Дали Македонците ќе станат малцинство и во Македонија?

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување

Дали Македонците ќе станат малцинство и во Македонија?


  • Вкупно гласачи
    105
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.384
Makeoncite ke stanat malcinstvo a na toj pat se i poveketo Evropski zemji. Dodeka nie hristijanite brkame kariera i odvaj po edno dete imame ostanatite rabotat na zdravo.
Ednas eden Albanec mi kaza so K..ot ke ve osvoime i ne e daleku od vistinata.
Vo Strumica vo poslednata godina mislam deka se rodija okolu 900 deca od niv polovinata se romcinja. A ovaa praksa ne e samo vo Makedonija istoto ke i se sluci i na Germanija. Prosekot im e po 1,3 deca a vo toa se smetat i Turcite so Germansko Drzavjanstvo koi realno imat po 4 do 5 deca. Sto znaci Germancite imat po 1 dete prosek. Sega ima okolu 16 do 20 % stranci. Za edno 100 godini moze i tie da bidat malcinstvo vo Germanija a kaj nas toa ke se sluci mnogu pobrzo.
Не се Турците,Арапи.....прават они деца,но во Германија углавном по 2-3.На 82 милиони популација, Германија има околу 4 - 4.5 милиони муслимани.Убедливо најголем број од тие муслимани се турците, кои и не се котат толку ко зајци.Башка што меѓу нив има и голем дел без германски државјанства и луѓе дојдени само на приверемена работа,не за трајно населување.
Можеби Германија е во опасност да се намали доста уделот на Германците во догледно време,но да стане муслиманска земја.....е тоа малце потешко ќе иде.

Русија веќе неколку години има страшен пораст на наталитетот и нивната популација се зголемува.Имаат значаен број на муслимани,но и самите Руси добро стојат.До пред неколку години беа тешка катастрофа русите,стварно не знам што им се има случено последните години,но го зголемија и фертилитетот и наталитетот.

Белгија ја спомнав претходно,далеку е и таа од загрозување.

Велика Британија има максимум 3 милиони муслимани,иако и тоа е претерана бројка,на пописот од 2001 нивниот број е половина од тој број.........Се тоа на популација од 65 милиони.
Во Англија и Велс 65% од бебињата родени се бели британци......тука мислам дека не се вклучени останатите бели родени (полјаци,ирци......)........Црнците во најголем дел не се муслимани,а ги има многу,Индијците исто и тие од мешана раса.Во С. Ирска и Шкотска тој процент е уште поголем.Да ги земеме 65% од родените во една година,во цела Велика Британија (иаку тие 65% се однесуваат само на Англија и Велс кои имаат најмногу имигранти) да се бели британци,пак се тука некаде со сите умрени од секоја раса и религија.

Бројот на муслиманите во Европа расте,а исто така и нивниот удел во целосната популација.Сепак имаат уште доста да се утепаат од правење деца за да станат мнозина,или пак само да завземат значаен процент.И тоа е се под претпоставки дека тие исто ќе се котат и во наредните децении (иаку мислам дека тоа и нема да се случи,бидејќи овие кои што се веќе 2-3 генерација се помалку и помалку ќе бидат расположени за 4-5-6 деца).Треба да се сфати сериозно продорот на исламот во Европа,но сеуште нема место за паника дека ќе ја прегазат за 20-30-40 години.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Kaко прво и прво и Муслиманите се луѓе од крв и месо како нас, тие што прават по повеќе од 2 деца тие се како да кажам традиционалисти кои повеќе и се наклонети на верата, но и општо на такво цивилизациско ниво се наоѓаат ......... е сега нивните деца(младината) нормално пошто живеат во мнозинско Христијански земји(кои се патем и секуларни држави) нормално дека со еманципацијата, едукацијата, дружењето со НеМуслиманите и.т.н. многумина ќе го прифатат западниот начин на живот во кој секако дека не се прават веќе одамна по неколку деца и секако дека не се влегува во брак пред 20 год. возраст, како што било порано ............. па и кај нас прошетајте по факултетите на пр. видете колку има Албанки кои имаат по 20 и кусур години и сеуште немаат абер од мажење, а камо ли па таквите еманципирани девојки, кои откако ќе завршат факултет ќе сакаат и да најдат посолидно работно место, ќе сакаат да живеат ситуиран и модерен живот, зарем мислите дека тие ќе прават по неколку деца, не верувам(макс. 2) ........ е сега тие поконзервативните традиционалисти, кои патем и се приврзани доста кон верата(Исламот) и кои што претежно живеат повеќе во руралните средини е кај нив неверувам дека нешто многу ќе се промени во блиска иднина, тие и понатаму си тераат по старо, таков им е едноставно менталитето и цивилизацискиот степен, всушност и баш тие таквите го држат во позитива Албанскиот природен прираст, доколку сите би биле еманципирани тешко дека и кај нив прирастот би им бил во + или пак на 0 !
 
Член од
2 ноември 2008
Мислења
146
Поени од реакции
15
Натаму оди работава, со оглед на процентуалниот однос со кој се на власт уште малку ќе имаат слободни ингеренции да ни го одземат западниот дел, а нема ништо ни да направиме за тоа, бидејќи кај нас се е продадени души без разлика кој е на власт.
 

bokser_mk

Баксуз
Член од
29 јануари 2012
Мислења
1.363
Поени од реакции
1.831
Kako propaga eden narod
1.Albancite go dobija svoeto i seuste baraat i se nezadovolni a nie kutme i trpime
2.bidejki nema rabota za 50% od mladite vadat bugarski pasosi stanuvaat BUGARI I BARAAT PODOBRA IDNINA NADVOR OD ZEMJAVA I POLEKA POLEKA ZGASNSNUVAAT MAKEDONCITE
3.ZA GRCIJA SEUSTE NE POSTOIME KAKO NAROD I NE KOCI VO SEKOJ PROCES
EDNOSTAVNO TAPKAME VO MESTO ILI STATUS KVO NI E SITUACIJAVA.....

DOKOLKU PRODOLZIME SO OVA TEMPO ZA NEKOLKU DECENII VOOPSTO NEMA DA POSTOIME KKAO NAROD

NEAM NISTO PROTIV NIKOGO NI PROTIV ALBANCI NI PROTIV GRUJO AMA ZA ZAL TOA E REALNOSTA KOJA NI SE SLUCUVA......

AKO NE E SE TAKA CRNO KAKO STO OPISAV ISPRAVETE ME MOZDA JAS SUM VO ZABLUDA.....
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.453
Поени од реакции
5.862
Ќе дојде сега Александров со податоците од 2011та.

Битола згаснува целата , и градот и селата.

Прилеп такоџе.

Во многу општини веќе ромите и турците стануваат сериозно малцинство.

Тоа што за Скопје се албанците .... за Радовиш , Штип , Прилеп , Виница , Кичево , Кочани , Струмичко , Пехчево тоа се ромите и турците.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
1.365
Поени од реакции
2.053
Еве јас бев во Битола пред 2 месеци и сите школи беа затворени, немаше куќа во кој живееше некој.Се беше празно и пусто.Град кој е преполн со народ и во којшто училиштата крцаат со деца згаснувал.
Абе албанец дај олабави и не труј младина со глупости.
За Прилеп не се секираме.Тука се Албанките од Албанија да раѓаат македонски деца и да ги полнат училиштата, а веќе почнаа да ги носат и во Источна Македонија.

Кој и колку е ќе кажеше пописот, ама прав попис, а не со попишување на мртви лица и трето колено во Швајцарија.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.453
Поени од реакции
5.862
Еве јас бев во Битола пред 2 месеци и сите школи беа затворени, немаше куќа во кој живееше некој.Се беше празно и пусто.Град кој е преполн со народ и во којшто училиштата крцаат со деца згаснувал.
Абе албанец дај олабави и не труј младина со глупости.
За Прилеп не се секираме.Тука се Шиптарките од Албанија да раѓаат македонски деца и да ги полнат училиштата, а веќе почнаа да ги носат и во Источна Македонија.

Кој и колку е ќе кажеше пописот, ама прав попис, а не со попишување на мртви лица и трето колено во Швајцарија.
Битола има народ секако и ќе има , но секоја година се помалку
Последната година во Битола се родиле 705 македонски деца , починале 1092 лица од македонска припадност.
Тоа ти е 387 лица помалку за една година. Уште и се зборува за иселување кон Австралија и други земји.

Исто и Прилеп е на -331.

Како вака се гордееш македонските паралалки да се наполнат со деца родени од ш*птарките , нели тие беа инцестоидни со пореметувања ? Знаеш ли дека се пренесува ?

Не го земај ова како труење , туку навистина така е , овие бројки не се менуваат веќе многу години , кој живее во Битола и Прилеп знае подобро како било и како е.
И не ми е гајле како и што е во Прилеп , туку добро е да се знаат овие ствари.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
1.365
Поени од реакции
2.053
Се празнат тетовските села

Најмасовно е заминувањето од селата Нераште, Слатино и Доброште
Гојко Ефтоски


ТЕТОВО - Симнувањето на шенгенскиот ѕид го раздвижи населението од Тетово и од тетовските села. Не само во градот, туку и во селата се' повеќе куќи остануваат заклучени и празни. Најмалку илјада жители од руралната општина Теарце заминале во странство, а најмасовно е празнењето на селата Нераште, Слатино и Доброште. Никој не располага со точни бројки колку луѓе заминале, останале или се вратиле во изминативе три месеци. Од СВР Тетово објаснуваат дека немале надлежност да водат регистар на заминати патници во странство.

Најчести патници за западните земји се припадниците на албанската етничка заедница. Но, и Македонците ги пакуваат куферите и заминуваат во прекуокеанските земји: Америка, Австралија и Нов Зеланд. Сите бараат роднински и пријателски врски, ги обновуваат познанствата со оние што се веќе во странство за да заминат од државата. Патувањата не се од туристички побуди. Невработеноста и сиромаштијата се главни причини зошто се минуваат границите.

Италија, Германија, Швајцарија се' најчестите дестинации кон кои патуваат тетовци по визната либерализација. Привлечни се и скандинавските земји, особено Данска и Норвешка. Во последно време се' почесто се купуваат билети за патување во Франција. Од просторите на поранешна Југославија најчесто се споменува Хрватска. Ова се сознанија на туристички агенции од Тетово кои потврдуваат дека по визната либерализација, значително е зголемен интересот за патување во западноевропските земји. Но, според нив, уште поголем бран се очекува напролет, кога се зголемуваат потребите од сезонска работна сила во земјоделството, сточарството, градежништвото.

„Башким-турс“ е единствената превозна компанија со постојани линии од Тетово, но, главно, кон Германија. Нивните автобуси возат двапати неделно во двете насоки. Во Германија најчесто се патува во Минхен, Штутгарт, Карлсруе, Франкфурт, Леверкузен, Дизелдорф, Дуисбург, Есен и Дортмунд. Дел од овие патници потоа со други превозни средства продолжуваат кон скандинавските земји. Меѓутоа, патници од Тетово за европските земји земаат и автобуси што тргнуваат од Гостивар и од Струга. Во агенцијата „Траверс турс“ потврдија дека од десетина патници месечно оваа бројка сега е зголемена на сто. Живко Воиновски од „Авиотекст плус“ вели дека има зголемен интерес за патување, но нивната агенција работи, главно, за авионски превоз. И приватните возила се опција за да се стигне во странство.

Нашинците што се определуваат да ги искористат поволностите со визната либерализација се снаоѓаат на најразлични начини. Плаќаат за еден правец, а на билетот им пишува дека е повратен, а да ги оправдаат 45 евра за секој минат ден во странство меѓу себе се позајмуваат или самите возачи ги услужуваат. Ограничениот престој се користи за да се трансформира во постојан престој, најчесто со склучување бракови со лица што веќе имаат државјанство во странската земја.

„Присутна е појавата на спогодбени или фиктивни разводи. Во некои случаи од новата заедница има и деца што подоцна влијае не само врз брачните, туку и врз семејните односи. Овие проблеми се вистинско море без дно“, велат во Центарот за социјална работа во Тетово. Оттаму сметаат дека визната либерализација ќе услови да има помалку склучени бракови во земјата за да оформат брачни заедници во странство. Инаку, за склучување брак со лице што има странско државјанство се плаќале и до пет илјади евра.
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Ako de, ke stanete malcinstvo pa i vie ke zemete pushkite i ke si barate prava, pa ke si pravite po 7 deca, i taka odi toa, krugche, ne deka ke napreduva makedonija ili neshto, ne so ajvani. So lugje se pravi toa, lugje tuka nema <3
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.453
Поени од реакции
5.862
Се празнат тетовските села
Реков негде дека нема иселување на албанците ? Нее

Јас многу отворено си зборувам за овие работи и баш би сакал да ми донесеш некои бројки , нека бидат и неофицилајни (некаа имаат некаква покрепа) за тоа колку се иселуваат.

А јас ќе ти донесам статистики според кои и покрај иселувањето , во Тетово албанците и понатаму имаат два пати повисок наталитет него македонците во Битола и Прилеп.

Битола по природен пат секоја година си губи по едно просечно Пелагониско село.
Додека Тетово се зголемува за повише од толку.

Тетово за да биде исто како Битола , од нејзе треба да се иселат 800 тетовчани годишно. Но под услов од Битола да не се иселува никој. А сепак знаеме дека и од Битола се иселуваат.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
1.365
Поени од реакции
2.053
Реков негде дека нема иселување на албанците ? Нее

Јас многу отворено си зборувам за овие работи и баш би сакал да ми донесеш некои бројки , нека бидат и неофицилајни (некаа имаат некаква покрепа) за тоа колку се иселуваат.

А јас ќе ти донесам статистики според кои и покрај иселувањето , во Тетово албанците и понатаму имаат два пати повисок наталитет него македонците во Битола и Прилеп.

Битола по природен пат секоја година си губи по едно просечно Пелагониско село.
Додека Тетово се зголемува за повише од толку.

Тетово за да биде исто како Битола , од нејзе треба да се иселат 800 тетовчани годишно. Но под услов од Битола да не се иселува никој. А сепак знаеме дека и од Битола се иселуваат.
Статистики во коишто 60% од умрените Албанци воопшто и не се пријавуваат како умрени и се водат како живи, статистики во коишто еден Албанец е запишан во 2-3 училишта за да се полнат бројки, статистики во коишто еден Албанец има фертилитет од 90 -100 години, статистки во коишто Албанците имаат наталитет како Црнците од Сомалија или Нигерија при толку иселување, а добро гледаме во реалност дека веќе мнозинството Шиптарки се сведоа на 2 деца што не се доволни ни за обична репродукција, а не за фантомски бројки коишто ги објавува државен завод за статистика.Не, фала , зачувај си ги за себе тие државни статистики коишто 3 пати фалсификуваат пописи и во 2002 попишаа 120 000 вишок Албанци што никаде не постојат.Тие статистики се само бројки коишто можат да се напишат вака или онака се зависно на кого и како му одговара.На Бранко му одговараше во 2002 и ги измисли тие 120 000 Албанци на хартија.
Груевски и Мијалков не пијат нафта, па затоа и го прекинаа пописот којшто ќе беше чист фалсификат.Вас можат да ве пишат колку сакате на хартија само заради социјален мир, но тоа не ве прави толку во РЕАЛНОСТ.

Најголема корист Албанците извадија од Македонците со исламска вероисповед коишто им пумпаат бројка во број на новороденчиња во неколку општини, а тие деца незнаат ни два збора албански , ни две песни албански.Како што Имер Селмани им се обрати во Лабуништа на МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК „Вие Албанците“;).Тие колку и да се пишуваат Албанци и Турци многу добро знаат кои и се и што се, па затоа кај нив на свадби се свири македонска музика и песна, а не турска и албанска.Ќе си се вратат тие пак во македонското стадо иако џамијата им пере мозок да не се мешаат со “неверниците“.

Мене пола роднини ми работат во министерство за образование и многу добро знам на кој принцип фукционираат школи на албански јазик.Се носат деца од секаде да се полнат паралеки за да не се затвораат, се запишува едно дете и фигурира во 2-3 општини и куп други работи.
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.968
Се празнат тетовските села

Но, и Македонците ги пакуваат куферите и заминуваат во прекуокеанските земји: Америка, Австралија и Нов Зеланд.


Италија, Германија, Швајцарија се' најчестите дестинации кон кои патуваат тетовци по визната либерализација. Привлечни се и скандинавските земји, особено Данска и Норвешка. Во последно време се' почесто се купуваат билети за патување во Франција. Од просторите на поранешна Југославија најчесто се споменува Хрватска.
Е ова е нешто што несакаме да го видиме ние Македонците...

Нашите како некој идиоти се затрескани во прекуокеанските земји и само таму се отселуваат. Таму купуваат куќи и никогаш не се враќаат назад. По две три генерации прашање е дали ќе се декларираат како Македонци?!

За разлика од нас, Албанците се иселуваат во Европските земји, таму работат, но тука градат куќи и тука го поминуваат остатокот од животот! Така да тоа дека Албанците со иселување нема да станат мнозинство по 30, 40, можеби и 50 години, е само пуста желба, а не реалност!
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.453
Поени од реакции
5.862
Статистики во коишто 60% од умрените Албанци воопшто и не се пријавуваат како умрени и се водат како живи, статистики во коишто еден Албанец е запишан во 2-3 училишта за да се полнат бројки, статистики во коишто еден Албанец има фертилитет од 90 -100 години, статистки во коишто Албанците имаат наталитет како Црнците од Сомалија или Нигерија при толку иселување
Го избра најлесниот пат за да куртулиш од озбилна дискусија.
Умрените не сме ги пријавувале :) Децата сме ги запишувале на 2-3 училишта. :)

Сака да полемизира и за ствари кои се гледаат со голо око , доволно ти да одбереш некое училиште и да се увериш.

Излези малце од твојот подрум и согледај ја реалноста , само така ќе се увериш, а не што ти рекле твоите вработени седејќи во канцеларија.

Во God only knows стил и јас да се обидам : А сепак вистина е дека македонците ги запишуваат децата на 6-7 училишта , а починатите ги кремираат за да не се види колку починале (и да зимат пензија и натаму) , уште не лажат дека македонците имаат наталитет од 9 промила , а сите гледаме дека немаат ни 3 промила (9 промила е заради тоа што и кучињата се пријавуваат како новороденчиња , за да зимаат пари) , еве и во Прилеп и Битола има многу албанци христијани , дури зимаат невести од Албанија , кој ги крие овие бројки , кој ќари од албанците христијани , но сепак еден ден тие ќе кренат глас и ќе се вратат во албанското јадро.

Како да не му пуштиш пат на оваков форумџија , вака е најдобро , одговори му на ист начин.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom