Дали Македонците ќе станат малцинство и во Македонија?

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување

Дали Македонците ќе станат малцинство и во Македонија?


  • Вкупно гласачи
    105
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Белгија има некој 17-18 % старо население,Белгија исто има 16% население под 14 години..........што значи дека бројот на стари и млади е тука некаде......и тоа пази,млади до 14 години.Ако ги земеме и тие до 19-20 години,млади имаат поголем удел од старите,а Белгија е богата земја,не им бегаат тие на нив во странство.
Во Белгија,бар до 2009 се имаат повеќе раѓано од колку умрено........а бидејќи муслиманите се само 5% тоа доведува до заклучок дека Белгијанците и не стојат така лошо.
Така да видеото е срање,да на Европа и прети опасност,но не толку колку што серат во тоа видео.........
Белгија,најочигледен пример за тоа.

За болдот.
Малце бугари,полјаци,чеси,украинци,руси,словаци им дојдоа на работа, а ?Па најголема етничка заедница во Белгија на пример после валонците и фламанците се италијаните.......
И тие доаѓаат на работа,не доаѓаат само Ибрахим и Осама.Башка и што многу полесно се населуваат таму.
Посебно сега од кога ЕУ се прошири,ефтина работна сила од истокот колку сакаш.Јест да ради тоа истокот,кој и онака не стои баш најдобро демографски се опустошува,но бар тие немаат ич муслимани,а и не им се ни доселуваат.
16 проценти население под 14 години е катастрофа.
Уште поголема катастрофа е тоа што, голем дел од младото население е муслиманско.

Да, се согласувам за работната сила од источна Европа. Всушност, за тоа и ги примија тие земји од источниот блок дамнешен, за да понудат (евтина) работна сила.
But, nothing lasts forever. И тие земји немаат добар природен прираст.

Дур сум кај него: во Белгија, и во многу други земји, да, сеуште се чувствува природен позитивен прираст, ама и на тоа му доаѓа крајот. Младото население е се помалку застапено, а и тоа не се решава на брак, а уште помалку на брак со повеќе од едно дете.

Јас не знам какво е видеото, ама знам дека на Европскиот човек, онаков каков што го знаеме, му се заканува смрт.

П.С. Белгија башка е најмалку загрозена по тоа питање, има и полошо :D
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Демографската слика на источна Европа т.е. на земјите од поранешниот источен блок е дури и покатастрофална од демографските слики кај западно-Европејците ......... на пр. процентот на Муслимани во Полска, Чешка, Словачка, Унгарија, Романија, Молдавија, Балтичките држави, Украина, Белорусија е смешен(скоро и да ги нема воопшто), значи таму не одат Муслимани да работат и живеат, туку одат во западно и северно-Европските земји ........... значи сепак овие земји кои ги набројав ќе останат и после 50/100 год. без Муслимани, ама ќе имаат упола помалку жители .......... е сега Русија е друга приказна, таму Муслиманите(~20%) се автохтони(Чеченија, Дагестан, Ингушетија, Черкезија, Кабардино-Балкарија, Татарстан и.т.н.) значи не се тазе доселени во последниве неколку децении, како што е случајот на запад, ама сепак демографската слика на Русија(Русите) е катастрофална во последниве 2 децении ......... Русија(која има 17 милиони км2/најголема држава во светот) моментално има 141/142 милиони жители од кои Русите се 78/79% .......... останатите 20 и кусур проценти се 100тина други народи, од кои добар дел од нив се со Исламска вероисповед(особено на Кавказот, потоа во Татарстан, како и во делови од Азискиот Руски дел(делови од Сибир) а Муслиманите без разлика од која раса или нација се секаде имаат позитивен природен прираст .......... Азија, Африка, Европа, Америка(пред се северна Амер. САД, Канада), исто и Австралија... Муслиманите моментално се во мал процент да речеме во САД, Канада, Австралија... ама наталитетот им е двојно/тројно повисок отколку на НеМуслиманите во тие земји, а исто е и во западна Европа па дури и западно-Европските земји се повеќе загрозени и со поголем % на Муслимани отколку САД, Канада, Австралија... иако и овие прекуокеански земји се соочуваат со истиот проблем !
 
Член од
23 декември 2010
Мислења
578
Поени од реакции
365
Јас викам да се вратиме кај нас
Белгија,Британија,Германија ќе се снајдат

Од Источна Македонија е иселен цел град од 15.000 жители

Во помалите општини речиси никој не се враќа откако ќе заврши факултет. Ако не замине во Европа, најчесто останува во Скопје



Штип – Цел еден град голем колку Делчево е иселен од источниот дел на државата во последните петнаесетина години. Над 15.000 главно млади луѓе, во кои секоја власт се колне дека се нашата иднина, се иселиле од Источна Македонија низ светот. Сите фатиле магла од родните огништа откако дома не успеале да го реализираат животниот сон, ниту, пак, да си обезбедат барем трошка човечка среќа и грам достоинствен живот.

Искрената исповед на градоначалниците на Кочани и на Виница низ интервјуата за нашиот весник јасно го лоцира проблемот. Виничкиот градоначалник Емил Дончев рече дека од оваа општина досега се иселиле близу 4.000 млади луѓе, кои, во најголем дел, си нашле работа во Италија, земја во чиј град Канели, благодарение на доселените виничани, повеќе се слуша македонскиот отколку италијанскиот јазик. Таа бројка е еднаква на бројот на вработените во оваа општина. Преку лето во Виница можат да се сретнат повеќе автомобили со италијански регистарски таблички отколку со македонски. Кочанскиот градоначалник, пак, Ратко Димитровски вели дека во втората по големина општина во регионот најголем проблем е невработеноста. Во овој град бројот на невработени е изедначен со бројот на вработени. Шансите да се дојде до работно место се еднакви на нула, бидејќи во Кочани нема ниту најави за нови инвестиции во стопански објекти.

„Завршив Педагошки факултет, барав работа во струката и надвор од неа, барав каква било работа, ама секаде наидував на затворени врати, секаде ми велеа дека и тие што ги вработиле им се премногу. Немав друго чаре освен да се спакувам и да си ја барам среќата прво во Грција, а потоа во Италија. Во Италија заминав со бугарски пасош, оти така е најлесно, тие се во ЕУ па на границите никој не ни прави проблеми“, ни рече Митко, 31-годишен кочанчанец, кој веќе три години е на работа во Италија и има намера, како што вели, ако му се даде шанса, таму да остане за навек.

Во рударскиот град Македонска Каменица од близу 6.000 жители половина не се дома. Во неможност да се справат со сиромаштијата, свесни дека ги бидува за работа макар каква и да е, децата, како што ни рече пензионираниот рудар Димче Анастасов, си го фатиле патот.

„Каменица е полупразно гратче. Гледам една жална слика, а срцето ми се кине од вистината дека навечер сум сам во голема куќа, која моите тројца синови ја изградија работејќи десетина години во Швајцарија. Едвај чекам да дојде јули кога сите си доаѓаат дома, па да си ги гушнам внучињата. Тоа што семејствата ни се растурија, тоа најмногу боли“, со тага во гласот ни зборуваше некогашниот ударник на „Саса“.

Во Делчево речиси и нема семејство од кое барем по еден млад човек не зел бугарски пасош и заминал во белиот свет во потрага по парче среќа. Процените се дека од општината заминале близу 3.500 лица. Бугарскиот пасош за овдешните млади луѓе е единствен начин да се замине некаде во Европа, да се обезбеди живот за себе и за семејството.

„Тука имаме два исклучително лоши момента за нашата држава. Првиот е што младите се изјаснуваат за Бугари кога бараат бугарски пасош, а вториот, кога еднаш ќе заминат тие повеќе не се враќаат во татковината. Делчево е празен град, млади луѓе ретко ќе сретнете по улица, а се' се одвива по старата изрека ’еден оди сто води‘, бидејќи кога еден ќе замине тој прави се' за во туѓина да ги однесе и најблиските. Ова е најлошиот можен резултат кој произлегува од фактот дека државата, во однос на инвестициите и развојот го заборави нашиот регион“, ни рече средовечен угледен граѓанин на Делчево, поранешен локален политичар, кој не сакаше името да му го има во весник.

За разлика од Делчево, беровци најмалку сакаат да заминат во странство, но секој што завршил факултет останува да живее или во Скопје или во Штип и не се враќа дома.

Најимпресивна приказна во однос на оваа жална македонска тема е виничкото село Блатец, кое некогаш беше самостојна општина. Од над 2.000 жители, сега во убавото потплачковичко село ги има одвај половина. Атанас Ангелов е угледен и успешен земјоделец, кој има три комбајни и повеќе други земјоделски машини. „Лани и преклани барав млад човек да работи со комбајните, ама не најдов ниеден, иако нудев услови какви што ги нуди и Европа. Годинава живеам во голем страв дали таа слика ќе ми се повтори. Едноставно, во селото кое некогаш вриеше од млади, денес нема човек помлад од педесет години. Тоа е нашата, блатечка, ама и македонска трагедија и некој мора да го спречи тој процес на одење на сите наши млади деца во туѓина“, ни рече Ангелов.

Неговиот соселанец Борче Симеонов (52) , исто така земјоделец, им порачува на властите да ги вратат задругите ако сакаат да оживеат селата, а младите дома да си ја бараат среќата.

Милка Димитрова, наставничка со тридецениски стаж во ОУ „Кочо Рацин“, во ноември 2010 година ни изјави дека пред петнаесет години во училиштето имало 400 деца, наспроти во моментот само 130. Во селото не ја најдовме наставничката, но луѓето со кои разговаравме не' убедуваа дека сега во школото нема ни стотина деца.

„Факт е дека децата ни избегаа од оваа немаштија. Заминаа главно за Италија, а уште полошо е што досега никој не се вратил од таму. Ова село некогаш беше полно со живот, денес е само сенка на некогашните убави времиња“, не' убедуваат Ангелов и Симеонов.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=F4A1D966183D55409CF3D3ABCE87FDD3
 
Член од
18 декември 2008
Мислења
310
Поени од реакции
108
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=86093761D0E0E248BE11CA726FA54A8F
Море треба сега и ние, бугарите од источна македонија да ги побараме своите права, да учиме на бугарски јазик од 1 одделение, во парламентот да се зборува и на бугарски јазик, рамковен договор да потпишеме, или и ние ке пукаме, ке бидеме борци за слобода

А после и грујо, и бранко, и сите таканаречени политичари, што всушност се најголемите лопови во историјата на светот, нека се удараат во гради и се фалат на секој чекор колку ги бива, колку граѓаните ги сакаат и ги гласаат на избори

 
Член од
5 април 2007
Мислења
1.609
Поени од реакции
298
Не 15.000 може и повеке да се иселени од И,Македонија, имам роднини кој заминаа цели семејства по Италија никад нема ни да се вратат, не ни помислуваат . Сиромаштијата немањето егзистенцијаа си го направија своето, така да не се бираат средства се вадат бугарски пасоши и то нема што никој да го чуди, е сега нашиве партиски медиуми што не лажат дек тече мед и млеко, кој е улав па нек им верува. Ова е болна тема за која можеме 100 стр да напишеме, и нема да има ефект оние кој треба да го решат ова треба да се занимааваат со ова, бидејки ова не е мал проблем.
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Бројот на македонците во Македонија е помал од 50%. Проблем е кога бројот на македонци ќе биде помал од оној на албанци.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Бројот на македонците во Македонија е помал од 50%. Проблем е кога бројот на македонци ќе биде помал од оној на албанци.
Tи најде да збориш.. 300 000 Срби помалце у заѓни 10 год..ејј 300 000 иљадарки..као Ниш со све околина па и повише.. :tapp:
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Jа ви кажуем како е, ваше право е да ми делите дијагнози. Иако сум србин доброволно сум се пријавил во АРМ и сум наградуван за мојте дејаниа , подигање морал во критични моменти, доброволец на стража исто така во критични моменти, најдобро васпитана чета под моја команда и тако даље и тако даље . А вие пред да излезете у град се шминкате и сте поголеми пички од девојчето кое за жал излага со вас.
:pos:


Уффф како ми недостасува војска, и гуштери ко вас, од дома разлабавени јебиветри што би рекол, за три месеци луѓе би направил од вас


Артан од Дебар и Миралим од Гостивар, или Тетово јебем ли га, чим нив сум ги васпитал и научил да си ја почитуваат четата камоли вас, интернет педерчиња, место постови, гуштеров лет и строев корак док јајца не ви се обесат до колена секое сабајле сунце ви јебем калаисано.

Имаше едно дете од Пласница, многу мирно и повлечено, ден денес ми е криво што бев груб, али го поштуем максимално и увек би сакал да е до мене ако дојде до срање. Ми носеше кремендали, вино и ракија домашни.

Еххх ми текна и на Исмаил од Шутка, го заебваа од инжињерија, ваљда дека циган, маму сум им ебал у сред уста, јес да Исмаил беше трапаво војниче, и увек морав да го будам со лупање у касета.
 
Член од
23 декември 2010
Мислења
578
Поени од реакции
365
Претеруваш со под 50%
македонците во Македонија не се испод 60%

Tи најде да збориш.. 300 000 Срби помалце у заѓни 10 год..ејј 300 000 иљадарки..као Ниш со све околина па и повише.. :tapp:
Грешка

србите се помалку за над 500,000,пописот покажа 380,000 помалку,минус 50,000 албанци што бојкотираа=330,000
и бидејќи на пописот во 2011 беа врбоени и околу 200,000 бегалци од Косово,Босна и Хрватска кои не беа влезени во пописот од 2002.

доаѓаме скоро до цифра од минус 550,000
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Охрид рекордер според бројот на иселени лица


Охриѓани најлесно се одлучуваат да го напуштат родниот крај за да заминат во странство или да живеат во Скопје. Според Публикацијата ,,Миграции 2011’’ која вчера ја објави Државниот завод за статистика, Охрид е град со најнегативна миграциона состојба во Република Македонија.

Статистичките показатели кои се приложени во публикацијата говорат дека минатата година од Охрид се иселиле вкупно 1069 лица од кои 803 заминале во странски земји. Со овие податоци Охрид е рекордер по бројот на отселени лица, а зад него се Гостивар со 427, Битола со 386, Струга 371, Куманово 321, Прилеп со 243 и Струмица со 229 отселени лица. Поголема бројка на отселени од Охрид има само градот Скопје од каде што во истиот период се отселиле 1310 лица.

Споредбено со статистичката евиденција од претходните 4 години, може да се констатира дека бројот на иселени лица од Охрид, пораснал за 393 во споредба со 2010 година кога биле евидентитрани 676 иселени охриѓани. Во споредба со 2008 година, бројот на иселени од Охрид е зголемен за 502, додека пак во споредба со 2007 забележано е зголемување од 849 иселени.

Интересен е податокот што после Скопје, кој води со бројка од 1845, Охрид се наоѓа на првото место и според бројот на доселени лица. Значи според статистичките показатели, лани, жители на Охрид станале 447 лица од кои 356 се доселиле од друга општина.

Граѓаните на Охрид сметаат дека причина за иселувањето се недоволниот број на работни места односно условите за егзистенција кои моментално ги има во градот.

-Најчесто се иселуваат младите, еве на пример од мои блиски пријатели двата сина им заминаа во странство, едниот во Холандија, другиот во Германија. Исто така и моите деца планираат да одат надвор до Охрид, доколку најдат подобра работа и не ги запирам, слободно нека бараат подобар живот,вели една повозрасна охриѓанка.

Друг повозрасен граѓанин смета дека доколку во Охрид се отворат фабрики и доколку се инвестира во стопанството, младите нема да се иселуваат.

-Јас ги оправдувам младите, што си одат надвор до градот да бараат работа, зошто тука буквално се омаловажени, затоа што завршиле високо образование, а во Охрид нема каде да работат. На пример имам внука која има завршено магистратура, а замислете работи во бутик за плата од 8000 денари, што секако не е во ред, вели нашиот соговорник.

Тој потсетува на добрите времиња на охридското стопанство, кога ретки биле граѓаните кои се иселувале од Охрид.
http://www.ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=43860
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom