@Гладиус
Дупката нема да биде иста.
Секогаш има полошо.
Верувај дека прогоните на Евреите во триесетите на некој сигурно му личеле како дно од кое нема подолу. Но, уверен сум дека го смениле мислењето кога за неколку години почнало да се остварува финалното решение.
Дали можеби, ти сакаш да ме убедиш преку сопствено искуство, дека на Македонците им е убаво во албански средини?
(и не, не зборуваме тука за економската состојба и слично, добро знаеш за што зборуваме)
Сакаш да ми кажеш дека можеш да си се качиш у аутобус и онака да си се извозиш на раат у задниот дел, како да се возиш на релација Аеродром-Центар?
или можеби тоа се случува по некогаш, кога ќе имаш среќа?
Да имаш ќерка, онака ќе ја пуштиш навечер по цигари до продавничките на Јаја паша? А?
Има премногу примери кои ќе покажат дека не си у право. Не ми се верува дека не ги согледуваш.
Мене само ме интересира која ли е причината што некои упорно го застапуваат спротивното она што е реалност, од она што е на сила...
Дали затворање на очите пред очигледното, како некаков заштитен механизам?
Дали потсвесната желба за самопрезентација во некакво космополитско либерално светло?
Што ли е?
Не можев у автобус да се возам позади кога беше кризата. Сега, вечерва накај дома стоев позади и дури и слика имам пошо имаше сообраќајка на улицата кај шо може да се види дека стојам позади у бус.
Ако не живееш во средина каде албанското население е позастапено, не можеш да ми кажуваш на мене како ми е. Јас пред 2001 живеев во делумно - етнички чиста средина. Од 2001 наваму живеам во мултиетничка. Сменето е моментално само тоа што повеќе билборди се на албански одошто на македонски и во продавница можат да ти прозборат на албански, па ко ќе видат дека те згрешиле одма да ти го кажат истото на македонски.
Мене не ми се верува дека ти сакаш да ме убедиш во нешто кое не е така.
И ич да не се секираш, во секој автобус може да се погоди дебил кој ќе ремети.
И дајте бе веќе сфатете дека има луѓе кои стварно к*р не ги боли за нацијата. Јас сакам да живеам за себе, не за државата. Од иста причина, не се ни замарам дали сме малцинство или мнозинство. И како тоа потсвесна желба за самопрезентација во некакво космполитско либерално светло?! Ако тебе желбите за начин на живот ти се потсвесни (ете пример по 11 деца пак да праат сите), земи и прај ги. Јас за тоа космополитско либерално светло придонесувам со тоа што пробувам да направам било каков напредок во однос на тие согледувања. А ти, мене ме убедуваш, а утре нема да се решиш за појше од 2 деца од причина што финансиската состојба и за нив ќе ти биде крај со крај да не можеш да скрпиш (дај Боже да не ти е така, ама државава друго не нуди).
едит: Јас зборувам од економски аспект. Нема да си дозволам ако останам во државава дфа имам појше од 2 деца од причина што сакам децата да ми уживаат, а не да ме гледаат како се корнам од работа пошо сум ги напрајл 7 за да подобар наталитет на државата а притоа не можам сите во исто време да ги пуштам низ град да прошетаат пошо така ќе неам пари за утредента леб да купам за дома, камо ли некоја скара да им направам или на излет да си дозволам да ги однесам.
Има една интересна реченичка. Парите можеби не можат да купат среќа, ама попрво би плачел во ферари одошто на улица.