се сетам на зборовите на еден член. Зарем атеистот со своето неверие треба да запре само на религиозните догми?
Како што споменав и погоре, според мене било кој став кој нема врска со теологија, не е став кој би окарактеризирал некого како атеист или теист. Тоа е мешање баби и жаби. И национализмот е догма според мене, и патриотизмот е догма...дали некој што е патриот, а неверува во богови, е верник?
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Како што споменав и погоре, според мене било кој став кој нема врска со теологија, не е став кој би окарактеризирал некого како атеист или теист. Тоа е мешање баби и жаби. И национализмот е догма според мене, и патриотизмот е догма...дали некој што е патриот, а неверува во богови, е верник?
Ти ова како надополнување или како реплика? Ај подледни другар што болдирав во постот.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ти ова како надополнување или како реплика? Ај подледни другар што болдирав во постот.
Како дополнување де, не се лути одма! :)
Зборот ми е, терминот "верник", надвор од теолошките ставови не е баш адекватен и повеќе прави збрки одколку што објаснува.
Да се биде атеист, незначи да се биде имун на некој догми надвор од теологијата.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Ги читав и другите теми. Сепак друго е прашањето овде. На што го заснивате вашиот атеизам. Ако е неверување (во бог) како што рече, тоа значи верување во науката. Зарем тоа не е верување??

Лицемерно малку. Колку можев да прочитам сите атеисти се повикуваат на недокажани или сомнителни теории кои науката не ги докажала.

Како тоа во едно недокажано не верувате а во друго, исто така недокажано верувате?
Убаво што си читал и други теми. Таму е објаснето, ама изгледа не си разбрал.

КАКО МОЖЕШ ДА ВЕРУВАШ ВО НЕВЕРУВАЊЕ ВО БОГОВИ?!?

Дали сфаќаш колку ти е фалично прашањево?

Ти не пушиш цигари, ама и ти си зависник, само што си зависен од независност од цигари.

Тоа што некои атеисти се повикуваат на научни докази, не значи дека науката и атеизмот се неопходно другари. Постојат атеисти кои веруваат дека Масоните се рептили од друга планета кои не држат покорни со хипноза и mind control. Има атеисти кои живеат во планина, кур ги боли за наука и појма немаат кој бил Њутн.

Атеистите ги поврзува само едно нешто - тврдењето дека богови не постојат. Све друго е индивидуално и нема никаква причина да претпоставуваш било каква врска помеѓу двете. Едното е тврдење (позиција), а другото е систем.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199

Џабе е Дибек, едно четири пати и го напишав истото. Со инка не се турва. Сега ќе почне со абиогенезата, Дарвин, бла бла бла...
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Како дополнување де, не се лути одма! :)
Зборот ми е, терминот "верник", надвор од теолошките ставови не е баш адекватен и повеќе прави збрки одколку што објаснува.
Да се биде атеист, незначи да се биде имун на некој догми надвор од теологијата.
Како надополнување да не се успаничиш ;)
Точно Ипси, Малце недоквакано делуваше цурава, ама имаше поента целиот муабет во некој дел.
Точно надвор од теологијата нема врска, но ако причина за неверување во бог е некоја дуга догма, тогаш е друго.
На пример, бог не постои оти теријата биг-бенг е точна, а точна е оти така пишува во книгата за 6то одделение е тоа веќе има врска. Нели?
 
nescafe

за освестување
Член од
27 август 2009
Мислења
604
Поени од реакции
277
ПООО, пак. Абе која црна догма, ме виде мене да се повикувам на некое научно достигнување кога ги дебункирам религиите?

Или само си лупеташ така спортски?

Ќе ти откријам една тајна. Атеист не се станува читајќи научни книги, најсигурен пат до атеистичката позиција ти е внимателното читање на Библијата и Куранот...
Имаш право атеист не се станува туку така, туку те регрутираат.

И јас ги имам прочитано и двете и плус неколку други секташки книги колку да видам што е разликата а сеуште сум православен.

Што значи не е до тоа, нешто друго ќе да е, нешто друго како : ние христијаните се раѓаме како такви а вас атеистите ве регрутираат., по се изгледа така ќе да е.

Како членови во библиотека сте бре налед да е, и членска книшка да не ви даваат .???
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Имаш право атеист не се станува туку така, туку те регрутираат.

И јас ги имам прочитано и двете и плус неколку други секташки книги колку да видам што е разликата а сеуште сум православен.

Што значи не е до тоа, нешто друго ќе да е, нешто друго како : ние христијаните се раѓаме како такви а вас атеистите ве регрутираат., по се изгледа така ќе да е.

Како членови во библиотека сте бре налед да е, и членска книшка да не ви даваат .???
Добро, не си приметил дека немаш интелектуален капацитет за да реплицираш во овој подфорум??

Па мајка му стара, сите други приметија...
 
nescafe

за освестување
Член од
27 август 2009
Мислења
604
Поени од реакции
277
Добро, не си приметил дека немаш интелектуален капацитет за да реплицираш во овој подфорум??

Па мајка му стара, сите други приметија...
Па за разлика од тебе гледам дека имам многу повеќе од она што ти го имаш во главата.

И ако немаш зборови со кои би се обратил немој да вреѓаш за да не те шамарам како мало дете, јасно.
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Уште ли верувате во богови бе??? 21век дојде, ццц...боже сачувај.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Па за разлика од тебе гледам дека имам многу повеќе од она што ти го имаш во главата.

И ако немаш зборови со кои би се обратил немој да вреѓаш за да не те шамарам како мало дете, јасно.
Оф леле, и мене ли ќе ме тепаш? Аман, пола форум го сотре...

Нема никој од страв да ти дојде на собиранката која се обидуваш да ја организираш...

:vozbud::vozbud:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom