Ти не разбираш некои работи. Тебе, мислам јас, треба некој и со дела да ти покаже за да знаеш и повторно не верувам дека ќе ги видиш.
Јас кажав дека Божјата Промисла се состои во тоа што Бог се грижи за сите луѓе и сака сите да бидат добри. Тој ги воведува низ тој пат за да го спознаат, а
судбината се гледа, пак, (иако ја нема, бидејќи не постои, туку ти ја правиш)
во тоа што, како ти ќе возвратиш на тоа со твојата слободна волја која те прави човек (Божји образ). Незнам ти дали имаш дома Свето Писмо и дали некогаш си го толкувал по православно гледиште, а ако твојот одговор е да,
тогаш треба да знаеш за создавањето на човекот и за дадениот Божји образ, а и за зададеното подобие.
Образот се отсликува во: слободата на човекот, во љубовта на човекот, во мудроста на човекот и така натаму, а подобието е тоа што ти треба да се воздигнеш духовно кон Бог и да се стремиш кон Него.
Ако не си разбрал сега, тоа е до тебе, а не до мене бидејќи јас силно верувам дека се' е по Божја промисла, ама и до мене зависи јас како ќе ја изиграм мојата улога. Пример: Божја промисла е јас да одам на одмор, но сепак, јас сметам дека е подобро надвор во Македонија (на некој остров
![Намигнување ;) ;)](/styles/default/xenforo/smilies/wink.png)
), ама се случува Бог да ги заплетка работите (иако тие си се прави) и јас да останам во Македонија. По два дена слушам дека авионот кој полетувал од аеродром се урнал и загинале сите патници и екипаж (не дај Боже). Е тогаш треба да ги отвориме очите и да видиме дека не секогаш нашите планови се исполнуваат бидејќи не се по Таа Божја Промисла.
Совршена Божја Промисла се јавува кога твоите идеи се исти како на Бог, но не значи дека ти не можеш и друго да правиш, освен она што е како дел од Божјата Промисла. На пример: убиството. Ти имаш пиштол и сакаш да пукаш и треба да избериш дали ќе пукаш на некој човек или во воздух (е сега се случуваат и несреќи, но се' е тоа до нас). Ако пукаш во човек, па и во воздух тоа не е Божја Промисла, но тоа зависи до тебе.
Колку си разбрал толку, сега треба и ти да сфатиш.
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
.