Дали Македонците ќе станат малцинство и во Македонија?

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување

Дали Македонците ќе станат малцинство и во Македонија?

  • Вкупно гласачи
    105
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 декември 2010
Мислења
578
Поени од реакции
365
Пелагонија е најпогодена,источна Македонија добро стои во споредба со Пелагонија.

Битола на следниот попис сигурно ќе биде трет па дури можеби и четврт град по големнина...Тетово и Куманово ќе имаат повеќе жители од Битола.

Сакам да направам една споредба:

Прираст за 2008-2009-2010 по националност:

Битола

Македонци

757 / 1083 -326

760 / 1027 -267

785 / 1071 -286

Албанци

65 / 37 +28

79 / 36 +43

45 / 34 +11

Роми

80 / 14 +66

113 / 23 +90

121 / 18 +103

Прилеп

Македонци

595 / 831 -236

646 / 904 -258

634 / 844 -210

Роми

140 / 43 +97

154 / 30 +124

152 / 41 +111

Вкупен прираст за 2011 без податоци за националност:

Битола

894 / 1171 -277

Прилеп

774 / 944 -220
Во Битола да кажеме дека албанците за 2011 имале 0 прираст додека ромите имаат во просек 100 како и минатите 3 години и доаѓаме до огромен пад кај македонското население,значително поголем од минатите години.

Исто и за Прилеп...
 
fr0zen

Kirigaya Kazuto
Член од
26 септември 2011
Мислења
1.348
Поени од реакции
503
абе ајде бегај таму , пола од регионот од битола и прилеп се на печалба во австралија ....
 
methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Пелагонија е најпогодена,источна Македонија добро стои во споредба со Пелагонија.

Битола на следниот попис сигурно ќе биде трет па дури можеби и четврт град по големнина...Тетово и Куманово ќе имаат повеќе жители од Битола.

Сакам да направам една споредба:

Прираст за 2008-2009-2010 по националност:

Вкупен прираст за 2011 без податоци за националност:

Во Битола да кажеме дека албанците за 2011 имале 0 прираст додека ромите имаат во просек 100 како и минатите 3 години и доаѓаме до огромен пад кај македонското население,значително поголем од минатите години.

Исто и за Прилеп...
Ги уништија градовите .... иначе овие да имаа како Струмица прираст ќе неможеа да ни се фатат шалбанците ама вака е многу компликејтет ситуација
 
Член од
23 декември 2010
Мислења
578
Поени од реакции
365
Цела Македонија да имаше прираст како Струмица ќе цветаше...
Мене иначе повеќе ме загрижува тоа што сите идат кон Скопје,половина од македонците во државава ќе се збутаме сите во Скопје...тоа е поголемиот проблем...барем да имавме уште некој така поразвиен и поголем регионален град...

на минатиот попис во 2002-400,000 македонци живееа во и околу Скопје,тоа е 1/3 од сите македонци во Македонија.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497

Наталитетот во Скопје е и повеќе од катастрофален според она што лично го приметувам ........... се покасно и покасно влегување во брак и се помалку и помалку деца(зборам пред се за Македонците, не ги мешам останатите) ........... а пак и покрај тоа бројот на жители на главниот град расте, но тоа е поради доселувањата во Скопје од внатрешноста на државава, пред се од источна и централна Македонија !
Можеби во селата околу Скопје(Македонските) наталитетот е нешто подобар, но во урбаниов дел од градов нема воопшто наталитет, само морталитет и секако нови доселувања од внатрешноста на државава ........ две новородени деца на 200 жители(конкретно во моја блиска околина), а 5-6 починати старци од тие 200 души, ова чисто како пример го кажувам ........ морталитетот е многу повисок од наталитетот, но бројот на жители е или константен или пак расте само како резултат на новите доселувања пред се на млади студенти и работници ...... мал дел од нив можеби ќе се вратат во родните краеви, но повеќето од нив тука ќе останат да живеат !
 
Член од
18 октомври 2011
Мислења
166
Поени од реакции
78
Види човек, никој не ти брани, ако имаш желба и ако имаш услови ОК направи и 10 деца, твое право, меѓутоа неможеш на нитуеден друг да му солиш памет што ќе прави во својот живот !
Плус да речеме дека ти на пр. ќе направиш 5 или повеќе деца и што ако, кога повеќето околу тебе во твојата околина ќе си останат со едно до две деца, а наталитетот само од твоите неколку деца нема шанса да се поправи !
Инаку викаш западната цивилизација(САД и Европа, вклучувајќи не и нас Балканот и ние сме дел од Европа сепак) ќе пропаднеле поради намалениот наталитет ............ види друже ако колата тргнала да оди во провалија нема сила што може да ја врати назад ....... работите тргнале во некаков правец и враќање назад нема, тоа е тоа !
И не реков дека финансиите се пресудни, иако и тие имаат огромно влијание, исто така и цивилизацискиот степен игра огромна улога .......... на пр. Македонците до 2 с.в. грото живееле по селата, тогаш животот бил доста едноставен, ниту образование имало, ниту технологија, ниту медицина, ниту струја, ТВ, компјутери... тогаш такво било времето заостанато и такви сфаќања имале луѓето, едноставно морале ептен млади да се женат/мажат и по брза постапка да склапаат по неколку деца, бидејќи морало некој да им ги копа и сади нивите, морало некој да им ја пасе и чува стоката .... но денеска е модерно време(наука, технологија, медицина, електроника, кариера, нормална работа/бизнис...) живееме во урбани средини во мал простор од 60/70 квадрати(лименка) немаме стока, немаме бавчи и сл. и затоа се прават помалку деца, бидејќи нема потреба од повеќе ........ поголема популација = поголема мизерија .................. замисли во 60 квадрати да живеат мајка, татко и 5-10 деца, зборам денеска .. тоа би било катастрофално и никој еманципиран човек денеска не го прави тоа освен некои табула-рази кои се наоѓаат на цивилизациското дно .......... Македонците во Социјализмот правеа претежно по две деца, а денеска во новиов западњачки систем и две се многу, со оглед на темпото на брз, динамичен и стресен живот ...... наука, кариера, работа/бизнис ... зашто ситуираните и по еманципирани луѓе покасно се мажат/женат и прават помалку деца ... бидејќи едноставно немаат време да се расправаат по дома со цела сурија клинци, едно е тамам, колку ете да има наследник куќата/станот, плус денеска покрај мажите и жените исто така се образоваат, бркаат кариера, работат, водат бизниси и.т.н. и нормално дека немаат време да кљанкаат дома цела сурија деца по цел ден. Едноставно такво е денеска времето, такви се сфаќањата, таков е системот, таков е начинот на живот, порано до 2 с.в. било така и така и сфаќањата биле такви и такви, потоа во Социјализмот времето било такво и такво и сфаќањата биле такви и такви, денеска начинот на живот, времето и системот се такви и сфаќањата се такви какви што се !
Се сложувам, секој си одбира колкаво поколение ќе има во животот. Јас сакам само да ги просветлам луѓето што ќе се случи со волку или онолку деца. Јас никаде не кажав за 5-10 деца, што ги спомна ти, туку да не бидат 1 или 2. На пример секоја брачна двојка во Македонија да има 3 деца, ние ќе имаме одржлив развој, а ќе се сложиш дека 3 не се многу(трошокот за трето дете е помал него за првото и второто од очигледни причини). Гледам дека ти сакаш да ги наведеш причините за тоа што се случува и некако да ја оправдаш демографската зима. Не, нема оправдување. А и не се бара многу од народот. Не мора сите да имаат 3, главницата да има 3 и останатите 2 ќе биде одлично. Луѓето само си наоѓаат оправдувања за сешто, без вистинска причина.
Има многу луѓе се жалат, немам пари, како ќе ги издржувам толку деца, како ќе ги обезбедам итн. Прво, кој те терал да доаѓаш во град(можеби ти не си крив, можеби твоите предци дошле). Како може да го менуваш твојот начин на живот, функционирање, во сосема ново окружување, со нови предизвици, можности и ограничувања а да не ги знаеш правилата според кој таа игра се игра. ( забегав малку од темата). На многу луѓе кои ми се жалеле вака сум им предложил да идат назад на село, али сум добивал главно негативни одговори. Секој си е сам креатор на својата судбина. Не дека во град истиот тој не може да успее, може али не знае. Само не знам што уште бара во град, дали за престиж или да каже, еве живеам во град..
Да се вратиме на темата, три деца може да се обезбедат, прво сите ќе работат за обезбедување на едното, па за второто па за третото(ако сите се машки), а ако има девојче е поевтино. Како и да е, не сакам ништо да те разубедувам, ти веќе си имаш зврсто мислење за тие работи. Само едно знај(сите да знаат) не може некој да се прави патриот, да збори за Македонија, за историја итн, а да не остави пород. Нема право на тоа. Од мене толку.
 
И што сега според тебе ајде сите да се вратиме во селата и да живееме исто како што живееле нашите прадедовци ?!
Работите не идат така, работите одат секогаш нанапред, а не наназад ............. точно во Скопјево 90% се доселеници, на пр. моите баби и дедовци се доселиле во Скопјево уште пред земјотресот, тука живеат 50 и кусур години, моите родители тука пораснале, тука се образовале, тука работат и живеат цел живот, јас истотака тука сум роден, навикнат сум на градски живот, а не на селски, тука сум се образовал, тука работам ............ што би правел во село сега да се вратам, ќе пасам стока, ќе орам ниви ........... џабе ли сум живеел и сум се образовал цел живот во главен град .............. ти збориш за ретроградни работи кои се невозможни ............ на пр. дедо ми имал 3 деца(уште на тоа време), моите родители 2(јас и сестра ми), така да јас неможам да одам ретроградно на 3, туку на 1 или максимум преку сила 2, ама најверојатно на 1(машко секако) ....... со оглед на новото време, новиот систем, новиот начин на живот, модерните сфаќања и.т.н.
Не викам ни дека имам, ниту пак се жалам дека немам, просек сум во финансиски смисол ...... ама едноставно цивилизацискиот степен е тој и нема враќање назад !
 
bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Нема ништо лошо во спојувањето , знаат они што прават , кога ќе има избори , ако треба 3 авиона ќе пуштат од Швајцарија да гласаат , така секои 4 години , и еве ти сигурен градоначалник , и да се албанците под 50% реално присутни.

Секогаш има албанец да победи , ромите и другите муслимани ќе гласат за албанец.

2008
-македонци: 152 - 164 = - 12
-албанци: 84 - 54 = 30

2009
-македонци: 134 - 147 = -13
-албанци : 56 - 48 = 8

2010
-македонци: 129 - 156 = -27
-албанци: 72 - 51 = 21

Миграции , доселени - отселени

2007
македонци 33 - 66 = - 33
албанци 11 - 9 = 2

2008
македонци 26 - 73 = -47
албанци 15 - 3 = 12

2009
македонци 33 - 74 = -41
албанци 16 - 14 = 2

2010
македонци 31 - 78 = -47
албанци 10 - 5 = 5

Во општина Кичево , последни 3-4 години , 220 македонци помалку , 80 албанци повише.
Со самото тоа , веќе македонците ни во самата општина Кичево не се мнозинство , без да се приклучат уште Зајас и Осломеј.

А градоначалникот албанец.

После 30 години.

Тука ќе се задржам малце повеќе и подетално , пошто гледам упорен си.

Наталитет

Струга

2008 , родени-умрени = природен прираст
македонци: 288 - 269 = 19
албанци: 299 - 189 = 110

2009
македонци: 204 - 238 = -34
албанци: 276 - 171 = 105

2010
македонци: 273 - 248 = 25
албанци: 314 - 201 = 113

=
Сега моите дилеми се , што всушност се случува во Струга , според мене , еден дел од родените деца се пишуваат во графата македонци , а всушност не се , односно се муслимани.

Ни во најконзервативните места македонците немаат наталитет над 12 промила , а овие статистики велат дека имаат 14 промила , сосем немогуче.
Дека не е во ред , покажува и 2009та , спореди само 2008ма и 2009та , пад од 84 деца кај македонците, што се деси , да не ги фати масовна стерилност ?

Вистина дека во Струга нема 36.000 албанци со албански мајчин јазик , илјадници се албанци со мајчин јазик македонски ... а таквите изгледа при породувањата не ги запишуваат во графата албанци. Но и покрај тоа , албанците имаат повисок наталитет од македонците , дури и ако што еден дел од децата муслимани се запишани во графата македонци.

По природен пат , албанците последните 3 години ги има за 300 повише , а македонците за само 10 (иако, според мене се во минус)
-

Внатрешни миграции , од една општина кон друга:

2007 , во општина Струга , доселни - отселени :
македонци: 68 - 93 = -25
албанци: 48 - 32 = 16

2008
македонци: 50 - 86 = -36
албанци: 62 - 35 = 27

2009
македонци: 76 - 85 = -9
албанци: 45 - 37 = 8

2010
македонци: 47 - 87 = -40
албанци: 46 - 32 = 14

За 4 години , заради внатрешните миграции , од една општина кон друга , во Струга има 110 македонци помалку , односно 65 албанци повеќе.
Најчесто македонците се иселуваат кон Охрид, просечно секоја година по околу 30 семејства.

-

Основни училишта - Струга

Учебна година 2009/10

-македонци : 1784
-албанци : 3884
-турци : 337
-останати: 806 (сигурно се торбешите)

Да не рече нешто дека албанците се 25% по Струга ? А македонците вечина ? Со 1784 основци ?

Во самиот град Струга , бројот на македонците од 1994-2002 падна за 500.

1994 год.
-македонци 9433
-албанци : 4330

2002
-македонци : 8901
-албанци : 5293

Битушанце , Битуше си изчезна иако немаше ниеден албанец, а ти ми зборуваш за Струга и Кичево.

село Битуше
1961 : 581
2002: 96

Ај , поздрав , и гледај ги сите показатели , а не само првиот квартал.

* податоците се користени од публикациите на Држ.завод за статистика.

СТРУГА
Интересно како во последната деценија во Струга се раѓаат процентуално помалку Албанци од нивните 56% попишани 2002 г.

Во последната година од 650 новороденчиња во Струга, само 270 деца биле од мајки Албанки. И тоа од тие 270, barem 100 отпаѓаат само на Торбешите кои се декларирале како Албанци. Ти рече дека тоа биле “Албанци со МАКЕДОНСКИ МАЈЧИН ЈАЗИК“, па ако им е мајчин македонскиот јазик, тие можат само Македонци да бидат.

Од друга страна не ми одговори за Ромите во Струга. Кај отидоа 5000 рРоми од Струга и струшко, па да нема принови на Роми во Струга воопшто?! Или сите Роми во Струга се декларираат како Албанци?! И ако земеме дека Ромите имаат 20 промили наталитет, ете пак 100 новороденчиња од мајки Албанки со Ромско потекло:) И колку Албанци има тогаш реално во оп. Струга?! Дали едвај 15-16% во цела општина.

Во Велешта од 6000 жители, имало 34 првачиња запишани годинава, па тоа е наталитет од 5 промили во Велешта во 2006 година!!
Од каде тогаш прираст на Албанците во Струга?! Колку стотици Албанци од Струга заминуваат секоја година од Струга на печалба, а не ја пријавиле емиграцијата?! Сега и јас почнувам да се сомневам во нашава статистика.

КИЧЕВО
И јас и ти знаме дека во Осломеј нема повеќе од 2500 жители, а оп. Зајаз повеќе од 3500 жители. Овие општини имаат најмал наталитет во Македонија, околу 5 промили, а како тече времето, оваа година ќе стигнат до 3-4 промили. Зборуваш за “прираст“ од 80 Албанци во Кичево оваа деценија, а можеби 5000 Албанци од оп. Кичево емигрирале во Швајцарија. По обичај кај нас никој не се одјавува во МВР кога емигрира, па за статистика да забележи емиграција. И 30 авиона со гласачи од Швајцарија да се донесат, премалу е:)

БРОЈ НА УЧЕНИЦИ СТРУГА
Што се однесува до бројот на Албанските ученици во Струга, ние дискутиравме пред некоја година за тоа. Ако се сеќаваш, пред 3-4 години демек завршуваа по 9800, па 9600, па 9200 албански осмоодделенци и нели откако го воведоа задолжителното средно образование, едвај имаше 6000 запишани во прва година средно и тоа вклучувајќи ги и Ромите и МАК. МУС. кои се прават Албанци. Така што статистикава наша и твоја е крајно неточна. И не ми е јасно како може да има во училитата во Струга 100% (дупло повеќе) албанци ученици, а албанските родилки (вклуувајќи и некои Мак. Мус. и сите Роми) учествуваат со 40% од наталитетот во Струга. Или Македонците Мус. почнаа да се прават повторно Турци?!

БИТУШЕ
Битуше од 651 човек во 1961, сега можеби има само 50 луѓе, зошто сите се „стурије“ во Скопјево, во Ѓорче 2, во Волково, Кисела Јабука, Новоселки пат има само 100 битушки куќи...
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Пази според Дарданија во Струга имало два типа на Албанци ............. Албанци со Албански мајчин јазик и Албанци со Македонски мајчин јазик .......... :ROFLMAO: УОУ
Како може да имаш мајчин јазик Македонски, а да бидеш нешто друго по нација(Албанец, Турчин и сл.) .............. :tapp:
Врз база на што, врз база на религијата ............ нација и религија се две сосема спротивни работи ......... една нација може да вклучува граѓани од неколку најразлични религиски бекграунди ............ Христијани(Православни, Католици, Протестанти...), Муслимани(Суни..., Шија...), Атеисти, Агностици и.т.н. Македонците-Муслимани(Торбеши) не можат да бидат Албанци ако мајчин јазик им е Македонскиот, а не Албанскиот, ниту пак можат да бидат Турци, доколку мајчин јазик им е Македонскиот, а не Турскиот ........................ o_O
Албанци со мајчин јазик Македонски .......... :pos:
Тогаш јас сум Кинез со мајчин јазик Македонски ........ :LOL:
 
bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Пази според Дарданија во Струга имало два типа на Албанци ............. Албанци со Албански мајчин јазик и Албанци со Македонски мајчин јазик .......... :ROFLMAO: УОУ
:D

Има такви не само во општина Струга, туку и во Охрид, во оп. Студеничани, во оп. Чашка и во Дебар. :icon_lol: Полно Македонци муслимани од овие места се изјаснуваат како Албанци.

Во оп. Ростуше-Маврово, прави Албанци има само во Врбјани и по 5-6 старци во некои села околу Маврово, а во Требиште на 2 км од Битуше, каде се 100% Македонци, има декларирано околу 300 како Албанци во последниот попис.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
1.365
Поени од реакции
2.053

Македонија треба да води многу поголема грижа и нега спрема Македонците со исламска вероисповед.Не смееме да дозволиме поголеми поделби.Тие, иако поголемиот дел од нив се декларираат како Албанци, Турци, Арапи на нивни свадби, веселби, родендени се свири исклучиво македонска музика, оро, зборуваат исклучиво македонски јазик.Значи тие исклучиво на пописи се пишуваат поради верска линија и револт спрема останатите Македонци христијани што ги исповетуваат со Албанците.
 
bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Пелагонија е најпогодена,источна Македонија добро стои во споредба со Пелагонија.

Битола на следниот попис сигурно ќе биде трет па дури можеби и четврт град по големнина...Тетово и Куманово ќе имаат повеќе жители од Битола.

Сакам да направам една споредба:

Прираст за 2008-2009-2010 по националност:

Вкупен прираст за 2011 без податоци за националност:

Во Битола да кажеме дека албанците за 2011 имале 0 прираст додека ромите имаат во просек 100 како и минатите 3 години и доаѓаме до огромен пад кај македонското население,значително поголем од минатите години.

Исто и за Прилеп...

Природниот прираст зависи од стапката на наталитет. Со стапка на наталитет од 14-15 промили, се има 0% природен прираст. Албанците лани в Македонија (каде се декларирани дел Мак. мус. и Роми) имаа 14 промили наталитет (што дава 0% прираст), но имаа прираст оти имаа претходно висок наталитет, а со тоа и младо население. Како почна нивниот наталитет да опаѓа од 2001 г., со тековниов наталитет, во 2016-2017 ќе се соочат со 0% прираст, зошто на 15 години се чувствува падот на наталитетот, а дури после ќе 2020 и тие ќе имаат негативен прираст.

Еве ги статистичките резултати од последниот квартал од 2011 г. http://www.stat.gov.mk/pdf/2012/2.1.12.01.pdf Наталитетот во западна Македонија, вклучувајки го и Тетово, има скоро иста стапка на наталитет како и македонските општини. Само Арачиново, Сарај, Студеничани и Чаир лани имале стапка на наталитет повисока од 15 промили.

За 2-3 децении, Македонија ќе има 60% Македонци и 29% Албанци и со сегашниот тренд на наталитет на етничкиве заедници, овој процентуален однос ќе се забетонира, со исклучок на раст на ромската популација.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.881
СТРУГА
Интересно како во последната деценија во Струга се раѓаат процентуално помалку Албанци од нивните 56% попишани 2002 г.
Затоа што тие што на пописите се попишуваа албанци , ги препишале во графата ОСТАНАТИ , како и МАКЕДОНЦИ.

Во последната година од 650 новороденчиња во Струга, само 270 деца биле од мајки Албанки. И тоа од тие 270, barem 100 отпаѓаат само на Торбешите кои се декларирале како Албанци. Ти рече дека тоа биле “Албанци со МАКЕДОНСКИ МАЈЧИН ЈАЗИК“, па ако им е мајчин македонскиот јазик, тие можат само Македонци да бидат.
Брееј мајката , од 270 , 100 биле торбеши.

Според тебе во Струга се раѓаат речиси 300 торбеши , пошто 100 се кај албанците , 100 кај македонците и 90 се евидентирани како ОСТАНАТИ , и еден дел како турци.

Наталитет 35 промила ?

Ако им е мајчин јазик македонски , не значи дека не се албанци .... има и роми кои зборуваат македонски , но роми се.

Еее?

Од друга страна не ми одговори за Ромите во Струга. Кај отидоа 5000 рРоми од Струга и струшко, па да нема принови на Роми во Струга воопшто?! Или сите Роми во Струга се декларираат како Албанци?! И ако земеме дека Ромите имаат 20 промили наталитет, ете пак 100 новороденчиња од мајки Албанки со Ромско потекло:) И колку Албанци има тогаш реално во оп. Струга?! Дали едвај 15-16% во цела општина.
Полуде битшанецот.

5000 роми во Струга :tapp: . кај сте бе стружани да му објасните на дечкото.

Од 170 , одзема уште 100 кои се роми ... и испаѓа дека во цела општина Струга се раѓаат само 70 албанци.

Во Велешта од 6000 жители, имало 34 првачиња запишани годинава, па тоа е наталитет од 5 промили во Велешта во 2006 година!!
Од каде тогаш прираст на Албанците во Струга?! Колку стотици Албанци од Струга заминуваат секоја година од Струга на печалба, а не ја пријавиле емиграцијата?! Сега и јас почнувам да се сомневам во нашава статистика.
Велешта е познато печалбарско село , но не се сите струшки села исти.

Во Делогожда (ОУ Нури Мазари) прво оделение се запишани 66 ученици.

Во Радолишта (ОУ Ашим Агуши) , запишани 65.

Татеши (ОУ Орхан Џемаили) , 25

И други села , Корошишта , Калишта , самиот град , Лабуништа (таму веќе 80% се чуствуваат албанци, на училиштата најмногу ученици албански учат)

КИЧЕВО
И јас и ти знаме дека во Осломеј нема повеќе од 2500 жители
Не јас не знам дека има 2500 жители. И не е точно дека има толку.
Зарем имаат наталитет од 21 промил?

На последните избори во Осломеј имаше 3800 гласови.
Твоите 2500 !

Ти не го разбираш падот на наталитетот во овие општини.
Падот е поради тоа што онаа плодно население од кое се очекува да раѓаат , заминуваат во странство , но генерациите под 20 години , и над 35 години , ги имаш по селата.
И доколку запре процесот на иселување , одма ќе се среди и наталитетот.

, а оп. Зајаз повеќе од 3500 жители.
4500 гласови.

21 промил наталитет според тебе ?

Овие општини имаат најмал наталитет во Македонија, околу 5 промили, а како тече времето, оваа година ќе стигнат до 3-4 промили. Зборуваш за “прираст“ од 80 Албанци во Кичево оваа деценија, а можеби 5000 Албанци од оп. Кичево емигрирале во Швајцарија. По обичај кај нас никој не се одјавува во МВР кога емигрира, па за статистика да забележи емиграција. И 30 авиона со гласачи од Швајцарија да се донесат, премалу е:)
На последните избори , македонските партии , со се ромските , влашките , турските , торбешките партии , во Кичево добија 13.000 гласови.
Албанските партии 12.000 гласови.

Доволно е турците да гласат за Мустафа Ќемали , и работата е решена без авиони.

БРОЈ НА УЧЕНИЦИ СТРУГА
Што се однесува до бројот на Албанските ученици во Струга, ние дискутиравме пред некоја година за тоа. Ако се сеќаваш, пред 3-4 години демек завршуваа по 9800, па 9600, па 9200 албански осмоодделенци и нели откако го воведоа задолжителното средно образование, едвај имаше 6000 запишани во прва година средно и тоа вклучувајќи ги и Ромите и МАК. МУС. кои се прават Албанци.
Кај најде и ти со мене да се препокујеш за вакви теми , цела енциклопедии со статистики си употребувам бе дечко , немој со мене вака така:

Учебна година 2009/10 (не знам дали беше задолжително)

7.842 запишани средношколци на албански јазик прва година.

Забелешка: Во градови каде албанците се малцинство , учат на македонски јазик. Во општина Чаир во неколку средни училишта албанците учат на македонски , заради недозволување на албански паралелки.
Во Скопје , во неколку поретки насоки , албанци учат на македонски.

Те ти !

Така што статистикава наша и твоја е крајно неточна. И не ми е јасно како може да има во училитата во Струга 100% (дупло повеќе) албанци ученици, а албанските родилки (вклуувајќи и некои Мак. Мус. и сите Роми) учествуваат со 40% од наталитетот во Струга. Или Македонците Мус. почнаа да се прават повторно Турци?!
Јас им верувам , барем едно 90% , на статистикиве.

БИТУШЕ
Битуше од 651 човек во 1961, сега можеби има само 50 луѓе, зошто сите се „стурије“ во Скопјево, во Ѓорче 2, во Волково, Кисела Јабука, Новоселки пат има само 100 битушки куќи...
Де бре , опусте Битуше , опусте Ѓорче.
Цела македонска младина се собира во Скопје , и пак наталитетот околу 10 промила.
 
Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.387
И белата мечка е во загрозен вид, и белиот тигар, и некои врсти на егзотични птици.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Албанци со мајчин јазик Македонски ..................... :confused::LOL:

П.С. Јазикот(мајчиниот) ја одредува припадноста кон некоја нација, а не религијата и.т.н. Основен белег на една нација е нејзиниот јазик, а религијата најмалку ......... нација и религија се одделни поими, единствено овдека на Балканот овие два поима(нација и религија) се врзуваат во едно на пр. Македонци-Муслимани(Торбеши), Срби/Хрвати/Црногорци-Муслимани(Бошњаци), Бугари-Муслимани(Помаци) ....... тотално погрешна работа ............... Албанец е тој што е Албанец, мајчин јазик му е Албанскиот, се осеќа како Албанец ......... исто и Турчин, мајчин јазик му е Турскиот, се осеќа како Турчин ......... али ајт ! :tapp:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom